Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.403
    Допаѓања:
    113.368
    Пол:
    Женски
    ;( мене сегa ми е стрaв мнoгу, aмa тaму нa лице местo не верувaм декa ќе имaм местo вo мoзoкoт зa стрaв @gjoker4e
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ништо не беше страшно кого ме спремаа за операција, освен катетерот што е малку непријатен. Ама моментот во сала кога ми рекоа соблечија спавачата и легни ми беше нај нај зини земјо лапниме :bandit:. Тоа 10 души во сала, секој некој подготовка си тера, а јас стојам угол гола сред нив со раширени нозе (facepalm) срека што ме успаа одма, да не кркам срам. :rofl::rofl:.
    А штом се освестив во шок соба за 10 мин ми го донесоа бебето и ми дадоа информации за него. Тоа беше попладне, сабајлето веке ме префрлија на оделение и нон стоп ми го носеа.
     
    На eli25, tincemajmunce, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Може,не викам не. Само јас лично не сакав спинална, не сакав ништо ни да слушам ни да гледам, подобро ми беше со целосна анестезија.
     
  4. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Здравје ако почека бебчево да си извадам извештаи па да бидам рајат
     
    На janickaskopje му/ѝ се допаѓа ова.
  5. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Јас двапати сум оперирана од миоми,рез и заздравување исто како царски со целосна анестезија.Целосна анестезија примив и при пункција за двете инвитра и по будењето многу убаво се чувствував и многу убаво,свежо и наспано изгледав.Се смеев со анестезиолозите додека спијам да не ме оговараат.Сега ќе морам царски и исто сакам со целосна,со разлика место извештај за тумори ке видам бебе.За спинална воопшто немам верба во стручноста и се плашам од повреди на кичмата и страв ми е ако не гледам,ќе чувствувам дека нешто ми прават а неможам да гледам а сакам.
     
    На TheSecret, eli25, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Мене со спинална ми правеа хистероскопија, се тресев и плачев повеќе од страв.. језиво ми беше кога ми ја ставија во грбот. Знам дека се тресев и од ладно, а малку и гадење имав после тоа, мислам само еднаш повратив.
    А целосна имам примено на двете ин витра, свежа се будев.
    Ама мислам дека спинална ќе ми стават на пораѓај, кога ќе дојде до тоа.
     
    На Talesia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Исто...позитивно искуство со спинална....бев со намера за целосна, ама анестезиологот ме убеди дека е подобро со спинална и цело време беше покрај мене смирено ми зборуваше што се случува и што ќе осетам во моментот, па така и јас се чувствував посмирена...+ веднаш си го видов и бакнав бебчето. Докторите си се смееа и си правеа муабети. Бебето за 4-5мин. беше надвор..останатото време мене ме средуваа...битно се брзо се заврши. Единствено инфузиите ме намачија.
     
    На karibian и kristina.k им се допаѓа ова.
  8. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    @kukla... читај колку да си информирана пошто здравството ни е такво што мора да знаеш скоро па се не постојат исти породилни приказни, секој со своето со лесно ☺
     
    На fina erika, Kaetana и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Кукла, кога бев трудна до породувањето и јас се паничев, си мислев кога ќе дојде денот да раѓам дека ќе се мрднам од страв. Исчитав се на форумов.. сите породилни приказни, читав на нет процедури, начини на породување... демек да сум информирана што ќе ми се случува. Убаво ми беше што докторот што ми ја водеше бременоста беше тој што ме породуваше. Со него имавме и план, ми објасни за ситуациите како ќе правиме, ми објасни и за царски... ама тој муабет беше веќе на крај - 36 недела. А на крајот веќе ми беше толку тешко што и сакав да се породам.
    Мислам дека и хормоните ќе помогнат во тие моменти - кога ќе дојде време, окситоцинот кој прави контракции сепак прави мајката да може да се соочи со моментот. Така да.. тоа е. Башка.. една докторка кога ме гледаше убаво рече - како и да е - од горе или долу - мора да излезе..

    Кај мене имаше музика, докторот си потпевнуваше, една сестра ме муабетеше.. ме прашуваше како ќе се вика бебето... ми кажуваше работи од типот - леле за брзо ќе си се гушнете... така некако ми направија атмосфера и се чувствував толку смирено и пријатно.. меѓу нив не ни правеа нешто посебно муабет, верувам дека се толку уходани што со погледи се разбираат.

