Видов дека има тема за анимал принт, а не најдов за ова а сепак забележав дека поголемиот број од феминките го обожаваат, сакаат или понекогаш го носат. (доколку има тема, се извинувам) Дали ви се допаѓа цветниот принт? Колку често носите, дали имате многу парчиња со цветен принт и дали сте зависничка од него? Дали поддржувате мешање на повеќе цветни принтови и сакате да биде упадлив, или исто како и за анимал принтот претпочитувате само некои делови од вашата облека да се со цветен принт, скромно? Што мислите за оние принтови што на момент потсетуваат на марамите и ноќниците од вашите баби? Дали сакате цветен принт со големи или мали цветови, многу или малку, јаки или бледи бои, светли или темни бои, впечатливо или нежно? Спојлер
Flower print или цветен принт Заљубена сум во цветниот принт.Пролетва стартував со пополнување на мојот плакар со цветни работи:алки,шнолички,марами,топ,шалвари,сукњичка...
Да, го носам и многу ми се допаѓа. Се изначудив како преку ноќ сите продавници, цветен дезен имаат на излог и како сите го засакаа. Ама нема врска. Нивно нека си е! Мене ме потсеќа на нешто весело, на позитивна личност. Потсеќа на 80ите, на 90ите. Сум се изјаснила за овој принт, па еве уште еднаш кои комбинации/парчиња облека ми се бендисуваат.
Flower print или цветен принт Јас имам фобија од принтов и многу ме нервира што е актуелен. Ме потсеќа на баба ми и нејзините фустани и шамии Просто не можам да го смислам, и никогаш не би облекла нешто вакво.
Flower print или цветен принт Си го сакам, имам доста парчиња облека вакви и убави се.Секако не натрупана девојка цела во цвеќиња ко некоја цветна градина ТУКУ комбинирано со еднобојни парчиња облека, како и секој друг принт сеедно, како што е грдо цела тигресто облечена или зебресто така и ова.
Flower print или цветен принт Не го носам и не ми се допаѓа. Некогаш ми изгледа слатко кај други, но на себе не би носела цветен принт никогаш. Имам единствено едни обетки со цветен принт кои никогаш ги немам ставено на себе.
Flower print или цветен принт Симпатично ми изгледа, ама па и многу го претераа Јас би носела цветен принт на чевли или фустанче/здолниште и машна, марама.. секако со некоја неутрална боја.. цветни хулахопки во никој случај, ептен кичесто ми е
Flower print или цветен принт Интересен ми е не викам не...но само на некои маички и фустанчиња, а не на балетанки, патики, штикли, хеланки...едноставно мене тоа не ми се допаѓа!! А и веќе девојкиве по скопје ко униформи да носат....секоја втора ја гледаш со такво нешто на себе.
Flower print или цветен принт Сите сме поплавени од овој цветен принт! Убав е, нежен, шармантен... ама кога се гледа на секое - здосадува, и сите изгледаат исто. Да, јас имам една туника, цветна - горниот дел е чипкан и е пренежно! Си го купив од Охрид (само 2 имаше во бутикот)... одам Скопје... и се разочарав кога го видов скоро во сите бутици... Ама тоа е. Исто - зависи каков е принтот! Овие не ми се допаѓаат А овие ми се допаѓаат
Flower print или цветен принт Да, да, ДА за цветниот принт !! Го сакам и ми се допаѓа. Секако не се, но повеќето работи да. Имам блузички, фустанчиња и последно си купив цветни сандалки и сите си ги обожавам
Flower print или цветен принт Ми се допаѓа, но само ако не е претерано. Интересен е во секој случај, но јас лично не го носам многу често. Некако не е мој стил.
Flower print или цветен принт Ми се допаѓаат најмногу ги носам пролет и лето некако ми се весели разиграни
Flower print или цветен принт Имам од лани еден убав цветен фустан , ама летово многу е актуелен принтов/трендов и не купив мислам ништо цветно летово
Flower print или цветен принт Ми се допаѓа цветниот принт, ме потсетува на пролет. Би носела, но мали додатоци како алки, марами, обетки, каиши, а додека блузи и панталони не сакам да носам и мене ми изгледаат како од баба ми земени. И по можност овие мали додатоци да бидат бледи бои, светли и нежни. Не сакам нападно да изгледам. Спојлер
Flower print или цветен принт Цветниот принт е сега она што беше чипката во зима. Нежно, убаво, женствено, преубаво.....ама ужасно досадно кога цел град е унифромиран. Имам вакви паричиња, а најверојатно и уште ќе купам, неизбежни ми се периодов и сакам да ги имам. Лани се убив од барање цветна сукна и ништо па сега е моментот за залихи
Flower print или цветен принт Мене баш ми се допаѓа цветниот дезен. Имам неколку парчиња, и често си ги носам. Единствено што не ми се допаѓа се чевли со цветен дезен, особено оние како патики што се. И да, да не е претерано со тоа што цела облека со цветови е, се знае како се комбинира секој дезен.
Mи се допаѓа но се додека не е нападно. Во тоа се подразбира или блуза или суќна во цветен принт, никако и двете. Ми се допаѓаат и цветните штикли, патики, балетанки, римјанки, блузи, корсети, суќни и аксесорис Ама хулахопки или панталони неможам да смислам а не пак да облечам. Тоа ми е веќе ептен кич.
Мене многу ми се допаѓа цветниот принт, особено парчињата со помали цветови. И сакам цветни чевли а никаде не можам да најдам