Баш вчера кога бев кај мојот гинеколог, си правевме муабет на оваа тема. Тој вака ми рече, цитирам : Незнам зошто тука за втор пораѓај ги сечат со царски кога може природно после царски. Само ако не е многу краток период, без проблем може. Е сега јас сум малку скептична, Ако помине доолго време , може ќе пробам природно, а онака пак ќе одам царски.
Мислам дека најдобро би те советувале докторите кога ке дојде време за раѓање.. ке се увиди тогаш дали би можела природно или не..
Исто како кај мене имаш шанси ако се отвараш сама природно без провокации....јас пак не се отварав иста песна пак и втор царски ама многи подобро од првиот валлјда бев спремна што ме чека
Мамички сакав да ве прашам после колку време од царскиот рез почнавте да носите појас или мидер. Раната супер ми зараснува ама стомакот се нервирам што ми е како пудинг па сакав да почнам нешто да носам за да го соберам.Инаку породена сум пред две недели.
После месец ипол барем јас го носев после месец ипол и кога го прашав докторот рече можеш после 40 дена кога ќе поминат.Само немој да претеруваш со носењето за спиење ќе го вадиш.Раната уште треба да дише еве кај мене терам 7 месеци како сум сечена уште кога ќе се пипнам кај стомакот ме боли
Зашто така те боли имаш прашано? Околу мидер мојот рече можам одма. не смета на рез, ама да си знам дека само за визуелно помага, не и за повлекување на стомакот. вајда тие појаси се подрукше.
Имам прашано вика нормално е нема ни година поминато и тоа место кај што сум сечена вика ќе го осеќаш како ти трпне и сега кога ќе се видам уште има розева линија уште не е скроз исчезната.
Ако смеам да прашам каде си породена? Зависи со каков инструмент си сечена Има разлика огромна. Има интервју на страната на ремедика баш на таа тема. Мене еве 10 месеци од пород едвај малце бледа линија имам, од 7-8 цм максимум и искрено никаква болка ни трпнење ни ништо. Се надевам што поскоро ќе ти помине.
Во болницата Чаир Искрено јас цело време комуницирам со мојот матичен гинеколог. Со докторот кој ме породи не се видовме. Пред некој ден бев на контрола кај матичен од внатрешна страна резот не се ни гледа Е сега од надвор уште не е поминато ми рече и на промена на клима ќе те боли
На промена на клима мислам дека ретко кој не го боли. Мене ме болеше првите 3-4 месеци, сега не сум осетила. Ај кога ќе смени нагло баш ќе приметам Битно внатрешно ете е заздравено, од надвор ќе биде. Може и подебела кожа имаш..
Јас мидер почнав да носам после 6 недели, ама не ми е воопшто пријатно кога го носам, иако не е многу мал број. Дали може да ми каже некој после колку време смеам да се издепилирам
Јас се издепилирав после 30 дена и Таа што ме депилираше се препоти сирота сaмо ме прашуваше како е добро е,не те боли итн итн.Се надевам ке бидеш добро.
Девојки незнам дали прашањето е за овде ако не е слободно бришете го.Во болница сум 3 ден после царски пораѓај со спинална до влера прјтисокот ми беше нормален но сношти ми бепе 140 со 90 и имав страшни главоболки примив апаурин мускулна ми спадна малку и во 6 сатот сабајлето истиот притисок 140 со 90,денеска кај 2 часот притисокот ми беше 147 со 96 и се напив метилдопа но не ми помогна за во 18 часот да имам притисок 150 со 100 исто примив апаурин и се напив метилдопа поспијав малку и притисокот сега е 140 со 85 и имам вртоглавици и ме тера на спијање и имам забележано дека кога ќе стабам од кревет одма почнива да ме боли главата и ми се крева притисокот од што можи да биди оваа ситуација девојки дајте помош
@tanja11991 јас сум цезареа правена но вакво нешто не ми се случило. Доктор те ѕирнал ли? Би било најубаво да се исконсултираш со доктор, нека проверат што е. Може да е постреакција од спиналот ако си спинал правена царски... Не би знаела како да ти помогнам. :/
Ти пред порајѓај беше со висок притисок така прашај ги докторите од што ти се крева ма да тие таму врска немат таа болница вопшто не треба да работи со тие не способни доктори
3-4 дена пред пораѓај ми се крена притисокот и сега гледаат деја е кренат и на лекарства сум постојано