Во чаир во два на пладне ме оперираа, некаде вечерта ме станаа да одам до чешма да се измијам. И стварно , првото станување е најтешко, после се е полесно.
И јас дента се породив,сабајлето после визита ми го извадија катетерот,ми помогнаа да,се облечам и го имав првото станување.
Јас станав после неколку часа во Чаир. Исто и другите три женички што беа со мене во шок соба. Од тоа станување по неколку часа станавме пак. До чешма да се измиеме и назад тие два пати. А утредента станував многу често. Ни рекоа за побрзо да се навикнеме на болката.
Јас ќе морам царски за пораѓај па ме интересира за на Гак како треба да се најави таму дека имам потреба од царски. Дали матичниот треба во упатот да ми пише или кога ќе дојде денот да им кажам.
Барај си доктор и договори со него зашто не иде баш така има секакви доктори зависно кој ќе ти се погоди ако имаш прочина за царски да не смета он декА тоа не е причина
За упат секој ке ти даде ама знаеш какви се секој е поголем доктор од секој мислам дека кој ке се погоди на смена ако е некој терсене ке го изруга матичниот гинеколог сепак ако имаш предиспозоции за царски мислам да не оставаш на случајност и да најдеш доктор зашто на гак ставаат провокации на претходен царски, пораѓаат природно карлично поставени деца, ставаат вагиналети и незнам колку по ред провокации...треба да се има граница што е безбедно и по процедура и до кај треба да се оди мене искрено ми е страв да идам таму затоа одам во Чаир
Спинaлнaтa те бoцкaт вo рбетoт и си свеснa рaзбуденa,знaчи тие си сечaт тaму a ти не oсеќaш бoлкa ќе ти стaвaт зaвесa пред тебе зa дa не гледaш.Целoснa е целoснa успaнa си скрoз
Јaс незнaм кaкo е пoдoбрo oти тек вo Нoември сум зa рaѓaње и oдлученa сум зa прирoднo и спoред мене нaјдoбрo е прирoднo дa се пoрoдиш, нo кoгa веќе мoрa цaрски спинaлнaтa си велaм декa пoдoбрa е.
Мене ми е страв со спинална дека е во кичмата ... А и јас имам проблем со изротирани пршлени и заради тоа сум со царски
Реално подбро е со спинална. Сепак си буден и од анестезијата ти се опфатени само нервите од кичмата надолу. Со целосна е опфатен и мозокот. Но реално нема правила. Најубавото нешто што е со спинална е што си свесен, буден и спремен да си го видиш бебето само што ќе го извадат.
Сакав некој ако е поинформиран за негативностите и последиците од едната и од другата и која се препорачува, тие што сте се пораѓале во приватниве болници сигурно вие повеќе објаснето за овие две анестезии
Ја можам да кажам дека спинална е за јаки психички луѓе мене ми беше тоа голма траума што сум свесна на операција,прв пат под нож што се вика не сум одела по доктори фала богу не сум правела операции.....најубаво е тоа што ќе.го видиш бебето, меѓутоа јас после имав многу болки во рбет глава рамена неможев да си ја држам главата шо се вика.....единствено што знам за таа анестезија е дека има нус последици, и незнаеа да ми кажат колку ќе траат тие болки месец два три е сеа кај мене завршија брзо, друга последица е губење свест(ваљда паѓање на притисок) резултат од анестезијата-мене тоа не ми се случи ама знам на други им се случи.мене ми се слоши на операцијата повраќав така на операционата маса во лежечка положба од што незнам и тука одеднаш ми шибнаа инекции веќе немаше место кај да боцнат и знам дека цело време се осеќав како да неможам да земам воздух,може е тоа нормално ама пак ќе кажам прво соочување со анестезија, притисокот 180 пред да седнам да ми ја стават анестезијата, се се заврши добро ама уште еднаш не би ја примала дефинитивно. А појака е бидејќи тие со спинална требаше да пиеме дупло повеќе течности од тие со целосна. П.с. што е работата со храна и вода да не се внесува пред операцијата?нели има случаи коа се иде на итен царски кога веќе имаат јадено или пиено течности?
Искренo дo тoлку не знaм и не мoжaм дa кaжaм, ги знaм сaмo oвие две генерaлни рaзлики другите феминки се пoупaтени ќе ти пишaт.
Јас пред две години сум царски оперирана со целосна. Што е подобро не сум стручна да кажам. Јас поминав многу ок и пак би исто. Мислам би ми било преголема траума да сум свесна на операцијата. Во секој случај секогаш може да тргне на лошо, со било каква да си анестезија. Не се оптовсрувај. Јас не знаев, ниту прашав како ке бидам оперирана. Тек кога легнав на операција разбрав.