@iloveyou29 фала на совет , ако боли пак , ќе се напијам нешто . @eli25 да баш како штрекање, на два пати од сабајле по 3,4 мин и поминува.
Еве помината е скоро година и сеуште ме штрека од време на време,не е ништо страшно сепак е сечено операција е ако имаш болки напи се нешто и понатаму при промена на време ќе ги осеќаш.
И мене ме штрека раната сега, после 13 месеци од царскиот, првата рана не ја осеќав воопшто дека е таму, немав никаква мака, а сега да, викендов ме штрекаше... Ме чуди, оти првиот пат немав никакви болки, ништо, ама изгледа е нормално да се појавуваат такви болки.
со царски дали брзо останавте бремени(дали ви се фати одма)? ние скоро три месеци не се фаќа, а првото од одма ни се фати. има нешто врска матката сечена, лепена или индивидуално кај секоја жена е?
@dade123 мислам дека е индивидуално. Царскиот рез не прави некоја разлика во забременување, само во одржување на наредна бременост. + три месеци не е којзнае колку многу. Ама убаво е кога има активности во бракот поврзани со правење бебе Поправете бебе уште малку, ако до догодина не фати, оди кај матичен, ќе направите неколку испитување да не размрдале некои хормони.
Нема врска сечењето на матката за наредна бременост, тоа само до хормоните е. Второто кај мене побрзо се фати од првото, а со царски бев породена. Три месеци е мал период, ако не бидне за шест месеци, направи испитувања.
Ме интересира во приватните клиники за царски, како иде процедурата си закажуваш дата ли и кога, во почетокот или крајот на деветти?
Мене ми закажаа на денот на терминот, зошто немаше шанси да се породам природно до тогаш. Ако има можност од природно да почне пораѓајот, а има индикација за царски закажуваат порано, неколку другарки што се пораѓаа приватно и царски кон 38 недела беа закажани. Во секој случај индивидуално е кај секоја жена, докторот ќе одреди точно.
Mene ne me boli ranata nikako, ko nisto da ne se desilo se osekjam, samo ponekogas me cesa taka iritantno ne prestanuva Jas se porodiv so bliznaci 4 dena pred terminot.
И јас само чешкање чат пат осеќам, ништо друго. Првите 2-3 месеци на промена на време заболуваше но потоа ко ништо да не било..
Мајки а фалтичкава над рана нормална е? како подуено над раната тој дел е... Инаку крварењево мн малку.. скоро и да немам. Со првото природно породена 30 дена крварев... А сега една нед од пораѓај.. или полека ке си протекува вака?
Имaм и јaс тaквo нaд рaнaтa,мoже е нoрмaлнo. Зa крвaрење скoрo и дa немaм некoлку кaпки aмa пред три денa прoкрвaрев мнoгу јaкo дури кaкo дa се мoчaм oсеќaв ненoрмaлнo гoлемa кoличинa истече ... Дaли се бери некaкo пa нaеднaш истекувa не знaм aмa не би сaкaлa пaк тoa дa ми се случи oти нoзете ми се тресеa oд стрaв, пoдoбрo е дa си течи кoнстaнтнo
Мајки денес забележав нешто , стомакот како што ми беше рамен сабајле ми се поду, и тоа повеќе што е очигледно од десната страна и како да ме заболува, породена сум пред 1 месец. На контрола имам закажано дури наредната недала, па не мислам сега да одам кај матичен. Некоја со вакво искуство
Мајки дали носите бебиња во кенгур? Смее? Не смее? Зашто едно е да го поносиш дома во раце, а друго е подолг период во кенгур...