Затоа и се почудив зошто и ставиле општа ако се било ок со плацентата. Ми немаше смисла да се даде општа само за една епизиотомија.
Мене ми пoпушти мaлку спинaлнaтa и скoрo се oсеќaв дoдекa ме шиејa aмa не беше ептен бoлнo , и дa беше ќе стискaв oд пусти стрaв дa не ми бaпнaт целoснa
Матичниот гинеколог ме убедуваше со месеци дека мора царски пораѓај имам миопија и изротирани пршлени вели несмеат да се двоумат на болница мора царски можи да дојди до губење на видот од напонот и др компчикации заради кичмата...На болница на цтг бев и докторката што беше вели нема врска не треба царски и сега нз на кој да му верувам а и ми е страв сега тие нема да сакаат царски да ме породат а што ако несмеј вистина природно.Се извинувам за долгиов пост но дали некоја има искувство слично?
Ќе мора да вадам потврди од и од ортопед и од очен.. Се надевам ќе издржи бебчето до тогаш ќе барам приоритетен упат.
Најдобро зашо голем ризик е природно и јас нејќам царски ама тоа е. Господ нека ни даде на сите лесен пораѓај
Јас се породив со целосна анестезија и мислам подобра е. Лично не сакам ни да слишам ни ништо додека трае операцијата. Сакам да се разбудам сите насмеани и среќни околу мене и да ми го покажат бебушот. Во скопје претежно одат со спинална анестезија, мислам не можеш да бираш дали ваква или таква, освен ако има некои други пропратни здраствени последици. Нема кај да бега бебето Со тебе ќе биде. Дали веднаш или после половина час не игра улога.
Не е страшно ништо се е до психа. Штом имаш фобии од операцијава побарај со целосна анестезија, за 1 час ќе се гушнеш со бебчо. Мене во 6 навечер ми беше закажан царскиот, утрото си отидовме со ММ во црква па на доручек-ручек во кафана, во кафич на по едно кафе и дома. 4 часа претходно не смеев ни да јадам ни вода да пијам поради анестезијата. Се беше ок. Само психата е лоша работа.
Така е кај сите господ нека клава рака нека помага.... Кога имаш ти закажано за пораѓај? Не то правеа проблем тебе докторите за природно да бидиш?
Јас би ти препорачала да разговараш со докторката и да договориш царски ....сепак не оставај на случајност...земи потребна документација приложи и царскиот е пак мислам дека на одговорност на пациентот за џабе не не тераат да шкртнеме потпис таму ....е сеа некои болници подржуваат некои не....некаде може да бираш некаде они како тераат.со лесно
Рано ми е уште немам закажано 26 недела сум ама другата недела ќе одам да земам потврда од офталмолог и ќе одам на гак да се видам со кој доктор ќе ме следи уште сега за до крај да си бидам сигурна и да видам ако може некои врски да си фатам на време
@fana воопшто не е исто она што го читаме и слушаме споредено со тоа кога си во болница. Во болница е поубаво. Едноставно можеби некој дел од мозокот одговорен за страв, нервоза, стрес таму е исклучен. Јас кога читав клизми, катетри, киретажи се тресев цела, ама таму се беше поинаку на лице место. Надминав термин и кога ми кажаа дека на крај може ќе мора царски се изнагледав видеа на јутјуб да видам како се одвива тој царски. И да се плашиш од операцијата за џабе ќе е.
@iki26 па и со спинална дури трае пороѓајот сите се насмеани и нормални докторите како природен пораѓај да е. Мене докторката ми зборуваше за стомакот дека немам стрии, а меѓу себе си шептеа како што кажав за процедурата. Не е ништо страшно со спинална, ниту се гледа нешто од прекривката меѓу нив и мајката што ја исправаат.