Девојки добив на подарок божиќно цвеќе. Ме интересира дали е потребно да биде во потопла просторија,поладна, дали сака повеќе вода и сл.
Здраво, го обожавам ова цвеќе, во Италија е традиција да се подарува или купува за Божиќ. За време на зимскиот период се чува внатре во просторија која е убаво осветлена ама никако близу до парно и никако директно на сончева светлина. Нема потреба од многу вода кога ептен земјата ќе ја осетиш сува стави малку водичка ама не ги мокри лисјата. Пресади ја во мај месец во поголема саксија за да има место и во лето извади ја надвор на тераса (доколку ја имаш) ама обавезно под сенка, никако на сонце. Барем јас вака правев, можеби некој е поексперт од мене, ама на овој начин мене долго ми живееше.
Сакам да посадам цвеќиња во двор , дали знае некој како е подобро со семинја или со пресадување на саксиски цвекиња во двор?
Имaм вo двoр oд ниските трендaфилчињa,пoлни се сo цвет нo листoви немaaт,и мн некaкo безвезе ми изгледaaт,кo исушени сo тoa грaнчињaтa гoли.Некoе решение,средствo дaли имa нз билo штo дa рaззелнaт дa се oпoрaвaт ?
знаете ли како му е правото име на цвекево.Го знам како шеќерче ама на интернет како такво ништо неможам да најдам за него.
Имам десетина чувар куќи ама цреповите им се огромни, татко ми ги садел. Сакам да купам некои помали, поштосни црепчиња и да ги пресадам, ќе им биде ли нешто? Иначе ги вадам еднаш на 7-8 дена и гајле немаат.
Немаат гајле, само гледај да ги пресадиш со се корен за подобро да се адаптираат. Исто така, нека не бидат многу мали саксиите бидејќи тие ќе се размножуваат па да не дојде многу често да се пресадуваат. Многу издржливи билки се, јас прво ги чував во саксија, меѓутоа ги пресадив надвор во камењар и сега растат поубаво од било кога. Ни од снег ни од мраз немаат гајле. И внимавај да немаат многу вода во саксиите, главно од тоа може да ти се уништат.
Жени пред месец дена си купив глоксинија и се беше супер додека не ја заборавив тацната со вода вечерта да ја истурам по саат време бидејки не сакала вода многу,па ја вадев на неколку дена преку тацната под црепчето.Сега ми умираат цветовите,а веке неколлу дена не ја вадам.Вака ми изгледа.Што да правам совет?
Немаш слика ставено. Јас едно исто го преполнив, па после го спасував со пресадување... И да ти кажам право сега гледам дека сум го спасила.
Еве ме пак,го пресадив цвекето вајда ке се спаси,ама решив и за секој случај да му пресечам лист и да си изртам ново.Е сега незнам само дали на светло треба да го ртам или на темно,и колку време се рти?На интернет само прочитав дека може и од кромпирот и од листот да се размножува,а колку време од листот неможам да најдам.Видео најдов резанки од лист се ставаат во пластични мали чашки со земја и се затвараат во кеса.На руски беше и не разбрав каде се чуваат и колку време.
На светло ,за две недели би требало да пушти коренчиња , ќе знаеш дали му одговара местото по тоа дали доле на дното кај што му е стеблото ,од водата се прават кругчиња.
Домакинки знаете ли нешто против вошки на цвеке.Имам едно целото стана со вошко како лепливи црни а како шербет да пуштаат на листот светка дури листов.Пробав со раствор од оцет ми кажаа ама еве ги уште се тука.
Јас прочитав на нет за спреј од босилок ,за инсекти на цвекиња . Кај мене помогна , се надевам и кај тебе . Во тенџере ќе ставиш 4 чаши вода да зоврие , па после ќе додадеш 2 лаж босилок да се вари 5 мин . И после откако ќе се олади ќе ставиш 1 лажица сјај (било каков) . Со прскалка испрскај и тоа е тоа =)
Се гледа дека нова сум во цвекарствово .Пак со прашање сум.Имам бегонија семпрефлоренс али мојава не цвета незнам зошто,а порасна голема како грмушка.Цветче ни за лек.Ја потхранував со течно губриво и пак ништо.Само нови гранчиња и ливчиња пушта цело лето а цветче никаде.Што може да биде?