После една година активен член на форумов си добив и јас жолтко цвеќенце ! Јеј ! Само да нема полен алергична сум ! Ве љубам
Hа мене не ми е јасно кога ке добиеш розево цветче неможеш повеке да коментриаш???? Aко е така мило ми е што сум далеку од него
И јас конечно со зелено цвеќенце. Убаво ја краси лентата морам да признам. Има нови теми за зеленото цвеќенце или јас не ги гледам?
Еве го конечно моето мислење нумеро 1000, му го посветувам на форумов. Штом стиснам испрати ќе престанам да зеленеам, и ќе пожолтам. Кога дојдов на форумов, не планирав да се задржам и да напишам се што напишав. Полека се навлеков, но сеуште се трудам да бидам умерена, пишувам само кога имам што да кажам, и не ми значи ништо бројот на мислењата. Побитно е да се корисни, некому да помогнам, или да го кажам и образложам својот став, по некое прашање, отколку само да чкртам глупости и да имам илјадници глупи мислења. Кога ќе кажеш 1000 изгледаат како многу, а поради мојата умереност, ми требаа година ипол да ги напишам, и се надевам дека не ви станав или сум досадна. Ќе продолжам и понатака да пишувам, зошто форумов за мене е катче за релаксација и виртуелна дружба со непознати ликови, за кои знаеш многу, но не им го знаеш идентитетот. Останете такви како што се, зошто такви ве сакам .