    Најважно е да му веруваш на докторот што те оперира. Имам пишувано дека мојот доктор ме знае од бебе. И тој се пресекол за момент дека мене треба да ме оперира. Ама затоа знаев дека сум во најдобри раце. Тоа и те како има врска за смиреноста во текот на операцијата. Цело време на некој интррвал ме прашуваше како сум.. ми кажуваше дека се е супер. А над мене уште кога легнав имаше анестезиолог кој цело време гледаше во мониторите и ме муабетеше. Дури и му реков - а ти си задолжен да ми го тргаш вниманието за да не ми е страв... ? Се изнасмеавме.
    Сестрата излезе да го бара маж ми за да му земе телефон да ја сликала првата средба... значи преопуштено беше.

    Затоа спинална или целосна - зависи сепак од вас. Имав другарка на која не и објасниле со спинална дека се осеќаат допирите... и им кревала паника дека се ги осеќа што прават.. па после спиналната си заработи и целосна.

    Катетерот ми го ставија кога бев под анестезија и сериозно не е фер да ставаат катетер а после 5 мин. анестезија.

    Туку на муабетот со голотија.. влегувам во делот кај салите.. и ај скроз да се соблечам. Само папучки ми дадоа.. и така голгаз, цицки, мевови... во сала слушам муабет - "дали е ова мојата комшика или се лажам"... и се вртам - ја гледам комшиката од приземје. Се насмеав и ја поздравив жената, но да можев секундарно ќе се покриев со нешто.. ептен некако се усрамив..


    Да го сумирам заклучокот - какво и да е породувањето - мора да се случи. Најдете го начинот кој ќе ве соочи со тоа, и ќе ви овозможи да сте што посмирени. Затоа што смирени или не - тоа е тоа. Бебето мора да излезе. :)
     
    На do-re-mi, Sara.C, mariz и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Јас бев со приоритетен очно и на ортооед за потврда за царски ама не ми дадоја можело природно ми рекоја ... И сега убедувана со месеци дека мора царски излезе природно туку како што треба само во ред се да биди
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    На другарка на моја блиска личност исто така и' било кажано дека треба царски да се породи оти носила леќи, ама на крај природно биднало и се добро испаднало.
     
    На karibian и Dzulija* им се допаѓа ова.
  12. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    На сите госпо нека ни помага тој ќе си ја нареди
     
    На manako1, karibian и forumce им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    После 40тиот ден породена со царски престанав да крварам но имам жолт исцедок кој непријатно мириса. Што може да е
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.300
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Беше на контрола после раѓање? Бактерија да не е... имав и јас жолто кафено но не толку време...
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Не сум била но ќе морам со бебето во транспортер бидејќи скоро цело време цица не можам да го оставам. Само неколку дена имам. Денеска еве уште не. И тие конци од матката ми немаат паднато или ги немам видено не знам.
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.300
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Обавезно оди чим до сега не си била... со некој заедно бебе во кола ке те почека, ке кажеш на матичната дека си за итно и дека бебенце мало имаш во кола да те прими побрзо.. или оди приватно некаде каде не би чекала.. ако сакаш ке ти дадам препорака за една докторка добра, приватна е и нема гужви (кога и да сум била нема никој во чекалните, или одма влагам или имало некој пред мене, но малку сум чекала), постара женичка е :)
     
  17. Kika(1)

    Kika(1) Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Јас пред да направи малиот еден месец ми престана крварењето и немав и после10 дена добив менструација ама не толку обилна како пред бременост мислев дека е рано ама ме болше стомакот и знаев дека е менструација
    Сакав да прашам колку време после царски рез може да депилирам интима
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас крварев повеке од два месеци после царскиот. И чистењето оди така, прво крвта е светла, па потемна, па кафеав исцедок, па посветол, на крај жолт. Ова што викаш дека непријатно мириса провери си. Иако мене цело време ми беше бљак. Сепак мораш да одиш на контрола или кај матичен или каде што си се породила. Јас бев уште првата недела ради други причини, па ме гледаше на ехо да види да не ми заборавиле нешто внатре. Бев со бебето, па сестра ми го чуваше во кола, а мм влезе со мене, зошто бев анемична едвај стоев. Инаку ни мене не ми испаднаа внатрешни конци, појма немам, ваљда ке ги видев :?: или не ги видов. А немав ни надворешно конци.
     
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Раната е лепена и внатрешно и надворешно без конци така да бидете без грижа за раната
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Бојаџиев објаснуваше како не постои ЛЕПЕЊЕ туку тоа е шиење со посебен тип на игла и разградувачки (ресорбирачки) конец. Како и да е, изгледа како лепено и конецот се ресорбира. нема потреба од страв.