^ Е фала ти сега што ми објасни. Смешни сте веќе стварно. Само да се направите паметни за нешто, ама кога ќе ви се спушти не е убаво, епа не е убаво. Мене поентата ми беше, зошто мора да се најде паметна, да му каже на некој друг што се израдувал за цветчето ко она што се радувала. Ама кој да разбере. Ај може за некоја година.
Е, навистина, сега, неможам да те сфатам... кажуваш дека разбираш, а пак не разбираш! ЧИТАЈ РЕИН ЧИТАЈ!!!!!!!!! И не се правам важна, туку ја разбирам нејзината болка и мислам дека треба да се почитува правилото за еднаквост. Ти тука како администратор, не почитуваш правила. Јас би требало да ти се смеам на ова.
Добро де пишала пишала нека. Сум го пишала кога сум била почетник и кога цветчето ми беше интересно. Сега не ме интересира ни за цветче ни па ми е гајле што само бојата се сменува. Тука сум дојдена да прочитам нешто интересно да си напишам ЛП со тие со кои што комуницирам и тоа е тоа. Тогаш не ни имав друштво нова бев и тоа ми беше интересно,сега не. Во ред е Папи не се нервирај ти. Можеби добронамерно е напишано да се насмеете малце и на моја сметка ајде уживајте си и ако сакате овие оф-топици треба да се избришат. Добро тоа е работа на модераторите.
Девојко знаеш ли кој е администратор или воопшто што значи тоа? И дали навистина мислиш дека тоа е Рејн? Бравос бе девојче,се бунтуваш а појма немаш како стојат работите.. Добро кажа Рејн,можеби ќе сфатите за некоја година
Мислам дека најдобро би било кога би ги мереле тие стрелките под цвеќенцето, колку лајкови има некој добиено на некое мислење. А инаку може некој да си пишува и да си пишува...па што? Спојлер Ееехее...Со каква мака се добиени тие цветчиња Спојлер Е добро де ни јас немам многу такви па што сега?
Дечишта. Остај ги сакаат да се истакнат малку да ги забележиме дека многу созреале,ја на 12 години интернет немав дома се валкав у песок пред зграда,а они тука за цвеќиња се караат и тоа со многу повозрасни од нив,патетика.
офф-топик:Мислењата од кафе-муабети и форумски игри не се бројат. он-топик:Честитки за белото цветче нека ти се множат!
Ајде јас покуса да не сум добив жолто цвеќе.Не викам дека не ме израдува,само не ми значи како порано кога се зачленив и кога се правев за цветче(признавам ). Инаку честитки Голден,а честитки и до останатите со нови цвеќенца.