Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. missB

    missB Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    22
    Здраво девојки, мојот проблем е малку надвор од темава меѓутоа мислам ќе можете вие да ми помогнете на неодговорените прашања. Пред 7 дена имав операција од миом на матката- отстранет е, а операцијата е со класицен рез - како царски рез. Сакав да прашам бидејќи деновиве поцнав да чуствувам мала болка на стомакот над раната, мислам дека е во мускумите - дали е тоа нормално ?!??!? имам чуство на воспалени мускули а и стомакот ми е малку тврд ама тоа мислам е во врска со прзнењето на цревата.

    Благодарам :)
     
  2. di-ni

    di-ni Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo missB jas sum nova na forumot sakav da ti kazam da ne se sekiras jas pred 2 god ja pravev taa operacija i toa sto go osekas e rezultat na praznenjeto na crevata i nemoj so nagli dvizenja i od toa boli
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Имавте ли мнооогу гасови после царскиот?Од 12 жени во соба 6 бевме царски и незнам како не поднесуваа другите мамички |( ги пуцавме од сите страни :smoke:
    Неконтролирано е :D ја прашав сестрата незгодно ми е што да правам ми вика па прди си природа е тоа треба време цревата да ти се вратат у нормала :wasntme:
     
    На Samer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    лично јас немав после царскиот но додека бев бремена бев како фабрика за засмрдувачки гасови немаше престан хахаха звучи грозно но тоа е реално 8)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас два дена после царскиот имав чувство дека трактор имам во стомак, но никако неможев да испуштам гасови. А бога ми ни дома.
    А за здраво , дефинитивно здраво е, од ќерка ми научив дека прдењето и ждригањето се наздрави работи :lol:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас сега сум таква :lol: ај после може нема :D

    Ме изнасмеја :rofl: :rofl: :rofl: и јас од син ми научив мноооогу работи :lol:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    На моја пријателка и дојде одма млекото. Изгледа кај секого е различно.
    Ако добро прочитав ти си сега скоро породена.. и ако не ти е проблем.. молим те напиши во некоја тема како си породена со царски рез или природно? Фала многу.

    Јас сум за царски рез. Да, знам дека многу жени не го оправдуваат.. ама верувајте не секоја жена може да го издржи тој пороѓај. Јас не можам. Јас не можев ниту болка од менструација да издржам а не па пороѓај, на секоја менструација 2-3 пати се онесвестував од болка, притисокот ми паѓаше ненормално. Секојден од како сум останата бремена мислам само на тоа.. преокупирана сум. Затоа и ќе одам на царски рез. Некои викаат дека не за џабе го викаат царски рез... :)

    Опоравувањето е различно кај секоја жена. Истата пријателка за која пишував погоре во постот... имаше болки две недели на раната ( жената иначе има 38 години ).. што е нормално бидејќи е операција. Не поминаа ниту 5 месеци пак остана трудна. За сите кои не знаат.... а прочитав некој имаше напишано дека ако се породиш со царски морало после 2 години да останиш трудна.. еве не мора пример е оваа мојата пријателка....

    Единствено што не можиш доколку првиот пат се породиш со царски рез, е да се породиш природно следната бременост.. бидејќи има опасност од пукање на матката.

    Ајде бидејќи толку сте се запнале за тоа природното .. да видите дека и тоа не е нешто што мајка природа го одредила баш така и дека не е толку едноставно како што викате. Две мои други пријателки се породија лани.. едната во Јануари, другата во Јуни. Двете инсистираа да се породат природно и тоа исклучиво во државна болница.

    Таа што се породи во Јануари........... толку искрварила при раѓањето едвај ја спасиле.. месец и пол седеше на болница под 24 часовен надзор од лекари, откако се породи на семејството им беше кажано дека не знаат дали ќе ја спасат. Зошто искрварила??? Морало да ја сечат при раѓањето... најверојатно докторот пресекол нешто што не треба или погодил нешто не знам.... таа моментално ја тужи болницата и бара оштета..
    Другата што се породи во Јуни........ лекарите не виделе дека девојчето е заплеткано со папочната врвца три пати околу вратот.... ја сечеле 6 пати ( зошто не знам, ама таа кажува дека плачела од болка додека го правеле тоа глупо сечење ) кога го извадиле бебето... тоа било модро... таа од што се преплашила кога го видела го изгубила млекото и не ја доееше ќерка си ниту една минута.. девојчето после раѓањето беше итно пренесено во Скопје... каде што беше задржана 2 месеци на болница. Морало да ја однесат во Скопје бидејќи никако не можела да си ја поврати нормалната боја на кожата.. била модра повеќе од 2 часа.. имаат среќа што стигнало доволно количество кислород во мозок, зашто не дај Боже можеше да е ретардирано.

    И двете викаат дека ја направиле најголемата грешка во животот што се породиле природно.
    Сега таа што роди е повторно трудна..... и одсега кажува дека ќе се пораѓа со царски рез.

    Муабетот што ми беше....... ако сака некој да се пораѓа со царски рез.. тоа е негово право.. ама немојте да пишувате како е опасно, болно, мачно итн..... така сака, така нека прави.. Еве како мене... Мене нема жива сила што можи да ме предомисли да се пораѓам природно... читам се што пишувате, ама тоа не допира до мене..... можеби до некој ќе допри.. затоа не пишувајте свашта... има стручни лица кои многу убаво објаснуваат зошто е подобро природно, зошто царски итн...

