Цветен принт еден од моите омилени.Го носам но не сум многу зависничка од него.Било каков се ми е исто дали е со мали или големи цветови или во светли или драч бои.Едноставно да е цветно.
Обично, не сакам да носам парчиња облека што секој ги има. Но, принтов нема кој го нема! Прекрасен е, го обожавам. Од блузи, сукњи, пантолони, хеланки, патики, балетанки, апостолки, кошули, фустани, очила... абе се обожавам. Ме потсетува на пролет/лето, прелесно се комбинира, а толку е симпатично на изглед, да ти е мерак да го носиш.
Сакаааам и носам.Имам марама,шорцеви,фустанче и штикли со цветен принт.Но го сакам кога е умерен,а не цела во него.И го сакам кога е во посветли бои
Цветен принт носам само за по дома и тоа еден фустан што го купив 200ден во она Пренди. А иначе не обожавам да носам вака за излегување некаде, за прошетка натаму наваму НЕ!
Обожавам цветен принт, сакам вакви шарени нешта многу позитивно ми дејствуваат.Имам некој парчиња облека со цветен принт , но ќе купам уште.Од нив никогаш доста!
Сакам нежен цветен принт . Нешто убаво, нежно , но и впечатливо . Имам само една сукња од мама во цветен принт. Друго не ми текнува Oсобено ми се допаѓа цветен принт на долниот дел од некоја блуза или фустан. Многу ми изгледа убаво цветен принт на црно или некоја кремово парче облека со мали цветчиња. Не ми се допаѓа машка цветна облека. Сепак цветот е симбол за нежност . Ова никако -смајлиштосекрсти Не ми се допаѓа ниту ептен начичкан цветен принт. Како ова Еве нешто што ми се допаѓа
минатото лето кога постојано сите носеа цветен принт јас се бутав у морнарско воопшто не ми се допаѓаа , ама во трговски кога си шетав наидов на топчиња (корсети ги викаа) во цветен принт и многу ми се допаднаа Преубави се некои парчиња , но несакам нешто премногу шарено не е во мој стил