Мене од царскиот рез после 3 недели ми се познава само една тенка црвена линија како да ме изгребала мачка. Пред да излезам од болница ми ги сецнаа двете чворчиња на краевите и воопшто не се познава дека било шиено. Инаку генерално за царскиот рез ќе кажам дека навистина породувањето е царско, без никакви болки, без контракции, без никаков напор,брзо и навистина безболно. Првиот ден од анестезијата и инфузиите со лекарства и адреналинот не се чувствува баш ништо. Ама затоа првата вечер и наредните неколку денови воопшто не е лесно. Ставаа инекции за конракциите и крварењето на матката што ужасно болат, не се станува воопшто од кревет, се моча во катетер, а кога ќе мора да се стане за во тоалет и замивање е најмачното чувство во живот.Не боли раната од надвор, туку боли стомакот внатре каде што е крпена матката и напрегањето на стомакот за било какво движење и поместување од креветот. Јас веројатно бидејќи психички се подготвував за природно породување, операцијава ме начека неспремна.Па можеби и затоа и малку потешко ги доживеав првите 3 дена. Ама како викаат сите, кога ќе си дојдеш дома со бебето, после 3 дена се ќе заборавиш, па така и јас.Ништо не е болно и страшно кога ќе си го земеш бебето за првпат во раце.
Мамички еве и јас да споделам искуство може на некоја ќе и помогне... И јас бев породена царски првиот пат и шиена со ултразвук, мене ми рекоа да не шепкам ништо само по себе ќе си паднат конците со тек на време и за не долго поплека паѓаа.На контрола не ми пипка ништо само ми ја прегледаа раната и тоа беше се. Дали има некоја мајка која е породена 2 пати со царски да пише искуство како е вториот пат со раната,боли ли толку како првиот како зараснува мислам на временски и дали имала некои последици?
И кај мене линијата е скоро невидлива, баш како што опиша Мицика80, како изгребана, но почнав и покрај тоа да ставам Контрактубекс. Мицика80, зошто толку време беше со катетар??? Мене ми го извадија наредниот ден, многу е полесно без него. И да првите 2-3станувања се навистина мачни, но тоа е. А за кончиња јас ни кога не беа паднати не ги видов, а како и кога паднаа ич не ми е јасно. Имав само мал проблем на 10тиот ден, почна лимфа да тече, па ми го извлекоа кончето и го сецнаа. Мама25 имаше со мене две жени кои втор пат родија со царски и кажаа дека сега им е полесно, веројатно затоа што знаеа што ги чека и сега спремни знаеа како да реагираат.
мама25 индивидуално е, Еве меу кажува за 2 деkа им било полесно вториот пат, а со мене во соба имаше една жена што беше втор пат со царски и велеше дека првиот пат полесно поминала, таа неможеше да стани цели 3 дена, а и не беше стара да речиш годините ја изедиле, 26 години беше и не само што не можеше да стане од анастезијата ја фати кашлица уште полошо, и цело време викаше дека првиот пат бил по лесен од вториот. А јас како што се исплашив и од царски рез и од се таму во ГАК незнам дали ке соберам храброст за второ дете.
Имам пишани и претходно....мене многу ми се познава раната,таква е црвена,дебела уффф грозноо Не сум користела ништо бидејки кога излегував од болница ми рекоа да не ставам ништо... Го прашуввав и матичниот дали да ставам нешто ми рече дека нема потреба,и така и си остана мојава рана ,се плашев да ставам нешто на своја рака,дека е сепак рана од операција (ми беше страв да не ми се отвори ) А тоа што никој не те гледа,не можеш да станеш,да си го видиш детето да не правиме муабет...маки невидени ,некој ке рече се заборава,се раборава ДА ама пак кога ке поминам пред ГАК цревата ми се правртуваат,и ме обзема некое лошо чувство...
