Јас примив 10 фраксипирин после царски. Инаку јас сум со мигрена, а после спиналната немав воопшто главоболка. Дури некаде после година и пол од пораѓај ми се врати мигрената, во исто време и циклус добив прв пат. А баш, читајќи за спиналната, очекував да имам такви силни главоболки по пораѓајот, ама сум имала среќа.
Јас после првиот царски пред 6 години не примав клексани, после вториов лани примав. Мислам дека во последниве две години стана практика после било каков оперативен зафат да се ставаат клексани. Примав и дома кога дојдов, пет во болница примив, и уште 3-4 дома, па правев контрола и ми препорачаа уште 8 да примам. После тоа не проверував пак, можеби требаше. А во бременоста не се боцкав. Него друго ми беше зборот, мајки, вие што сте со царски, дали деновиве осеќате пецкање, чешање на раната, како да играат мускулите околу неа? Со првото немав вакви промени, барем не се сеќавам, а сега имам, особено денес осеќам треперење на мускулите над раната (ме мавна на психа дека сум трудна не знаејќи и дека бебе ме клоца, ама надворешно е, не е од внатре, па брзо си ја исфрлив таа мисла од глава).
@Annath пецкање и чешање немам ама од вчера ме боли раната.Мислам дека е од времето. А мускулите ми играат секој пат кога сакам да се истегнам.И мешето исто така, кое сеуште не ми е повлечено и мислам дека нема да се повлече само од себе веќе , докторот ми рече да вежбам.
Ама ти си три месеци породена, уште си тазе, кај мене е повеќе од година поминато, досега вака не ми било. Помина треперењето, ама нелагодноста е присутна. Не е болка, како пецкање, како трнење, ама веројатно е нормално.
И мене ми се случува тоа иако се повеќе од 2.5 години поминати од царскиот. Ретко, ама знам за што зборуваш. Дури како печење некогаш осеќам, а гледам дека немам ништо на раната. Одма поминува, за еден ден..
Тие што сте веќе породени, а бевте со закажан царски, дали кажувавте макар и на најблиските кога ќе е?
Не не кажав на никој. Мислам нема потреба,знаевме само јас и мм. На свеки и кажавме оти требаше да дојде. Откако некој дознааа дека имав три недели претходно закажано имаше потфрлувања во стил "ааа ќутиш криеш зошто не кажуваш,па мнпгу сме тајни "ама одговарав во стилот и жена кога добие болки не се јавува на сите трлефински да ги извести дека ќе се породува или пак не објавува ба фб. Секој ека си прави како мисли
Породена сум пред два и пол месеца, царски. Но еве сеуште имам болки во зглобовите и телото. Највеќе на сабајле кога ќе станам, или откако ќе заседнам одредено време, многу ме боли телото додека да се раздвижам. Дали некој има слично искуство?
А и според бабини деветини нели велат дека не треба никој да знае, као демек мајката полесно ќе се породела
Моите родители знаеја. Требаше да и се јават на врската. Сигурно немаше да се дадам во рацете на клиника туку така зашто знаеме како е таму. Но и со врската поминав лошо. Тоа да не знаат ми е глупо. Па ако живееш со мажот со нив, секако ќе знаат.