Мајка ми не сакаше да знае, а татко ми ми се јави некој ден пред царски и ме замоли да му кажам кога ме закажаа, а неа не и кажа. Мене лично не ми беше проблем, на сите останати блиски им кажав, фактички само мајка ми не знаеше. Како сакате правете си, јас имав многу лесен пораѓај без разлика што ете не криев.
Јас не верувам во тие бабини деветини дека мајката на родилката на треба да знај,од чист пример,баба ми (на мајка ми мајка) ја носела мајка ми на пораѓај,па ме родила прелесно за 5 мин.Не можела да не знај баба ми бидејќи во тоа време живееле моите кај нив.
Јас ѝ се јавив на мајка ми и ѝ кажав дека сум во болница и дека имам болки па лесно и брзо се породив. За мене е глупост тоа дека мајката на родилката не смее да знае.
Тоа е само измислено така... но точната варијанта е да не знае мајката, за да не се грижи многу многу, зашто нели и порано раѓале по подолго време (зависи) Па мајката ке пукне од грижи до кај е што е
Така е точно, оти се гриже мајката и затоа не се кажува нејзе. Ама врска нема тоа со породувањето дали ќе биде тешко или лесно и колку ќе трае. Јас по мене си кажувам. Кога ѝ се јавив на мајка ми, ми кажа Јас вчера и денеска цел ден те мислам и предосеќам дека има нешто. Не знам ете.
Јас затоа толку лесно и брзо се породив, дека мајка ми не знаеше дека одам на преглед, а уште помалку дека се пораѓам Дури кога се породив не можевме да ги добиеме, си излегле да шетаат без телефони, па мораше по улици да ги бараат.
Мојте знаеа дека ќе се пораѓам,дури додека мајка ми не дојде во болница да ме види мислам по 18часа болки мачења јас тогаш сњ породив во рок од 15мин.
Мамички еве ме и мене на темава... 31 недела, бебчо се завртел карлично (сака со газето да испаѓа) има уште време до пораѓај ама докторкава на приватно ми е малку скептична, ваљда нема да се преврти до крај, додека матичниот ме тера да лазам по 3-4 круга околу маса, секој ден! Некоја со слично искуство за совет? Инаку не разбирам зошто ако е карлично автоматски си за царски, по приватниве не се нафаќаат за природно... Јас сум родена карлично и мама вика полесно поминала со мене (прва) отколку со сестра ми...
И мoетo е истo. Oд 27мa неделa нaвaму е кaрличнa (36 + сум). Кaј првoрoтки ризикoт бил гoлем зa вaгинaлнo пoрoдувaње сo кaрличнo бебе првенственo штo глaвчетo (кaкo нaјгoлем дел) излегувa пoследнo и мoжнo е дa зaглaви a другa причинa и прекин нa дoтoкoт нa крв вo пaпoчнaтa врвцa дoдекa бебетo излегувa.Oд 27мa неделa прaвев вежби и јaс aмa дoсегa се немa зaвртенo,a сo секoј пoминaт ден шaнсите дa се сврти се се пoмaли. Ни вo држaвнo ни вo привaтнo немa дa те пoрoдaт вaгинaлнo сo кaрличнo бебе. Гoспoд дa не чувa и нaс и бебињaтa здрaви и живи, секaкo тoa е нaјвaжнo
Кај мене второво цело време беше со главчето надолу. Во 32 недела беше карлично завртено. Ама во 36 недела пак беше со главчето надолу. Така што не се грижи, може да се сврти и непосредно пред породувањето. Само со убава мисла и со лесно!
Јас најтазе со искуство 31ва нед бебе супер надолу (така цела бременост го носев), и контрола во 34та бебе карлично, леле паники (првото природно родено, па почнав паника да си правам дека не сакам царски)... и 2 недели до следна контрола збеснав мислам... а големки бебиња си имам, па природно ке ме намачеа ако останеше така. И на контрола наредна во 36та бебе со глава надоле, ме израдува Еве бев и во Чаир веќе во 37ма и со главчето е надоле Инаку и јас прво бебе на мајка ми, родена сум карлично и мајка ми прелесно поминала, а сестра ми нормален пораѓај, второ многу потешко двете по 3200г сме родени. Инаку лежев со перници под кичма убаво подигната (таков совет добив)... и уште еден добив но не практикував ми беше тешко така се укочував, кучешка поза и задникот што погоре да го креваш, а главата навнатре да ја пикаш... (ваљда убаво објаснив).
Ќе видиме сега на за една недела на контрола, колку делува ова со лазењево не знам ама боли стомакот додека лазам, ваљда има дејство само што мене паника ме фаќа не сакам многу да се напрегам како и да биде нека не чува Господ, веќе е нормално и царскопт рез често се практикува, што од потреба што од страв... ќе известам за резултат од лазењево ))
Пробај и со перниците под кичма/задник... треба убаво да се кренеш и се напрчува стомакот нанапред, ваљда му дава повеќе простор на бебето така...
Мами ве боли ли раната некогаш ? 3 месеца има поминато а денес на 2 пати имав како болка кај раната. Незнам дали е од времето сите што викаат , нормално ли е?