Ели срце а лепенката ти ја извадија? Сестра ми во ремедика само на лева и на десна страна на раната има по едно конче а другото со лепенка и го имаат залепено и со ласер поминато но многу ја тегнеше таа лепенката кога и ја извадија веќе и беше полесно. Ајде ќе биде се во ред гални го и гушни го синко и се ќе се заборави и болките ќе поминат за скоро а сликата од пораѓајот не ја мисли чим помислиш погледни ги очичките најмили и ке заборавиш се
Незнам на која лепенка мислиш на таа после операција раната што е залепена? Таа трет ден ја извадија кончето го сецнаа денес едно од десна страна. Толку , рана заздравена, не треба мачкање, само на сонце 2,3 пати ми рекоа.
Да да на таа лепенка мислам да на трети ден ја извадија и на сестра ми...многу брзо заздравува...супер...ќе помине...гушни го мажлето мало и главата горе срце
Немој да се плашиш , како и за пораѓајот така и со спиналната. Јас супер поминав иако и мене ми беше прв царски. Не ми беше језиво кога ме буцнаа и цел пораѓај ми помина забавно , си разговаравме со доктор со сестри се смеевме , буквално мислам дека помина се за 5 минути. Јас ништо не сетив цел пораѓај ,само на крај ми рекоа готово е се ,единствено што кога дојде ред да ме носат во соба се тресев од што ми беше ладно . Тоа помина во рок од 10 минути. Така да и јас се изнаслушав разни искуства за анестезијата па супер поминав.
Не осеќаш болка нормално Ама дека се работи да. Кога почнаа осетив нежно поминување. Незнам може со целосна е подобро ако не си психички спремен. Дека ќе го видиш одма како предност, мене не ми значеше ништо- не ми го ставија на гради оти имаше тешка адаптација и беше на кислород . Ако си во странство може дозволуваат присуство на маж, тука не.
@RedRevolution и @Minnie-e Ремедика. Јас лично не прашав, ама на девојчето што беше со мене во соба маж и беше да прашува и не му дозволија да влезе.
E може и да има разлика од случај до случај, на моја познаничка сопругот дури и го снимаше пораѓајот пред некои 6-7 години, не знам стварно, но може од икс причини и да ги смениле правилата па и да важи за сите сега. Не дека присуството на маж ми ми е од клучно значење, но би било убаво да ми го држи стравот, ама ако не може здравје, покасно ќе се гушкаме сите Важно е мајка и бебе здрави и живи да излезат од сала и од болница, ништо друго Ете ти веќе заврши работа, сега радувајте се и гушкајте се
Јас минатата недела прашав анестезиолог во Ремедика дали може на царски да присуствува мм и кажа дека не е дозволено, само на природен пораѓај можело.
Ич не ми текнува, ама некој баш ми кажуваше за во Ремедика дека мажот присуствувал на пораѓајот и дури и сликал.. бебето било со врвка околу врат три пати завртена (ретко се случувало)... Ваљда може со врски...
Да мила сум. Не жалам за парите. Кога ќе ми текне на сестрата колку пот и излезе дури ме стане првпат, јака им душа Сум ги викала и во 3 , 4 навечер одма доаѓале. Нонстоп постелнина се менува, спавачи, за бебињата убаво се грижат. Од педијатрите ми е криво што Марина не беше тука само. Доплативме само 3000 плус ( ехо срце, слух, и баравме крвна група). Екстра трошоци немаше.
Па според искуства тука не смее.. но ете може ако имаш врски, или може ако се некои вработени од таму да може...