Цвеќенцето некои ги тера само да пишуваат повеќе мислења, без разлика да вредат, а пак на некои им удира во глава, дека ако имаат боја од типот црвена или розева, дека нивниот пост ќе биде нешто свето на форумот. Квалитетот на било кој член не е диригиран од бојата на цветчето. Цветчето е само број.
Честитки и од мене,мила.Мило ми е што напочетокот се запознавме,кога дојде овде. Каде беше,некое време те снема?
Точно така. Бројот на мислења,и цветчето кое се добива според нив,не е показател за тоа колку квалитетни и издржани мислења има некој член тука.Цветчињата точно дека ја покажуваат активноста на форумот,но секој активен член не значи дека има и квалитетни мислења. Јас би сакала повеќе цветчиња да има и да се менуваат,некако ми е интересно,и не се ограничувам дека морам да имам виолетово цветче,мислејќи дека тука сум нешто посебно. Имајте 10 мислења ама нека се квалитетни,подобро така одколку 100, но нити едно квалитетно. Честитки на сите со нови цветчиња,и не брзајте да стигнете до ,,највисокото,, со без-врска мислења! Ова секако како совет прифатете го,не како солење памет!