Јас и со двете деца сум царски и тоа со разлика од 7,5 години.Кога се породив со првото ми беше потешко и ми требаше повеќе време за здраво да застанам на нозе ,мислам дека 2,5-3 недели.Со второто на 3тиот ден во болница потпишав за да си одам и кога ме виде мм како одам не му се веруваше,а згора на се и штикли му имав порачано .Мислам дека со второто веќе знаеш што те чека,а и болката при станување/легнување ти е позната ,па ти се враќа филмот како беше најбезболно Исто така и она тапо чувство на резот со второ го нема ,затоа што веќе тој дел мајката одамна не го почувствувала како свој.Моето искуство е тоа ,вториот царски е многу полесен.
и јас исто кога си вракам филмот што се се изнаслучува таму, и како помина мојот царски рез на Гак, уфф ужасно нешто, да можам да го вратам времето пак би се породила царски ама во Гак НЕ!
јас пак немам воопшто мака после царскиот рез. ме правеа со целосна анестезија, и се разбудив , т.е си дојдов при свест некаде после пола саат, и знам само дека многу ми беше ладно и барав да ми донесат кебе е сега бев со катетер само 24 часа, и плус после 12 часа некаде за прв пат ме станаа од кревет некоја минута и пак ме вратија назад. наредниот ден ми го извадијакатетерот, и со количка ме префрлија од шок соба во апартман, ехехех така да одма уште тој ден, почнав да се движам, искрено ми се вртеше малку ама кратко беше. така да сите 3 дена додека бев на болница бев на нозе, или седев, ако верувате ич не легнав од страв,затоа што ако легнев неможев после да станам , ама пак затоа нозете толку мн ми потекоа една недела неможеше да ми спадне отокот после и дома кога си дојдов си продолжив со истото темпо, немам седнато, и немам ич мака, раната веке ми зараснува а и не осекав некоја голема болка од инекциите кои ги ставаа, можеби отрпнав на болката после се поминато, ама како и да ке помине
Љубичица исто како тебе поминав и јас,многу лесно станав после не цели 24 часа,си се движев,легнував,станував...Само да инекциите за повлекување на матката страшно ме болеа првите два дена па барав за болки нешто па боцкање два дена,решето.После тие два дена сама иглата си ја извадив од рака(па и немаше кој)зошто ми висеше месото,кревајќи го бебето се искриви иглата... Е тоа е лошо со царскиот што не си спосбен сам да станеш,треба да ги молиш и неможеш одма дома да си одиш
Јас дента после операција неможев да станам...Ми требаше помош и среќа една хигиеничарка таму господ здравје да и даде, 3 пати ми помогна да одам до тоалет и да се истуширам...Вториот ден веќе станував..Тешко е и болно ама тоа е мораш да стануваш...Секој ден е се подобар и подобар..Завчера на промена на време имав јака болка...А сега само чудно чувство...Кога се, ќе пројде незнам...Сакам што поскоро... ... Инаку конците би ги скинаа во болница и ми рекоа како здрава рана да третирам и само после 5-6 дена да се туширам нормално...Фала богу јас како паничар ги дуплирав деновите со нормално туширање ... Во Чаир имаше една трудница со втор царски и се чувствуваше топ, а мислам дека беше и постара, многу подобро викаше од првиот...Додека една друга кажа дека вториов потешко и било...Различно е кај сите...
а секаде ли е царскиот ласерски или некаде сеуште по старо шијат со конци... плис за одговор зошто се плашам од шиенје мислам да се познават конци
Па мислам дека сега секаде е напредна техникава,јас правев царски пред 2ипол години во државна и лепена ми е раната,кончиња минијатурни на краевите,тие сами паѓаат за месец-месец ипол Штом пред 2 ипол години не се шиеше сега па ич не би требало... Ако си одлучена за царски,распрашај се таму кадешто планираш да се пораѓаш
некаде претходно прашував што се случува со двата конци на краевите, е сега кај мене денес и вчера имам како некоја кафеава точка на гаките, како некој исцедок баш кај нив, и едниот малку ми е распаднат... дали е ова нормално?? докторот не е тука за да го прашам, ама ми рекоа да ставам алкохол на нив
Кај кончињата треба да се направи краста и кога таа ќе падне ќе паднат и тие.Јас не би мачкала алкохол,туку Бетадин.Со првото мене кај кончето малку ми загнои и така ми рекоа да го третирам.За ден-два ми помина.
