Јас не ни знаев што се отклучува и што ми се овозможува да гледам ако добијам некакво, било какво цветче, случајно видов кога добив сино и отворив и поинтересно е така, баш ме изненади. Истотака и форумов случајно го приметив штракајќи на фемина и читајќи новости за славните, па станав членка откако го разгледав. Убава случајност
А што сте се запнале толку со цветчињава, букет ќе правите? Уживајте и дружете се, разменувајте искуства,помогнете во невоља,донирајте средства на тие што им се потребни и давајте квалитетни мислења.
А не ми е јасно што сакате да постигнете со тоа трчање по цветчиња??? Да не ви дават пари ако добиете зелено или розево цветче.Па не е ова игричка па ајде да се тркаме кој побрзо ќе го постигне рекордот. Пишувам мислење исклучиво кога имам нешто да кажам на некоја тема а не секакви глупости.Така да стварно не ми е јасно што се дига толкава фама околу цвеќенцето .
потполно се согласувам.. не е важно колку мислења си напишал, туку дали тие мислење се навистина корисни..
Аирлија работата ,Заљубено111 ,побргу да стигнеш до наредното цветче Мене ми фалат уште стотина мислења за ново цветче ,ама кога ќе го добијам ќе ви се испофалам на сите
Да можам сега, пола и повеќе мислења би си ги избришала, ама да можев.. Порано и јас си трчкав по цвеќенце.. Само коментирав, по 2-3 зборчиња.. И тоа најчесто од досада, а сега кога ми е досадно, си одам фино-лепо у форумски игри.
Јас дојдов да се бунам за боите. Ахам, да! Видете што убавко е ова виолетовково на Хипи, а јас сега кај и да е, ќе заглавам со тоа ж'тата, бојата на проливот. Па и најдолго време тоа останува. Многу бе вие, ербапи. Нејќум бре жто, нејќу! Предлагам виолетовото и жтото да ги сменат местата. Само еден ќе има жолто и нема да има право да се буни, а ние со виолетовките ќе бидеме среќни и задоволни. Ноу хард филингс фор Хипи.