Мене ме интересира од кога може да се носе мидер после пораѓај со царски.Има ли некоја прашано гинеколог. Се мислам да му пишам на докторот и да го прашам.
@eli25 @iki26 Стварно ? А не смета нешто на раната ? Јас па си чекам да помине време а мешето не ми се повлекло скрос
Подобро почекај малку. Сепак рана е, операција. Треба да дише кожата малку. Јас после месец време облеков, ама не го носев многу.
И јас викам да помине време. Ама др. ми рече дека раната зараснала уште на 3 ден и слободно да носам.
Женички не се стегајте одма треба раната да диши не би ви препорачала мидер да носите од одма.ќе се вратите во нормала треба време ако стаиш мидер одма нема дА постигнеш ништо а можеш да си напраиш беља.
Да стварно. Утрото ме пуштија дома, мидерот ми беше спремен и кога дојдов го облеков. Мојот е од Лиска со висок струк до градите ми е, може затоа немав проблем со раната.
Кога бев на преглед за раната докторот ми рече после вториот месец можам да почнам со вежбање , меѓутоа без форсирање. Инаку и мене мидерот ми беше спремен ама др ми рече дека од мидерот само ќе ми се спуштел стомакот. Најдобро се враќаш во форма со вежбање.
Супеер јас заборавив да прашам . А ми рече дека се е во ред ,вратено се на место . Мене пак стомакот за 3 недели ми се врати како што ми беше , скоро ич немам , а имам уште 4 кг да ослабнам
Супер ако успеете да одите на вежбање со толку мало бебче. Јас пробав дома после 3-4 месец на youtube некои вежби ама немав време и баталив.
@iki26 па сега си мислам дека би успеала , како ќе биде сл месец незнам. Но сега јаде и спие после тоа 3 часа. За тоа време може да одиш 1 час да се извежбаш и да се вратиш. Ние сме на ад млекце , ако цица веќе е друго , не би го оставила .
ако успееш барем еден месец да одиш браво. Јас дома не можев да вежбам а не во теретана. Баш пиши кога ќе почнеш да одиш. Good luck
И јас исто ништо не осетив. На почетокот осетив само како почна да ме мачка со нешто и толку. После тоа ништо.