Цвекло јадам да, во последно време се почесто, така ме освежува појма си немате, и плус е многу здраво да се јаде.
ако сте правеле медицинска турсија(со везенки и морков лукце и магдонос) истото само место морков сецкате варено цвекло и потпецени малку везенки се додава сол оцет шекер (ги немам сега точните мерки) и се остава да отстои 24 часа и се собира по тегли!!!превкусно е кој јаде луто а мозе и со благи пиперки
Јас обожавам цвекло. Сакам и сок, го јадам и свежо рендано во салата, го јадам и од тегла. Не знам зошто некои не го сакаат. Им мирисало на земја мене ми е супер
Oбожавам цвекло со морков и зелка и на тегла што се и тие што ги прават со лимон морков мед портокал јабука...
Сакам цвекло во секоја варијанта. И во салати и сокчиња и туршија. Многу ми е вкусно да направам сок од едно цвекло и сокот го мешам со јогурт. Доаѓа многу вкусна и убава розева комбинација. Значи не го менува многу вкусот на јогуртот, само му дава шмек на цвекло.
Обожавам цвекло,како мала воопшто не јадев ама сеа ... Посебно сакам рендано цвекло со масло и сол мх,мх ...
Многу го јадам. И свежо во салата и од тегла. Ама не купечко, туку она мајка ми што го прави. Редовно го конзумирам, здраво е многу.
присутно е секој ден во мојата исхрана и тоа свежо, изрендано со маслиново масло, јаболков оцед и малку сол.