Јас се испразнив по клизмата, ла кога ме качија во предпородилна пак бев во вц сабајлето. Изгледа не се чистиш целосно.
Mene vo predrodilna mi dadoa cep.Prasaa dali da mi stavat ili sama ke stavam.Sekako sama staviv.Ama odma otidov u wc pa padna u solja.Taka da voopsto ne se isprazniv.Ne bev jadena od prethodniot den,zasto me spremaa za Ogtt test,na kraj izleze za poragaj.Katetar mi stavile za vreme na anestezijata,ama koga go izvadija bese gadno
И јас бев испразнета демек,ама ете пак се случи одма штом ми ја ставија спиналната и дури бев будна (ми ставија и плус целосна и поима немам зашто и таква и таква), па умрев од срам . Туку мајки породена сум пред скоро 2 месеци, а пределот кај царскиот рез (салото што го имам над резот) ми е истрпнат, нормално ли е? За колку време ќе пројде или не е добро. На гинеколог немам отидено после пораѓај, вие после колку време отидовте?
И јас сум породена скоро 2 месеци(за некој ден) истото чувство го имам сестра ми со двете деца е царски и ми рече дека по година ипол и поминувало тоа трпнење или нелагодност при допир Исечени се нерви и сега им треба време за да си дојде се во првобитна состојба... Јас бев на 16ти ден од породување на ехо си беше се уредно и ми рече за 2 месеци повторно да се видиме но здравје ќе отидам...
Овие 2-3 дена осеќам ко бодежи во јајниците чувство кога имав овулација...можно да е тоа или? За 5 дена ќе направам 2 месеци откако сум породена царски. И сеуште ме боли кичмата и газната коска ко во бременост има денови кога се движам многу и ќе седнам а за станување со 300 маки ко кога бев бремена ...вие имате нешто вакво или јас сум си изрод некој
Скоро и јас пишував. @annah и @iloveyou29 мислам рекоа може и воопшто да не го сеќаваме. Мене ми е језиво на допир инаку не ми пречи Инаку на контрола бев по 40 дена. Докторот ми кажа 40-60 дена од пораѓај. Имав друга мака па бев на 40 инаку ќе одев по 2 месеца.
Кога сме кај клизмата, и јас бев прочистена сабалјето ама сепак ми ставија клизма. И цело цтг издржав бев да појдам во вц Ама после тоа мислам дека ме снема Влечење не осетив, изгледа дека бебе беше мало.. Аа дали ви се здрвуваа рацете, уста и гради? Мислам дека тоа ме упрпа најмногу...
се мислев дека природно беше ти...нешто сум утнала.. раце уста не, ама градите да. само над градите осеќав и сосема нормално е тоа. анестезиологот ме помина со мраз прво над гради па на стомак за споредба дали осеќам..
Јас сум со вертикален рез,три породувања од истиот и на долниот дел како криво зашиено ми е, како грутче, како заостанато сало...не знам како да објаснам, и еве две години од третиот рез сеуште ми е такво, набабремо и тврдо Прв пат на гинеколог бев мината недела, значи две години од раѓање, на ехо, хистероскопија и пап. Мајки, ве чеша ли повремено резот?? Мене ми е сеуште вдлабнат изразен црвен и често ме чеша, а на допир е непријатно, не можам наголо со нокти да се почешам, па со алкохол на памукче се пребришувам или со ракавица за капење се чешкам.
Kога заздравуваше на почетокот да, ме чешаше. Летоска од топло дека нели, таму повдлабнато е, од фармерки со низок струк исто ме чешка. Не е страшно зошто тоа фактички не е РЕЗОТ на матката , туку е мускул , салце, ткиво, кожа.... Далеку е од матка за да е страшно. Чешкај се слободно
Царски бев, покрај тоа и дишењето мн ми отежна и кога ми лупнаа адреналин мислам дека очите 5 денарки ми беа.. Можеби некоја реакција од анестезијата П.С Мене ме штипеа на стомак за да видат дали осеќам
И јас третиот со спинална бев и ме штипеа на стомак дали осеќам. Реакција на анестезијата + стрес од самото доживување... Ајде помина сега гушкај бебуш
Петипол месеци откако се породив со царски рез. Местото ме чеша премногу на моменти...кога престанува? :/ И не дрка ми е важно, ама раната се познава повеќе отколку првите месеци..поцрвена е некако линијата...кај другите како е ?