Не ви здосадија веќе цветичиве и ваквите тракатанци !? Ми беа прекрасни на почетокот, уживав - и уште уживам во убаво цветно, апла пролетно парче облека, ама секоја втора со цветни дезени, нејсе. - Веќе видено. Сакам нешто ново.
мене многу ми се допаѓа цветен принт, било да е футанче, маичка, чевлички. ајде ставете слика ако имате некој модел... ги видов претходниве, мислев ако имате уште комбинации
Hе ми се здосадени и си ги носам, т.е ги обожавам цветните дезени, имам еден куп фустанчиња, и баш си ги сакам подобро нешто цветно,онака баш женствено ми е, за разлика од некоја винтиџ ципела со коцка дебела штикла што не би шармирала апсолутно никој од машкиов род!
Кажав во одредена тема дека не пратам модни трендови. Се носам во тоа што се чувствувам удобно, а тоа е нешто што го нема цел град. Ја мразам таа униформираност. Така беше и со цветниот принт и со морнарскиот и со незнам уште кој друг. Денес го има во една продавница и го имаш само ти, а веќе утре го има низ цел град и го имаат и останатите. Можеше да се најде по некое добро парче со цветен принт, но беше ретост. Единствено од цела цветна сезона ми се допадна едно фустанче. Веќе и продавниците се празнеа со цветовиве и пристигнуваше некоја нова колекција, ама пусто Македонче не попушта цена. Каде на почеток се набилдани цените, па и на крај не попуштаат бе. Да се навратам на темата. Некој додаток би можела да имам, но цела да бидам цветна, не би.
Стилов како стил ми е многу убав, нежен, женствен, весел. Многу ми се слатки алиштата, и аксесоарите, и чевлите. Ама цел град е униформиран во цветиќи, секоја втора истото парче го носи.Сите носат, и јас ќе носам, па ми се допаѓало или не е работава. Или пак некои некои до вчера „заколнати“ металци и рокери, само во црно што одеа ги гледаш се расцветале, или некоја што до вчера идеше со ци*ките на мегдан и шорцеви до пи*ка ја гледаш цветен фустан, цветни балетанки, цветни алки и врвот - цветни наочари . Исто ме нервира од глава до пети цветно, џоа цветна градина пред тебе. Како ова: -Парчињата посебно се убави, но вака е ту мач. А еве и преубави парчиња:
На фустанчиња и на здолништа обожавам, но на чевли и накит ми е премногу. Си имам цветни парчиња во мојот плакар и лично ми се допаѓаат, му даваат некоја свежа и весела нота на мојот изглед. И да, моето правило, што помали цветчиња тоа подобро...
Не ми се допаѓа...Воопшто не ми се допаѓаат штиклите со цветен принт Но, кратките пантолончиња и долгите сукњи се подобри :up:
Преубаво нешто. Прекрасно. Се ми се допаѓа, до некоја граница. Секако не е убаво од глава до пети во цветно, ќе изгледаш како цвет што се движи.
Цветните принтови ми се слабост и изобилувам со таква облека и аксесорис. Исто така и цветните детали ми ја разубавуваат скоро секоја комбинација и секој пат кога сметам дека изгледам монотоно ставам по нешто цветно во сооднос со боите. Никогаш не мешам облека со различни принтови па така и ова не е исклучок и претпочитам мали цветови во нежни пастелни бои. Премногу ми се допаѓаат и чевли со ваков дезен ама нажалост до сега немам најдено тука соодветни.
Кога повторно се врати оваа мода си реков.. Што е ова шарени глупости во боја ?! Но сега ги обожавам. Имам неколку летни фустанчина,кои си ги купив во летото. И ептен ми се слатки
Обожавам цветен принт Пола од маичките дома што ги имам ми се токму вакви.. Исто и марами многу имам вакви. Интересно изгледаат кога ќе се искомбинираат со нешто. НО, никогаш не сум облекла повеќе од едно парче на облека со цветен принт на мене. Мислам дека ќе изгледам пренатрупано. Претпочитам да купувам облека со принт на помали цветови и со понежни бои. Несакам некои ептен упадливи во очи.. Особено ги обожавам цветните хеланки
Епа убави ми се цветните облеки , обожавам нешто цветно ме потсетува на среќа,радост . Ама кога станува збор за цветни штикли Едноставно неможам да ги поднесам . Незнам зошто ете . од првиот пат кога ги видов , од тогаш не сакам да чујам за такви . Ете така едноставно неможам да ги поднесам , неможам да ги гледам а пак кога станува збор за нив Спојлер А за облеката немам ништо против убава ми е , и носам таква .
прекрасен е принтов, многу повеќе ми се допаѓа од анимал принтот. Многу ми е женствен,весел....едноставно речено прекрасен