1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвекло

Дискусија во 'Рецепти' започната од crazylady, 16 декември 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...


    Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.

    Ако сте вегетаријанец, цвеклото е идеално за вашата исхрана, бидејќи содржи кобалт, кој учествува во стварањето на витаминот Б12, кој вегетаријанците не го внесуваат доволно.

    Иако цвеклото не е богато со железо, често им се препрачува на анемичните лица, бидејќи ги штити црвените крвни зрнца и ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се подобрува и циркулацијата на крвта во организмот.

    Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.

    Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.

    Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук.

    Во случај да имате проблеми со камен во бубрегот или патите од остеопороза, немојте да претерувате со внесот на цвекло, бидејќи тоа ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот.

    Дали јадете цвекло ?
    Јас обожавам варено цвекло , ама посебно, во салата не ми е убаво. ;)




    Ако е дупла темава слободно клуч.
     

    Прикачени фајлови:

    • 18340g (1).jpg
      18340g (1).jpg
      Големина на фајлот:
      11,9 KB
      Прегледи:
      1.401
    На Pelikuna и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Цвеклото ми е неизбежен додаток во исхраната, особено во зимскиот период кога нема свеж зеленчук. Се сеќавам дека кога бев во градинка за прв пат го пробав и ми беше страшно одбивно да го јадам, затоа што ми личеше на крв :lol: Ама премногу е освежително и што е најважно - многу е здраво.
    Мајка ми прави и салата од цвекло, ама јас повеќе сакам да си ја грабнам теглата и да си грицкам :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Аиии се давам во цвекло посебно ако се работи за свежо.А знам и да си исцедам сок од цвекло заедно со лимон и портокал :D едвај чекам да се вратам назад и да јадам свежо зошто овде е грдо |(
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Цвекло јадам многу. Ама го сакам свежо. Во зима скоро секој ден покрај другата салата обавезно имам и салата од цвекло, рендано, најчесто со морков, дајкон и лукче, другата исто честа варијанта ми е со брокула и лук, додавам често и карфиол и спаноќ, со сок од лимон, малку балсамико, и маслиново. Многу ми е вкусно и можам да јадам неограничено, додека има :lol:
     
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    846
    AA цвекло обожавам :) :inlove: Дома само јас јадам,и свежо и во тегла кисело,секакво.Kако мала мајка ми ми купи за да се научам да јадам оти е здраво,мислеше ке си има проблем да ме навикне зашто бев проблематична со јадењето многу,ама за чудо уште одма го засакав и јадев колку и да ми даде.Обожавам цвекло,и ден денес кога излегуваме да пазариме со мајка ми,ја потсетувам да купи,скоро секој ден јадам. :)
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Се додавам и јас на обожавателите на цвекло, и малку ми е тегла, затоа мајками дома ми го приготвува. Купуваме 2 кила (во маркетите се одлично спакувани во кеси и измерени), го вариме, и после само на кругчиња се сече, и се реди во поголем сад со капак. Се додава многу малку зејтин и се додава оцет, сол и шеќер. Ем без конзерванси, ем големи количини кои ми траат неколку дена :D

    Го јадам и во комбинација со ручек, а повеќе така чисто како ужинка се додека не се скиселам и прекинам :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wytney

    Wytney Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Цвекло јадам секакво варено, свезо, во тегла, во салата ма секакво едноставно го обожавам :inlove:
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Си го сакам киселко од тегла, но си го сакам и свежо рендано во комбинација со зелка и со рендан морков и тоа така зачинето.
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јадам цвекло, ама само свежо и изрендано.
    Еве една интересна салатичка: се ренда на крупно свежо цвекло, морков, ситно се сечка или ренда зелка , се ренда едно зелено кисело јаболко , се се меша, се зачинува со маслиново масло, малку оцет или балзамико и малку сол (по желба).
    Јаболкото дава свеж вкус на салатата, а воопшто не се познава.
     
    На joy1, veren, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Цвекло :tmi: јас па неможам да го смислам.Треба да го јадам затоа што е многу добро за крвта ама неможам :| Неможам да му го поднесам вкусот,мајка ми прави дома во тегли ама не!
    Пробав рендано со морков,зелка и тоа не.Ми се враќа назад :puke:.
    Така да јас цвекло,не јадам.Цвеклото и грашакот ми се 2 зеленчуци што без разлика како се приготвени едноставно неможам да ги јадам.
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ај и една рецепта да споделам, посебно убава за празничниве трпези :)
    Цвеклото го варите. Го рендате или сецкате на поситни. Една свежа краставица ја рендате исто, или ако е сецкано цвеклото ја сецкате и неа на ситно. Две чешниња лук се сецкаат многу ситно, и оревчиња, на две цвекла околу 100 грама. Се посолува, се додава бибер, една павлака, 2 лажици јогурт, се меша и е преубава и украсна. По желба може и магдонос да се додаде :)
     
    На Phyramide и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Jас мнооогу го сакам цвеклото, и онаа течност од теглите, ја пијам како сок :D
    со лукче иии мноооогу оцет :)
    Cамо да ве прашам, има ли некој трик за домашно подготвено цвекло, како да се изгуби оној благ вкус?? :^)
    зашто многуе е благо бре, ставив сол оцет, лук сушен купечки, и пак ми е некако благо, а го сакам кисело
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Лудичко треба да отстои, што повеќе тоа подобро, и да е поситно исецкано и потенко за да впие убаво и да не биде благичко, исто како компир салата.
    И да кога веќе спомнав компир, многу е убаво исто во комбинација со варен компир, кисели краставички и кромид ;) :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.410
    Допаѓања:
    91.343
    Пол:
    Женски
    Леле дур мајка ми не научи да јадеме цвекло беше смешки. Едно парче она , едно ние :lol: и не научи. Го јадам и свежо и во тегла. Бидејќи имаме бавча си имаме и цвекло, па ако не го изедеме свежо , го спремаме во тегли, иако ретко кога останува. Јас си го јадам рендано со морков, лимон, зејтин и сол. Во тегли кога купуваме често сме разочарани од вкусот, па сега најдовме една фирма и преубаво е.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Сакам цвекло. Дали така свежо и изрендано па со сол, маслиново и балсамико, дали обарено па сецкано на парченца и така пак зачинето ... или конзервирано, јас го обожавам.
     
  16. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Mмм, обожавам цвекло. Особено ако е кисело, но го јадам и цвежо со салата. :D
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас свежо во салата, го мешам со рендан морков, и така го јадам но не многу. А киселото ми е грдо.
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Обожавам цвекло и често си го конзумирам. Јадам свежо рендано со рендан морков и малку сол и оцет. Го јадам и онакво спремано во тегла и домашно и од продавница. Дома дека освен мене останатите баш и не го сакаат, а доста е здраво со мајка ми имаме правено сок од цвекло (благ домашен сок). Сокот го правиме со цвекло, моркови, портокал и лимони и исто е преубав.
    Од купечко најубаво ми е она од КАМ маркет (најмногу ми одговара на мојот вкус малку киселко).
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cамо во салата го сакам и така ми е превкусно,но во тегли ми е одвратно никако не можам да го поднесам тој благ вкус :doh:
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Цела тегла цвекло дома сама јадам, јадам и свежо ама повкусно ми е од тегла. :inlove: :inlove: :inlove: