Го обожавам цветниот принт. Нежен е но во исто време и модерен. Повеќе го сакам кога е обоен во слатки, пастелни бои но и во посилни бои може да биде прекрасен. Девојки во цветен принт ме потсеќаат на нежна роза во градина. Едноставно плени!
Го обожавам...Имам едно фустанче,нешто како корсетче си го викам јас не знам како да го опишам има танки прерамки,и венче али не знам со што да го искомибнирам...Иако го сакам,не сакам да се пренатруповам со вакви алишто по што не знам дали и следното лето ке се носат,па само да ми стојат во плакар. Еве некои слики што ги имам зачувано во компјутер.
Ми се допаѓа, имам неколку парчиња, фустанчиња две, некоја маичка и најновите потколенки ми се со цветен принт , немам обувки со цвечичи
Мразам што се што е во мода почнува да ги уништува моите гледишта. Сакам анимал принт во умерена доза, цветен принт, морнарски стил, оние огромни венчиња со пердуви што ги знам уште од пред 3 години од јутуб, кожни хеланки и така натаму. Како што стапија во мода прекинав да ги носам. Кога излегов прв пат во град со хеланки демек кожа, ми се смееја и добив садо-мазо коментари. А потоа навала кон истите имаше. Ете ги сега ми се гади од нив, иако многу смислени комбинации чекаат да бидат носени. Се уште не ми е целосно згаден принтов, ама каде и да е... И морам да кажам, Блумарин имаа фантастична флорал колекција пред неколку сезони.
Јас си го сакам принтов се додека е умерено, убаво и не пренатрупано.Не ги сакам сите можни видови на цветен принт, но ми се допаѓа. Порано ми беше повеќе уникатен и интересен, ама сега се е преплавено со цветен принт и изгледа премногу униформирано. Еве нешто што јас би носела..
Искрено, ми скурчи! Секаде, секоја, мали, големи, на чевли, фустани, секаде го има Јас не сакам толку шаренило, има слатки работи, на некоја ми се допаѓа како и стои, ама лично на мене, и покрај многубројните обиди да купам нешто, нееее, не се бендисав Мене ми е убав оној цветен принт кој е со две најмногу три бои, и со големи шапки, не сакам милион ситни цветичи распрскани по црна основа Не велам не, можда ќе ми падне в раце некое парче што ќе го купам, ама сигурно нема да биде ко робчето на баба И плус, јас сакам универзални работи, колку и да се досадни, а не нешто што летово е хит, а в година ќе биде „срамота“ да се носи
Немам ама баш ништо цветно! Т.е. имам една шнолка, ама не носам шноли, зошто ли ја купив . Вака на слики ми изгледа преубавоооо. Ќе се повторам како и мн девојки над мене нема шанси да биде единствено, сигурно ќе сретнам низ град уште најмалку 2-3 девојки со исто или слично на моето, ама и покрај тоа да сретнев кај нас нешто што ми се допаѓа ќе си го купев. Ама некако не ме привлекуваат парчињата низ нашите продавници Многу сакав цветни патичиња, ама не најдов. Можеби ќе си купам сепак некои вакви балетанчиња
Не носам и не би носела,но сепак има некои слатки комбинации. Убави ми се оние понежните, кога ќе се одберат две или три понежни нијанси на цветови и се на позадина која исто така се вклопува и одговара на цветовите. Нешто вакво: Спојлер
Имам неколку маички, минатата година купив чевли со цветен принт, премногу ми се допаѓа, ама се разбира-се што е претерано-лошо е. Хулахопки-цветен принт-eww
Да, да, да, да за цветен принт. Тоа ми се допаѓа за разлика од аминал принтот, туку ај да не фаќам оффтопик. Значи, колку што јас се разбирам од мода во последно време хит/тренд е цвениот принт. Во мојот плакар се наоѓаат многу фустанчиња со цветен принт кои ги обожавам! Но, не ми се допаѓаат парчињата кои изгледаат како да им се истурила палетата со бои. Сепак, тоа е цветен принт и сето тоа, но нека биде со вкус. Добра комбинација на бои секогаш ценам!
Уууу ги сметав за лигави искрено, ама што си најдов едни убави две фустанчиња (додуша на едното цветчињата се ситни како точки), го сменив мислењето дефинитивно. Преубави се ако боите и дезенот се убаво искомбинирани и ускладени, а не само нафрлено шаренило на една педа.
До ланската година ако памтите цветниот дезен беше селски дезен комплетно аут неколку години исто како чипката, а годинава ми е преку глава од него. Имам една чанта на подарок и сукња со големи цветови и доста ми е. Досадно е, сите го носат. Некој спомна одиш во град и гледаш 3-4девојки со цветен дезен. Јас ја гледам секоја втора во цветичи. И да го неќам и нема ништо да купам со него. Не дека не ми се допаѓаат цветните фустанчиња летни за на плажа, ама несакам да сум во масата луѓе кои лудуваат по она што сите го носат Само од еден принт никогаш нема да се откажам. Ригите!!!
принтови со големи цветови неможам да смислам, па кога ќе ги видам на фустан баба ми има такви што и стојат во плакар од којзнае од кога, она несака да ги носи.. *ама ситни, баш ми се супер па и ако е некоја бебешко розева..
И јас кога прв пат ги видов овие со цветчиња се изнасмеав за бабските материјали. Ама ете пред некој ден си купив убав розов фустан со цветчиња. И на баба ми ке и купам па заедно да шетаме....хахаха Инаку ми се допаѓаат дека се многу женствени па во комбинација со панделки ептен се добри ваквите дезени.
Ми се допаѓа, но немам многу такви парчиња. Тие што ги имам си ги носам и се стари повеќе од 2,3 години. Овие сега што се ин некако ми се многу излитени, дали боите ги комбинираат така или пак до материјалите е не знам. Ако најдам нешто што ми се допаѓа можеби ќе го купам. Инаку ми пречи што сите девојки наликуваат една на друга со цветичиве, не знам дали сум во град или во цветна градина
Многу накитено за мој вкус, а многу исфорсирано за мои стандарди. Во мојот плакар можат да се најдат некои стандардни цветни принтови, купени во некоја мината сезона и кои веќе не ги забележувам како нешто што цела маса народ носи. Терков кој се тера сега, ме потсетува на некој отпаден материјал од венчињата за коса што сме ги носеле во градинка. Уште помалку ме фасцинира доминантноста на боите - боите не се свежи, туку личат на парче облека стоено на сонце со години. 2 од 3 девојки сега носат цветови врз себе. Третата која не носи, или едноставно нејќе да е како сите или сфатила дека не стојат на секого (како мене некоја). Од цветните принтови еве што мислам дека нема да излезе од мода Спојлер Овие хавајкиве и сличните на нив, рана на срце ми се... На мажите не им се стемнува од цветниот принт во нивните летни денови, секоја сезона. За мене пак, се е минливо, само карираното е класика.
Баш и не поседувам нешто со цветен принт.... барем во моментов не ми текнува. Можеби некоја марама или пар обетки. А и повеќе ми се допаѓа кога аксесоарот е со цветен принт, така некој малечок детаљ, отколку некое парче облека. Спојлер Еве нешто што ми се допаѓа: