Во план ми е да купам гарденија, баба ми имаше и знам дека е доста проблематична за одгледување. Некој шо одгледувал да сподели tips?
Здраво дечки, како да го спасам? На допир е многу суво иако му ставам вода како што треба по еднаш неделно. Стои до прозорец ,не е на директно сонце. Домашна температура е 15,20 степени. Имам многу цвеќиња ама ни со едно не сум имала проблем пу пу да не ги урочам само ова ми е безживотно,а многу е убаво дајте некој совет
Потребна е висока влажност на воздухот за да ги задржи и отвори пупките. Тоа можеш да го постигнеш со навлажнувач на воздух (humidifier) или да ставиш вода во поголема тацна со камчиња и врз нив да ја ставиш саксијата. Земјата треба да биде со кисела pH, богата со органска материја и постојано малку влажна. Вода се става кога горниот слој од земјата (1-3 цм во зависност од големината на саксијата) е сув. Треба редовно да се прихранува со железо. Најмногу и одговара шарена сенка. Ова е што имам читано во случај некогаш да се охрабрам да купам гарденија. Спојлер Зачлени се во групата Orhidei i egzotichni bilki на фб. Сигурно има информации за гарденија. Ова е некое воздушно растение? Можеби некој вид на Vriesea? Имаш слика како изгледало на почетокот?
Каланхое е тоа во средина. Пилеа тоа десно. Вид на Бромелија е, пламен меч го викаат мислам. Да не го налеваш многу со вода?
Бегонијата сака светло ама да не е директно на сонце, вода ко ќе е сува земјата и не многу количински. Пресадување ко ќе почнат ептен да излегуваат корењата од саксија,во еден број поголема. За антуриум појма немам.
Чувај го на добро осветлено место, но не директно на сонце. Наводнувај кога горниот дел од земјата ќе се исуши и оросувај ги листовите со вода редовно. А може и кога ќе дојде време за наводнување да го истушираш целото растение. Кога ќе го пресадуваш измешај универзална земја за цвеќиња со супстрат за орхидеи 2:1 или 1:1. Додека е во активен раст (април-октомври отприлика) додавај течно ѓубриво со повисока концентрација на фосфор еднаш месечно. Од течното ѓубриво раствори 1/4 од тоа што пишува во упатството.
@Aztec Каква е таа универзална земја за цвеќиња? Јас имам купено два пати, еднаш од Бриколаж и еднаш од локална цвеќарница. Таа од Бриколаж е помека некако, попропуслива, поровка (не знам како да опишам) додека оваа од цвеќарницава е како бетон буквално, кога ставам вода, си стои горе. Се мислам сите цвеќиња кои ми се со оваа последнава, да ги пресадам со таа од Бриколаж.
Јас Florabella ја користам. Исто од Бриколаж ја купувам. Си пишува на пакувањето дека е универзален супстрат и има слика од различни растенија. Има и перлит во оваа земја (мали бели топчиња што личат на стиропор) што овозможува подобра аерација. Ако изгледаат добро растенијата во тврдата земја, јас би ги оставила уште месец во таа. Да се затопли малку па пресади ги.
Фала ти. Секако да се стопли, па ќе пресадувам. Кактусите и алое може во оваа земја, или да купам друга за нив. И какво ѓубриво да купам?
Може кактуси и алое во Флорабела. Зависи за која намена ти треба ѓубривото. Ако е за растенија без цвет, барај со повисока концентрација на азот. За цветни растенија барај со повисока концентрација на фосфор. За кои растенија ти треба ѓубриво?
Имам драцена, сансеверија, монсерта, алое, кактуси, фикус бенџамин, dracena fragrans compacta, himalaya chlorophytum, шамадореа арека и некој сукулент (барем така пишува на етикетата) тнх
Имав подарок со растение некое рандом ѓубриво за овие зелените растенија и не приметив некаква разлика додека го користев, па не се потрудив ни да запамтам како се викаше. Минатото лето имав течно ѓубриво од Plantella за цветни растенија и беше прилично добро, па планирам оваа година да земам од нив и за зелени украсни растенија. На кактуси и сукуленти не им ставам прихрана. Може некогаш ако ми остане малку од другите растенија, да го разредам уште повеќе и со тоа да ги полијам.
Потврдувам за течното ѓубриво на Plantella за цветните растенија дека е супер. Го користев минатото лето , јас ставав и на салонските од истото (имам фикус и дрво живота).
Дечкиии, ми треба мала помош , дали можи да ми кажите како се вика ова цвеќе, вчера го купив за поклон, но продавачката не знаеше да ми кажи како се вика.. :// Цветот многу ме потсеќа на цвет од сардела, а листовите се многу по тенки за разлика од сарделите, имаше и лилава боја од истото. Дали и ова цвеќе е дел од семејството на сардели или е сосема друго? Само овие слики ги имам. ://
Здраво на сите! Гледам сеуште е активна билкарскава дискусија , па ајде и јас да се вклучам...Дали некоја од членките знае каде може да се купат орхидеи по прикладни цени во Скопје и дали знаете каде има керамички саксии, исто така, со пристапна цена, а интересни да се, да не се најобични, ако ме разбирате?!
Вода само кога ќе и посиват корените. Сака светло место меѓутоа не директно сонце. И да е на топло да не паѓа температурата под 15 степени. Сака и влажен воздух може да ја оросуваш од време на време.
Орхидеи по пристпни цени има во Меркур, Алфи и Електрометал. Има и обични керамички саксии во овие продавници. Малку поубави и поскапи керамички саксии има во Бриколаж. Ако не се отвори сликата од корењата во спојлерот, отвори на стр.98.