А после 10 000 кога ќе заглавиш засекогаш со жолто? Подобро розево, зашто и така и така нема. (веќе кога се буниме)
Може (читај - сигурно) ќе звучам како оние познатите групи на фејсбук, ама инспирејтед бај Дузи, морав, едностравно мо-рав! Ај да се собереме сите ожалостени форумџики кои заглавиле или се печени да заглават со жолтото цветче, да ни го сменат, барем, штознам, нека биде портокалово, темно љиљаково, било какво, само не жолто. Кај и да е ќе ме стигне и мене. Ама нејќам жолто! Знаете како одат работите кај нас - сваки муто носи жуто! Епа нејќам бе, не сум ја муто!
Пожолтев и јас. Не од завист де, туку од цветиЧов, . И згора на се‘ ми асоцира на нарцис (жуто цвече љубав нече) и муабетот ми е, ако има петиција за смена на жолтово, потпишувам и јас. Кутрото тоа уште од прв ден се откажав од него.
Ех јас од кога ги молам А ако нема бои, еве мене лично најмногу ми се допаѓа плавото (после виолетовото, нели), и многу убаво си оди со линијата розевка, па ако ништо друго нека ги заменат, од 100-500 мислења, и така не се многу, нека биде жолто, а пошто со ова другово треба да тераме 4000 мислења , нека биде плаво, или некоја таква, убавка боичка. Или, во моментов уште една идеја ми дојде, еве 10000 нека биде шарено, секое ливче во различна боја која поминала, а ова нека биде виолетово. И дајте некој абер, ќе ја биде или џабе веземе тука.
Знае дека е прво белото па синото, но не го кажа тоа во таква смисла. Го кажа во смисла дека нејзе најмногу и се допаѓа виолетовото, па после него, синото. Така бар мислам. Спојлер Енца, извини што си зедов за право да одговорам во твое име, се надевам нема да се налутиш.
Мислеше по убавина, прво виолетовото и е убаво па синото. Мене највише зеленово ми се свига, и најмногу ми одговара со лентата. Инаку белата рада не ми се свига, и жолтото (а ме чека, уште малку). Па мој предлог, може наместо бела рада, жолто, и така трае само 50 мислења. Па сино, па зелено, и после може црвено па виолетово и на крај разнобојно. Само незнам дали предлозите ќе ни бидат прифатени, поради тоа што многу досега ги поминаа повеќето бои. Нема да биде фер за нив...
Еј де , таман работа да замерат, ги поминале, ги поминале, трајни последици по нив нема, а на нас ќе ни биде померачки престојот на фемина Едит - ГараповаВ и Лов, благодарам, да на тоа мислев, ама баш лошо сум ја склопила реченицата.
Јас мислам наместо жолто да стават розево, ќе ми одговара и на аватарот, и на потписот и на лентата . Или на 2500 . Ова настинатово ми се смучи веќе, а уште 3000+ мислења треба да терам .
^Само жолто за таквите како тебе, пребирливите. Па да ти дојде паметот! Дајте, аман заман, најдете друга боја за проливов жолт.