Искрено појма немам, никогаш не се ни заитересирав како оди тоа. Имав проблем со друго, а раната уште во болница ми беше супер, плус скоро секоја недела одев кај матичната,па и она потврди дека е одлична. И затоа не можам да кажам како ми била шиена раната.
Tака кажа тој. Јас сум шиена, не сум лепена. Резот е минимален и изгледа како лепен. Конци не ми се вадени.
Двапати се пораѓав царски,првиот пат со целосна анестезија,вториот спинална. И ден денес,иако се поминати 10 години од последното породување со спинална,на секоја промена на време(ова како старите што викаат,ме врти коленото,ќе врне)имав главоболки,болки во грбот и ме боли резот но од внаттешната страна,надворешниот кога се допрам како отрпнато не го чувствувам..Жени,мајки.... Мене после 3 ден ме стануваа,анемична сум,но вториот пат бев катастрофа,и сестрата кога ме дигна одненадеш ми се слоши и се онесвестив.Ужас Ете помина но темата ме потсети. Имам две сонца мајкиниза нив вреде се.Идни мајки,не зе базирајте многу на искуства. Во соба со мене имаше 5 женички царски со спинална што беа породени и никаков проблем немаа,јадеа,пиеја,а јас бев, Со лесно на сите и со добра мисла
А тие што имаат два царски,на исто место ли сте сечени како првото или има два реза,најверојатно пак царсли треба да се породам па ме интересира, и уште нешто дали имавте повеќе болки вториот пат.
Таа што лежеше со мене беше на исто место сечена. Другарка моја два реза имаше. Вајда зависи каде се пораѓаш, секој доктор со своја теорија и пракса си оди. Таа што лежеше со мене викаше повеќе ја боли овој пат, но искрено зашто плачеше и на обично вадење крв, ич не ми беше веродостојна. За се нешто офкаше. Мене искрено не ми е логично зошто би болело повеќе. Рез е рез. А прв а втор пат. Се научив да не слушам се и свашта зашто сите велеа-леле колку е тешко после рез да станеш господ ќе го видиш и сл. Станав ко пушка исправена од прва. Да, ме печеше ама не корнеше како што велеа.
Сама ќе си одговорам,разговарав со матичниот рече на истото место ќе биде резот значи не два,е сега ќе видиме, ќе пишам искуство, а секој има различен степен на болка ,некој од малку офка некој трпи изгледа се е индивидуално.
Да. После 6 месеци не е проблем да останеш бремена иако си царски. Ретко кој доктор го вели ова, но мојот тоа ми го рече.
Абе како 6 месеци што му е на тој. Ниеден доктор никогаш не е кажал после 6 месеци од царски може повторно да остане бремена. Се случувало и тоа, ама компликациите се потешки за разлика од тоа разликата да е 2,3 години.
Ништо не му е. Ако матката заздравува како што треба, ќе заздрави за 6 месеци. Во мојот случај веќе одамна е заздравена. Плус година дена ќе помине дур влезеш во деветти. Од растегнување нема шанси да испука, повеќе станува збор ако сака природно да роди контракциите дали ќе ги поднесе матката. со оглед дека јас повторно би одела царски-може затоа така ми рекол. Докторов е врвен иначе.
Сигурно дека пак со царски ќе се породиш, затоа толку малку време ти кажал. Додуша и да не е толку кратко времето сепак повторно со царски ќе те породат. Ретко кој др.се нафаќа природно да пораѓа, после царски.
Абе приватно може совет да ти даде дека подобро е царски после царски, ама со сила не може да те натера фала богу...на свој ризик си идеш. Јас искрено не би се осудила па макар и 5 год да прошле после бременост. Али тоа е веќе друга тема..
Знам една жена која после царски немаше ни една година пак остана бремена и се породи природно. Ама тоа во странство. Докторите овде на државно се почудија малку. Не сум сретнала некоја да се породи природно после царски, зборувам за во државна болница во мојот град. Како е по приватниве не знам, само еден доктор од Ремедика, ми беше професор и паметам ни има кажано дека најдобро време за бременост после царски е 4 год.
Јас во Ремедика се пораѓав. Докторот од таму ми го кажа ова. Истиот доктор пораѓаше моја другарка пред 4-5 год и и рече после 2 год. Претпоставувам се погодило повеќе жени порано да родат и да нема проблеми па затоа вака препорачуваат на тие што немале некој проблем потежок. Ама претпоставувам. Не знам.
Зависи од состојбата на матката после царскиот, од тоа како се регенерира таа. А и од самата операција како е изведена.Кај сите жени е различно. Како и да е докторот ќе си процени најдобро.
Има ли некој што се породил природно после прв царски, ме интересираат искуства. Може ижа ваква тема ама не успеав да најдам.
Твоите ке бидат помалку од две години разлика така? Мислам дека ретко се нафаќаат да пораѓаат природно после царски, особено за кратко време. Со мене во соба имаше жена породена природно, а првото и било царски но пред 5год.
Да 20 месеци,но матичниот ми вели може природно имало само 1 до 2 посто ризик дека е сецната матката при царскиот или најпаметно да си закажам термин да не си ризикувам.