Просто кажано вљубена сум во цветниот принт. Имам разни фустанчиња во цветен принт, марами, акцесоари..
ми се допаѓа и искрено на почетокот не го свиѓав баш и јас ама откако видов неколку парчиња стана дел од мојата гардероба
Да ми се допаѓа но немам некое парче со овој прин купено сеуште, а би сакала шорцеви или некое фустанче.
еве уште неколку незз зошо ама не сака повеќе од 5 слики во еден пост па ајде нека каже сега некој дека не го сака?
Ми се допаѓа овој принт и во мојот гардаробер можат да се пронајдат некои вакви парчиња. Кога добро ќе се искомбинира, овој принт може да се претвори во совршената комбинација. Парчиња што лично мене ми се допаѓаат. :up:
Имам неколку парчиња во плакарот со цветен принт. Но во последно време е како униформа, секоја втора девојка на улица мора да има некое парче со цветови и баш поради тоа почнав да го избегнувам. Инаку ако е добро искомбиниран и со вкус тогаш супер ми изгледа- женствено , романтично, а се друго ми изгледа премногу кич.
Ништо немам со цветен принт, замислете! Незнам некако, кога ќе излезам само цветови околу мене, па некако ептен нападно ми е ова со фустанчињата, сукњички, корсетите и се цветови во различни бои! Убаво стои и ми се допаѓа, ама ете сакам малце да разбијам монотонија па не сум си купила ништо цветно сеуште!
имам неколку фустанчиња ама не се цели цветни него со две три цветчиња на нив...а инаку цело цветно ЈОК
Не сум помодарец, или барем јас така се чуствувам. Носам тоа што мислам дека ми стои, што ми се допаѓа или едноставно тоа се парчиња во кои се пронаѓам себеси. Да бидам искрена пред неколку години купував тоа што другите масовно го носат, но како созревам се повеќе и повеќе внимание посветувам на изборот на гардероба. Оваа сезона кога се актуелни цветичи на се, јас купив само две цветни парчиња, едни целосни панталонки кои се неверојатно лесни, удобни и опуштени и една маичка која ми се допадна штом ја видов на излог и толку. Не дека имам свој изграден стил туку ете несакам да се стопам и јас во масата која е „расцветана“. Ми се допаѓаат цветови но во умерени количини но дда бидеме искрени не одговараат на сечија фигура, затоа треба посебно да се внимава при нивно комбинирање.
Нешто многу го форсираат цветниов принт по нашиве бутици, ама мене не ми се свиѓа ич.Стилот ми е по...спортски и повеќе сакам маички со принтови....Можеби и би пробала некое фустанче со цветен принт,колку да видам како ми стои...
Се расцветавме сите а? А што би рекла една скопска урбана машка препознатлива фаца, некои и буквално Цветен принт? Хм. Се што е многу, не е на арно. Го претераа со принтов. Година дена наназат од кога почнаа да ги спремаат пролетните колекции ништо друго не гледам освен цветен принт. Винтиииииџ! Цветичииии! Јуриш! Досаден е ама страшно многу! Имам цветичасти работи во мојот плакар, дури 2, но тие ми седат така веќе 2 и кусур години - што значи јас сум расцветана одамна Некни загледав во некое списание, мислам Јуник, цветни предлози за облека - цветно со цветно и на крај пак цветно. Тоа ти е ко некој да те тера да изедеш кило кадаиф и баклава и да залееш со боза. Па ти иде да повратиш. Не знам. Има убави парчиња не велам не, ама бидејќи јас сакам едноставност, цветно би избрала само едно парче а се друго да е еднобојно. Тоа е тоа. Премногу ливади предизвикуваат алергија, барем кај нас кои сме алергични на полен
Мене замена за цветниот принт ми се индиските шари, кои со години ги имам во плакар. Цветен принт не сакам нешто посебно, освен ако не се пронајде некое убер прекрасно парче што ќе ми фати око. Ама и јас како Пирамитка, мислам дека во комбинацијата доволно е само едно цветно парче, а се друго еднобојно, не ми изгледа убаво кога ќе видам некоја девојка како подвижна икебана.
Цветен принт мојот омилен како и блузичките со линии. Мислам дека оваа година претерав 90 % од плакарот ми е во овие два принта!!! =)
Немам многу парчиња со цветен принт (една сукња и фустанче) ама обожавам да ги носам. Ми изгледаат многу нежно и женствено (зборам општо)