Бетадин и ациди борици. Мене само второто ми го препорачаа, кога имав проблем со раната(баш кај кончето), но јас самоиницијативно ставав и Бетадин. Поминува без проблем. А да сега АИТ ме потсети дека имав како красти кои преку ноќ исчезнаа , а после нив резот е како гребаница.
е да така некако ми е и кај мене, како разрането е местото, т.е како загноено, а гледам денес десниот конец како одделен од кожата мие, веројатно ке падне, а левиот не баш а за алкохолот ми рече др доктор, да ставам и ставам 70% тој што го користев за папочето од бебушко
Ќе може ли некоја мамичка породена со царски да ми појасни како се одвива целиот процес на закажан церски имам страв од болници игли... Aма што е тука е сепак помал ми е стравот од царски пошто за природно не сум, голема паничарка сум и не поднесувам болка... а кога блиските запнале да ме разубедуват нема да сум можела детето да си го фатам и месец дена ќе морало нонстоп да има некој покрај мене ве молам споделете ми искуство да знам бареммалку што ме чека
Смиот процес на царкиот е безболен, јас бев со спинална, не чувствуваш ништо од под градите надолу, цело време си буден, ги слушаш докторите како си прават муабет за нивните животи и тарамтарааааа...... еве ти го бебушот го вадат и почнува да плаче, јас кога го видов моето почнав да се смеам и ја извадив докторката од памет оти ваљда почнаа да и се мрдаат органите долу .... поубаво породување неможам да замислам,без болка,без ништо...а тоа дека после подолго оди опоравувањето е нормално ,сепак е операција , ама јас после 3 недели сама си го бањав , средував ,чував и така суптилно ги избркав бабите
Zdravo na site....Sakam da prasam za Poroduvanje so zakazan carski rez kako odi taa procedura dali se doplaka nesto ili ne?Treba dozvola od maticen za toa ili moze kaj sakas?Pozz
Ќе си отидеш, ќе ти става инфузија, го поминуваат стомакот со жилет(бричат влакна тоа сестрите), и ставаат катетар. Наредно кога ќе те однесат во оерациона сала, ги ставаат нозете во едни како мушами и ги врзуваат(нормално, не смееш да мрдаш , операција е), потоа рацете ги врзуваат од кои на едната имаш апарат кој постојано мере притисок, се до моментот додека да се разбудиш е на тебе, а на другата каде е инфузијата ги ја ставаат анастезијата(во самата инфузија). Наредно се будиш во шок соба, ако имаш цимерка одлично, имаш друштво, нема да е досадно. Ваму сите инекции ги ставаат во канилата така да нема боцкање, единствено зимаат 2-3пати крв од прстот. Штом имаш страв од игли тука ќе ти биде мачно првото станување(од искуство и јас мн се плашам). Наредниот ден те симнуваат во соба, тука го вадат катетарот и се подмиваш. Е тука има инекции секоја вечер , поради тоа што е операција, сепак мора да се внимава. Но, не болат, јас немав од дете примено и искрено не боли. Дома, немав некоја проблем, само првата недела маж ми беше со мене, после тој на работа, јас по цели денови сама со малата. Кога дојдов дома се ми помина , веќе ништо не ме болеше Искрено кога те отпуштаат од болница те отпуштаат спремна за да продолжиш нормално да функционираш. Само првите 2-3 дена во болница се потешки, после се навикнуваш на се.