Женски сакам да слушнам за ваши искуства доколку некоја имала 3 царски рез Моментално сум бремена со трето. Првите две ми се со царски рез па мора и третото... првото ми е 2014, второто 2016, а јули 2018 треба да се породам со трето па сакав да слушнам ваши искуства...
1 месец од царски и сеуште не го осеќам долниот дел под папок над раната? Ко страно тело уште го осеќам.Раната е добра.Уште лушпички неколку има но ќе паднат.
Исто така ми е и мене кога се допирам дури и бебе по цицање да подждригне си заспива на меше и малце да ме шутне аааааууууу се наежувам цела... едвај чекам да помине...
женски околу раната од царски се појавија некои модринки и боли(пече) само од левата страна.бев кај матичен рекоа хематом дали некоја од вас имала хематом 7дена поминаа од царскиот
Па нема ни да го осеќаш. Нервите се пресечени и реално, тешко се регенерираат. Со тек на време ќе го осеќаш, ама помалку отколку останатиот дел. Тоа е. Еве јас после два царски, вториот пред скоро 16 месеци, уште ми е тој дел отрпнат и не го осеќам убаво.
Еве веќе 2 години поминаа и уште не го осеќам местото кај раната. Мислам дека и долго време ќе биде така
Мамички мене раната ми е лепена и на левата страна имаше едно конче меѓутоа денеска гледам го нема како навнатре е ...каков конец е тоа имам ли причина за страв зошто ова ми е се ново ...прва операција во живот и незнам ништо околу тоа како оди тоа со закрепнување итн...ве молам за одговор или пишете и во пораче што како сакам консултации јас врска си немам ве гушкам
Јас сум со три царски. Мај 2011, Август 2013 и Јануари 2016. Првиот пат - пробаа природно, мака видов на крај итен царски, ужас и хорор претрпев. Вториот закажан, со целосна анестезија, милина, преубаво поминав. Третиот исто , само со спинална анестрзија, од овај пат мерак за 4то добив, прекрасно доживување, будна си го видов одма бебушот, одма по операција пиев, полесно се опоравив. Правилото - еднаш царски - секогаш царски важеше. При третиот ми понудија опција подврзување на јајоводите, бидејќи трет царски било оптимален број издржливи за матката, но јас не сакав такво нешто. Со лесно мила, ајде веќе ти е познато се .
Во последно време многу пати прочитав “бев со спинална ама осеќав и побарав целосна”. Под “осеќав” мислат на тоа што викате тегнење и сл. или буквално осеќање дека те сечат
Сечењето не се осеќа.. малку се осеќаат допири и тегнење кога ке го вадат бебето. Таман работа да осеќаш болка... срце низ гради ке ти излета ако сечење осетиш. Јас се свртев и прашав: Почнаа? А анестезиологот ми рече, ееееее тие ке завршат, дали почнале Знам во Ремедика ке раѓаш така? Ми ја ставија спиналната и после ми правеа тест со коцка мраз. Ми ја стави кај врат, осеќаш ладно? Да... па на гради осеќаш? Да.. па се подоле.. и кога дојде на стомак со мразот само допир осеќав, ладното не
Сестра ми уште не осеќа таму ништо а јас само првите два месеци не осеќав. Разлика меѓу мене и неа е што таа е дебелокожец а јас не. Не знам дали е до тоа но многу краток период не си го осеќав тој дел.
И јас исто за првото тргнав со природно се изнамачив и болки истрпив и се и на крај итен царски. И за првото и за второто бев со спинална, супер поминав. Значи не сум само јас со 3 царски во толку брз период Фала бубале Ме смири малку
Мене пред царски анестезиологот ми објасни дека се осеќаат три моменти при царскиот. Веќе заборавив кои беа другите два ама кога го вадат бебето се осеќа тегнењето. Ама ги осеќаш како тегнење и влечење не како болка.
два царски и две различни искуства и двата со спинална. Со првото не осетив ништо бев поопуштена за време на зафатот ,ни тегнење ,после два часа почна да пушта анестезијата и ги осеќав нозите,исто непријатно чувство ми беше кога од боксот ме префрлија на кревет бидејќи не ги осеќав нозете некао ми беше грдо. Второ искуство се тресев како лист,ми беше страв и само прашував уште колку има до крај. го осетов тоа тегнење кога требаше бебето да го извадат непријатно чувство ,осеќаш а немаш болка. За време на зафатот не го испуштив анестезиологот од рака цело време ме држеше и го стискав најсилно што можам од другата страна мм сега кога се сетам се смеам ама тогаш ми фуфкаше.ме префрлија на интензивна и сестрата ме прашува дали ги осеќам нозете бидејќи одговорот беше негативен пак ме фати паника се стресев целата,иако знам дека за два саата пушта анестезијата ама ете си нашравив дополнителен стрес. Толку имав страв што неможам да опишам а се силев претходно дека сум силна . И сега кога пишувам или зборувам за тоа мило ми е што е тоа зад мене. И да незаборавам сличности и кај двата царски е што имав нагони за повраќање.
Исто и јас и за првиот и вториот царски бев со спинална анестезија и на почеток ми се лошеше ме болеше желудникот и имав нагони за повраќање, ама одма му кажав на анестезиологот и ми пуштија ранитал преку инфузија, ми помина за секунда. Сега за третото ќе видиме А анестезијата за второто ме пушти само што ме извадоа од сала. Ме преместија на интензивна и почнав да ја осеќам операцијата и прстите од нозете... го прашав анестезиологот прво не му се веруваше и ми вели "мрдни со прстите да видам"