@Antolinaa Пак јас ќе те гњавам за кактусот Нели пред два месеци купив кактус како Минимаус, и ми се скрши, се оддели едното уше, е сега тоа малото уше го пресадив во земја, ама не се фати, изгледа му дојде многу вода, знам дека кактусот сака поретко вода, ама го зезнав сега.... Инаку поголемиот дел од кактусот што ми е со едното уше, го полевам на дваесетина дена по малку, земјата брзо се суши, муабетот ми е дека, како да стагнира, нема ич порастено за два месеци, ни пак абер има ново уше да излезе Кај грешам?
Никаде не грешиш. Не му се мисли многу не му бдеј над него. Само обезбеди му место со доволно светлина и топлина. Сака Сонце. Дега барем не е јако можеш да го ставиш на прозор каде би го фаќало Сонце. Да не нема доволно светлина? Јас така секој ден на една орхидеа и се запнав ништо не биваше и ја баталив месец дена не ја погледнав.(во вода дека ја чував) Ене ја сега има 2 корени нови и лист на повидок.
Како се за одржување орхидеите,бараат премногу грижа? Јас сум тапа за цвеќиња,а многу сакам да си купам орхидеа имам од лани Драцена, гледам преживеа, па годинава си купив уште една. Претходно имав циклама и спатифулум (ако напишав точно) но ми се исушија..
Во Електрометал има попуст на орхидеи. Кога купуваш орхидеја треба да внимаваш на: -корењата што се гледаат да бидат цврсти со зелена боја. Ако се кафени и скапани барај друга. -листовите да бидат зелени и да ги има повеќе на број. Може да се случи некогаш најдолните листови да бидат пожолтени ама тоа не е страшно. Тие се најстарите листови и нормално е да отпаднат по некое време. -цветовите да немаат кафеаво-жолтеникави точки што се гледа дека се некакво заболување (габично). На последниве страни има доста информации околу одгледувањето на орхидеи. @Didi*** нека дополни ако нешто е испуштено.
Баш таму го видов попустот,имам едни 500ден од 8 март и не знаев што да им правам,па си реков да си ја купам Фала на советите
Najvazo pred sè e da im se pogodi mestopolozbata. Najdobro e da stojat na prozor za da imaat dovolno svetlina, no treba da se vnimava da ne im e pretoplo. Inaku se navodnuvaat ednas nedelno, se stavaat vo posebna saksija polna so voda i da stojat vnatre od 10 do 15 min. Ednas mesecno moze da im se stava i dohrana specijalna za orhidei. Otkako ke im se fati redot prelesni se za odrzuvanje
Кај да барам еукалиптус по можност мал? Ама негде каде со сигурност сте виделе/купиле, ги превртев гарден центриве од рекла казала.
Дете да ми беше, немаше секој ден толку да го гледам ама стварно, ептен ми беше убав тој тип кактус отсекогаш, и таман купив, го скршив во ист ден, тоа го може само некоја несмасна ко мене Па, го чувам во дневна, има доволно топлина бидејќи е загреана просторијата, светлина, хм, во овие календарски поладни месеци кога нема надвор многу сонце, во дневна немам нешто уау светлина, ама за кратко ќе биде подобро. Утеха ми е дека, иако не расте, барем не се свена, ко што се свена малото делче одма Фала ти на советите за кактусчето мое, и мило ми е што ти се опоравила кралицата Орхидеа и тие ми се преубави, ама како што се нежни, нека стојат подалеку од моја рака
Добар супстрат за орхидеи? Скоро добив 2, едната има убави зелени корења, другата гледам мувлосува. Таков беше супстратот уште кога ја добив. Чајре? Која потхрана е добра?
Ајде хелп плс. Купив од Меркур орхидеа пред 2 недели, ја киснам по пропис. Ама гледам супстратот има како мувла одозгора, а корењата не се зелени, како да ми скапуваат. Чајре? Направив сега дупчиња на саксијата. Да напоменам, стојат 2 на прозор, под нив имам радиатор, сув е воздујот па редовно ги наросувам. Едната е топ, зелени корења, др не е.
Дај ми совети за чување орхидеи , дали се пресадуваат, како се вадат, дали треба некоја дохрана да купам ?
таа шо не чине ке ја средиш пажливо извади ја од субстрактот со ножици изсечи се шо е скапано од корените напрскај 3 посто хидроген и остави ја да се изсуше субстактот измиј го и така мокар стави го 5 мин у загреана рерна на 200 степени и тргај го Кога ке оладе пресади ја орхидеата во овој супстракт кој е дезинфекциран
Не сум сретнала еукалиптус кај нас. Не сум 100% сигурна ама мислам дека Плантопија и Green planet може да ти нарачаат. Пробај пиши им на фб. Последен пат од Бриколаж го купив јас. А сигурно го има и во другите продавници од тој тип. Направи како што кажа Алиса. Ножиците да бидат остри и убаво измиени со сјај и сечи се што е меко. Прскај со хидроген се додека се појавува пена. Пушти слика кога ќе завршиш да видиме колку од корењата ќе останат, па да ти кажеме како понатаму. Јас супстратот го печам на 100-110 степени околу 20 минути.
@ALISA0000 и @Aztec фала на советите. Еве слики од двете орхидеи, здравата со корен и другата. Ова е здравата. Мислам ок е?
Еве ја ,,болната". Ја сликав во корењата, нигде нема здрво. Еве го супстратот нз дали се гледа како влакненца, мувла. Корените беа меки поголемиот дел. Исеков додека не остана здравото, ама и тоа е жолто. Внатре беше засадена во нешто сунѓересто и се внатре беше скапано. Тоа што остана дезинфецирав, супстратот го испеков и саксијата ја дезинфецирав. Ја оставив да се осуши коренчето од хидроген. Да напоменам, порано имав 3 4 орхидеи, но откако ќе прецвета цветната гранка ми се угинуваат. Ги чував на комода во дневна, но сега стојат овие две на прозор на запад т.е. на страната кај што најдобро ми виреат сите цвеќенца. Порано следев на фејбук по групите дезинфекција со цимет, пресадувањр итн ама утнав.
@Eli23 направи многу дупки на саксијата. Супстратот е прилично ситен. Внимавај да не претераш со вода. Спојлер: Саксија На втората орхидеја тие се корењата што остануваат по сечење? Ако се цврсти не треба да те загрижува нивната боја. Корењата што се во средината на саксијата не добиваат светлина и затоа се жолтеникави.