Африканска темјанушка (19.02 – 20.03) .... ....На темјанушката најмногу ѝ одговараат калинката, ирисот, врбата, багремот, липата и орхидејата. Ги сака цвеќињата и со задоволство одгледува собно цвеќе, најчесто камелија. Мирисите на бергам, јасмин, темјан и босилек делуваат смирувачки на овој знак. На многу темјанушки им се допаѓа мирисот на канабис и мошус. Доколку се во можност, живеат во куќа опкружена со градина и во близина на вода........ .. ......леле ама имало видови на хороскопи........хахаа............
Јоргован (22.12 – 20.01) Јоргованот е интровертен, иако делува многу комуникативно. Се смирува со помош на есенцијалното масло на бор, елка и бршлен. Ги сака камелијата, магнолијата, јасминот и розата. Есенцијалните масла од овие растенија го нормализираат тонусот на јоргованот и му го враќаат ентузијазмот. Јоргованот сака силни ориентални парфеми со есенција на мошус, сандалово дрво, како и слаткиот опоен мирис на фрезија. Цитрусните есенции го смируваат јоргованот.
Камелија (24.08 – 23.09) Овој пребирлив и навидум смирен знак секогаш сака да знае на што е и да ја има ситуацијата под контрола. Заради лесно раздразливиот нервен систем сака убави цветни аранжмани кои делуваат смирувачки. На камелијата ѝ одговара мирисот на покосено сено, нарцис, бадемов цвет и вишна. Овој знак сака бледо жолта боја, па според тоа треба да биде во близина на невен, фикус или тераса со ползавец. Од парфемите најмногу ѝ одговараат оние кои содржат есенција на нарцис, цимет или коријандер. Етеричното масло од бергамот може да ја смири камелијата.
Роза (21.04 – 20.05) Овој еротичен знак лесно им подлегнува на сопствените страсти и другите животни задоволства. Не може да му одолее на мирисот на мошус, роза, јасмин и темјанушка. Јаките мириси, како што е мирисот на зумбул, може да делуваат смирувачки. Тоа важи само за претставниците на овој знак кои треба да се оттргнат од апатијата, затоа што розите се по малку бавни. Како големи хедонисти, уживаат во ориенталниот мирис на сандалово дрво, праска и бонсаи. Розите ѝ подлегнуваат на меланхолијата, посебно ако љубовта не им е возвратена. Во тој случај, мирисот на јоргован може да ги оддалечи од летаргијата. Интересно и точно
Крин (23.11 – 21.12) Овој знак повеќе ги сака дрвјата отколку цвеќињата. Ако сепак се одлучи за цвеќе, тоа е некој голем аранжман како филодендрон, или повеќе бонсаи дрвца на едно место. Сака полско цвеќе и му одговара мирисот на праска и цреша. Од дрвјата ги преферира багремот и палмата. Парфемите со есенција на липа, фрезија и коријандер се најдобри за овој знак. На кринот му се препорачува есенцијално масло од нане и портокал. точно
Ирис (22.06 – 22.07) Ирисот се обидува да делува смирено затоа што мора да научи да ги контролира сопствените емоции. Му одговараат цвеќиња со ладни пастелни тонови, како темјанушка, бел и син крин и гераниум. Овој знак сака да биде опкружен со мали саксиски цвеќиња и многу зеленило, како што е папратот. Кога подаруваат цвеќе, тоа е во сино-бела комбинација, каков што е и самиот ирис. За да постигне внатрешен мир потребно му е масло од темјан, босилек или портокал. Не е точно.
Јасмин (21.05 – 21.06) Весел и ментално активен, јасминот нема трпение да одгледува собно цвеќе, но сака лесни цветни парфеми и етерични масла со примеси на орхидеја и лаванда. Токму мирисот на лаванда треба припадниците на овој знак постојано да го вдишуваат преку миризливи свеќи, свежо цвеќе или суви цветови ставени под перница затоа што често имаат кошмари. Кога ќе се заљубат сакаат малку појаки мириси, како што е мирисот на липа. Од боите им одговараат жолта и портокалова, па затоа треба да бидат опкружени со жолти рози, јасмин или фрезија која ја буди нивната креативна енергија. мхм
Ирис (22.06 – 22.07) Ирисот се обидува да делува смирено затоа што мора да научи да ги контролира сопствените емоции. Му одговараат цвеќиња со ладни пастелни тонови, како темјанушка, бел и син крин и гераниум. Овој знак сака да биде опкружен со мали саксиски цвеќиња и многу зеленило, како што е папратот. Кога подаруваат цвеќе, тоа е во сино-бела комбинација, каков што е и самиот ирис. За да постигне внатрешен мир потребно му е масло од темјан, босилек или портокал. Ау не!