    Сега претерав со постов.. ама морав. :)
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    te podrzuvam 100 posto The Ekaterina eve ja veke brkam vrski za carski i ke si podplatam ama carski ke odam tvoeto mislenje ko jas da sun go pisala i navistina dosta e od losite prikazni za carski nase pravo e koj kako saka pozz
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Е сега да се надоврзам и појаснам. Не смееш да останиш две години, односно колку можеш подолго бремена за внатрешно матката да зарасне, и да не дојде до тоа пукање.
    А инаку можеш после царски да се породиш природно, милион посто сигурно, но нормално да не ево брзо време.
    Инаку ако брзо останеш после царски бремена, не само од пораѓајот, туку и од самото повторно ширење на матката може да дојде до пукање. Сепак треба да се има на ум дека матката е сечена.
     
    На SimonaTino и AIT им се допаѓа ова.
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас се породив со царски пред две години,претходно пробуваа природно да ме породат ама неуспешно,пола саат на бокс ме измачуваа и на крај кога бебето почна да губи срцеви тонови се решија за царски,било замотано со папочната врвка околу вратот и надолу кај рачето...среќа што бев 9 прсти отворена и не ме искасапиле "доле" :)
    Нареден пат кога ке се пораѓам пак би се одлучила за царски,после тоа потешко е,раната боли,млекото доаѓа после неколку дена,треба многу пазење да не се инфицира раната,ама пак да ти направат триста компликации не дај боже да умреш и тоа не иде...и викаат кога ја чистат постелката многу болело а недај боже на една пријателка и заборавила внатре газа за малку ке добиела сепса...
     
  11. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Да, ама како што кажав таа има 38 години.... беше долго време во врска.. остана трудна па направија свадба.. мислам дека ако не останеше трудна немаше никогаш да се земат. Затоа таа.. заради годините едното уште го дое а веќе е бремена во друго.. едното има пет месеци а бремена е веќе два месеци во другото... за неа е опасно да се породи природно.... уште не е опоравена а веќе треба пак да раѓа. А бе не знам што да кажам веќе.... на сите само да им е со лес породувањето и опоравувањето... да нема компликации и проблеми после тоа..

    А вики90, да ти кажам искрено мене и од таа сепса ми е најмногу страв, затоа и се решив за приватна болница. Кога ќе ми текне само колку жени умреа во последните 2-3 години ширум низ Македонија од таа сепса.. си викам упм се!
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Незнам, според мене е лудост после царски за три месеца повторно да се остане бремена. САмата бременост е психичко малтретирање, а камоли пораѓајот, па и заздравувањето. ОВа практично си го ризикува животот.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Богами и јас се сложувам дека е лудост 3 месеци после царски пак бремена. Јас се породив царски и тоа на свое барање, бев ризичен случај со тромбоцитопенија, па исто ќе беше и вака и природно ако не дај боже имаше последици.
    Незнам што да кажам за царски, јас барав, сакав, операција е..Многу боли раната, неспособен си за ништо првите неколку дена...Природно породени трудници веднаш стануваат...Мислам никако не е лесно, но тоа златното бебе кога ќе го видиш вреди секоја болка, дали природно, дали царски...
     
    На Divinebutterfly и SimonaTino им се допаѓа ова.
  14. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    и јас си решив царски и не се предомислувам за ништо цела бременост се нешто ми се случува и не можам на сето тоа да трпам и природен пораѓај,можеби со царскиот болките се потоа но тоа е веќе решив ;)
     
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Тоа е.Стравот е голем!
    Царски...не го сметам за избор...царски е да не се мачи бебето да се роди царот а не за жената...
    Затоа се вика царски а треба да се врши ако навистина има потреба.
    Не знаете со првото колку сакав природен пораѓај,бев 39 недела спремна да раѓам,одам на цтг на петок 13 ми кажуваат царски,неможете да замислите колку се разочарав...И ме држеше долго тоа чувство.Знаете како размислувам се што е природно е нормално,а кога ми кажаа царски си помислив ете нешто не е во ред со бебето па мора да го вадат хитно...Несакав да родам на петок 13,па оставивме за понеделник 16 ;)
    Сега пак бремена си замислувам еве сега природно ќе биде и...карлично е овој пат ама се тешам дека има време...тоа е...некој плаче за природно,а за болки има епидурална и нема да осетиш дека си родила...
     
    На Divinebutterfly и Dzevelekova им се допаѓа ова.
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас имам само два конци од царскиот по еден на двата краеви а шиена сум била ласерски, е сега ме интересира дали сами ке паднат или треба да одам да ми ги извадат?? никој не ми кажа ништо :?:
     
  17. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    сами ке си паднат не се плаши сами ке си излезат нема ни да забележиш позз
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    аха значи така, фала многу :*
     
  19. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И немој да се плашиш или да ги чепкаш ако не паднат за месец дена јас ги имав скоро два месеци,ме боцкаа од време на време па ги сецнав краевите со ножички и ми олесни,а кога паднаа ни сама незнам
     
  20. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Мене пак кога појдов на контрола кај докторот што ме оперираше, една недела откако излегов од болница тој ми го сецна кончето од едната страна и после ни јас не знам кога ми паднаа.