И што е битно какво цветче имаш, да не делат награди за тоа Си пишувам онака кога сакам а бројот на мислења не го ни заприметувам
Да, навистина. И јас не сфаќам кога читам во темата радувања за цветчиња или пак имам уште толку мислења за да стигнам до тоа цветче. Мислам . Мене стварно не ми е гајле колку мислења имам. Што е до мене поубаво ми изгледаше зеленото, онака на око . Не разбирам зошто толку се крева узбуна. Јас кога нема што да напишам не ни пишувам, не ми е за џабе да полнам само број на мислења. Еве за една година на форумот имам скоро 2000 мислења, па и не е така малку ама несвесно сум ги направила. Пола ми се од фудбалските натпревари .
Ја на пример кутрата, една година ќе праам тука, едвај 400 мислења (и тоа во последно време редам повише бидејќи им обеќав дека за еден ден ќе стигнам до 500 мислења ) аха да месец помина, ја ни 30 мислења не напишав Не е битен квантитетот, битен е квалитетот! И пет мислења нека имам, ама да вреди да се читаат. А ич не се замарам дали било жолто, зелено, розево, шарено. Која улога ми ја врши? Да ги подобруваше мислењата ќе се замарав
Се сложувам со Miss.Ricci Не е битен бројот на мислења туку содржината и квалитетот. Имам заприметено една членка за многу кратко време направи толку многу мислења а какви и се мислењата? По еден збор на тема, да-не, се сложувам, и поговорки, мисли и поуки, за секоја една и ново мислење. Отвараш тема и гледаш се едни исти си пишуваат на ден по 30 поуки во 30 различни мислења. Ја научив веќе па чим видам мислење од неа одма ја скролам. И да не бидам многу офф топик, девојки не се замарајте со цветчето подобро 50 мислења за година ама вредни отколку 3000 незначајни и постојано да ве скролаат.
Добро де, вие што не се радувате на цвеќенцето ваш проблем, не ни морате да ја отворате темава. Ние другите се радуваме, сме оставиле време на форумов да си пишуваме мислења, сме си достигнале некоја бројка и мило ни е, па ќе си се радуваме тука. Фала, пријатно.
^ Па и ние дојдовме тука да кажеме нешто. Реин, не мора да ја посетуваме темава само доколку се радуваме на цвеќенца. Темава е Цвеќенцето, а ја ете не се радувам па сакав да си кажам Ај не ми глуми лошка, коа ќе те начекам на чет ќе ти кажам убаво И Ким ќе ја викнам! Ај да не одам оф топик.
У право си барем за мене меркалиски поминато време со љубов јас уште сум на жолтко,штедам ама имам тенденција да стасам до виолетово Битно е да се квалитетни мислењата, а цвеќенцето и тоа е битно се е битно
Па никој не рече дека за тоа треба да се посетува темата. Ама одма мора мрчење зашто сме се радувале за добиеното цвеќенце. Мислам ако на некој не му е важно ок е, ама не мора да мрчи одма зашто на некој друг му било важно. На пример јас не мрчам како на некој не му е важно цвеќето, како некој може да се влечка со мислењата, си кажувам чисто за мене. Ама изгледа мрчењето е веќе тренд, па мора да се следи.
Ако имаше барем еден мрчаторски збор во мојот пост, ја ќе отстапам. Баш фино и културно си кажав што мислам. И никаде не спомнав нити некој што се радувал, нити додадов епитет на тие што се радуваат, нити се ставив над нив, нити навредив некој, нити посочив некој. Тие што сакаат да напредуваат со цвеќенцата нека пишуваат мислења, но нека бидат мислења од корист! Или па уствари како и да е, нивна работа, ја го правам она што го сакам
Па мрчиш, ми се закануваш таму на четот што ќе ми направиш Јас си се радувам на цвеќенцето, па ако на некој му е криво за тоа нека му стои.
Добро еве јавно ти се заканувам, ако дојдеш на чет земи си некој со тебе. Јас со Ким ќе те чекам И за сите што ги сакате цвеќенцата, сакајте ги, мене да не ме слушате! И на чет доаѓање никако Ајде више ќе претерам со оф топик, не ти парирам можеш delete да ми напраиш за џабе сум пишувала после ЕДИТ Ова ми го правиш за да ги зголемам мислењата...знам јас знам....