Кога се појави на почетокот на сезоната, на прв поглед воопшто не ми се допаѓаше и се нервирав што сите продавници беа преплавени со цветни дезени. Изгледа не бев навикната на такво шаренило. Ми се допаѓа тоа што може да се носи на повеќе начини бидејќи тој дезен може да се искомбинира со повеќе бои (поединечно ) Сепак немам многу вакви парчиња
Како може бе цветно да ви е убаво... добро се е до вкусот... пример јас не сакам никој да навредам ама воопшто не сакам цветно .... не носам ... ме асоцира на селско нешто па ако има и плетенка девојката ах леле
Го сакам цветниот принт и многу ми се убави парчињата со цветен принт , некако женствени ми се но јас сеуште неман нешто така цветно во мојот плакар , можеби затоа што секоја 2 девојка така е облечена и не сакам и јас да бидам иста како сите други
Многу ми се допаѓа цветниот принт, не само на облека туку и на други работи,кога го има ми изгледа многу поубаво. Едноставно привлекува внимание, делува пријатно, весело. Ова лето се подновив со неколку нови цветни парчиња
Леле кога беа сите продавници полни со цветни парчиња ау! Не ми се свиѓа баш и немам ништо у плакар цветно
Обожавам, ама не она во сите бои цвеќенца, туку одредени бои да имат принтот, на пример цела основа на блузата една боја цветчињата друга, толерирам и трета боја ама ептен шарено не сакам, ако ептен ми се свиѓа и убаво ми стои парчето колку сака нека е цветно ако се заљубам во него би го носела зошто да не, цветниов принт ми е создаден како за во лето.
Пред неколку месеци, кога се уште не беше толку актуелно, многу ми се допаѓаше. Постојано на интернет налетував на интересни фустанчиња, маички и слично. Се уште ми е многу слатко кога во некој бутик ќе видам ваков дезен, најчесто за нив се залетувам прво, но и одбивно ми е кога ќе видам како целиот град шета во цветни фустанчиња. Имам неколку парчиња облека и се уште не ми е здодеано да ги носам.
Коgа се појави на почетокот не ми се допаѓашее и дури не сакав да се опулам по излозитее поштоо сетоо бешее цретноо...но подоцна почнав да го засакувам и сегаа си го носам сталноо.
Како што не треба да се претерува со анимал принтот, така треба да се внимава и со овој. Не сакам да гледам многу цветна девојка и тоа треба да се комбинира со вкус, едно парче цветен принт е доволно. Љубовта кон овој винтаџ дезен веднаш избледе кога се искомерцијализира и кога се претвори во униформа, така да сека нема шанси да купам нешто со цветен дезен и мн малку го носам.
Ми се допаѓа,ми изгледа нежно како за женско,но јас не би го носела бидеќи секоја девојка го има,јас лично немам ништо против тоа,но немам ништо цветно во мојот плакар
Ептеееееен ми се допаѓа цветниот принт, поготово сезонава преубави парчиња облека има со цветен принт.
Баш ми се допаѓа цветниот принт. Летно,комотно,убаво, нежно. Имам неколку парчиња цветен принт во мојот плакар.
Јас не го сакам цветниот принт, не можам да го поднесам, одвратен ми е, дали со мали или со големи цветови сеедно, не ми се допаѓа, ме потсеќа на мушамите баба ми што си ги поставува на масата .
Цветен принт , хм.. Ми изгледа нежно, а сепак толку женствено. Многу ми се допаѓа, цветно, ме расположува. Имам неколку парчиња.Одлично се вклопува во стилот.
Го обожавам цветниот принт сакам се што е со цветови, шарено, разиграно. Имам доста парчиња со цветен дезен. Дали големи или мали цветови сеедно ги обожавам сите, и ги преферирам светлите бои, ми се допаѓаат јаките бои, иако имам и облека со потемни бои и цветови. Се чувствувам баш весело, кога сум облечена вака со цветчиња, абе просто како најубаво цветче и јас си се чувствувам