Да, тие се многу цврсти. До пола беаскапани, омекнати, ама сечев до црстото. Со хидроген прскав, не правеше мн пена, претпоставувам здраво е. Направив дупки на саксија, ама не толку. Ќе направам. Ве читав наназад за потхрана со зелен чај или цимет. Дали е паметно да ја потхранувам за да живне? Нз кога да ја покиснам сега. Еве слики. Прилично се клати. Двете саксии ги скршив дупнувајќи, ама утре ќе најдам прозирни во цвеќара, најавија ќе донеле. Фала на советите.
Циметот се користи кога ќе се исече лист или цветна гранка бидејќи има антибактериско дејство. Корењата може да ги изгори. Нека се исушат корењата, па повтори уште еднаш со хидроген и остави да се исуши. Со вакви корења јас не би ја ставила во супстрат туку во вода. 1 цм од корењата да биде во вода, а круната над садот. Вака треба да изгледа: Спојлер Ставај дестилирана вода или дождовница и менувај ја водата кога ќе се замати. И миј ги нежно корењата кога ја менуваш водата. Јас не им ставам прихрана вака кога се на спасување. Инаку немам посебна за орхидеи. Ја користам истата што е за цветни растенија, но многу разредена. Прво ги натопувам корењата, па додавам од прихраната. Е сега цветната гранка не знам дали да ја оставиш или да ја исечеш... @Antolinaa @ALISA0000
Некој совет за бонсаиво? Цела зима му паѓаат листовите, има доволно светлина, го наводнувам по малце еднаш неделно, ставам прихрана, ги прскам листовите.. ништо не помага. Го имам веќе 1 година на почеток супер беше сега се повеќе и повеќе му паѓаат листовите.
Купив замија. Треба да ја пресадувам ичи добра ке е оваа саксија со која ја купив? И помош како се одгледува?
у вода од оваа ништо не бива али пробај да ја управиш од многу вода е скапана и самата жолта боја на листот покажува и на таа здравата стај и само кори не земја оти и таа ке скапе
замијата сака тесна саксија ако ја пресадиш ке расте доле под земјата ке формира компирчиња вода еднаш месечно околу 100мл доволно и е
Кој супстрат за орхидеи да го земам, што препорачувате? Мислам читав за тој во Бриколаж, а не сум во можност да одам до таму. Некоја марка што ќе ја најдам по цвеќари/земјоделски аптеки? Дали некој чувал цвеќе ,,4ри годишни времиња" ? На пролет и лето листовоте менуваат боја од жолто до розе. Сега ми е внатре и целото се испосуши. Незнам дали е за пресадување, бајаги е нежно. Од големо растение останаа неколку гранки.
Флорабела супстрат. Ќе ги извадиш најкрупните парчиња и ќе ги испечеш. Пиши им на Oaza Bonsai Nursery & Garden Center за совет.
Кое цвеќе е најдобар избор за на тераса? Сакам некое што цвета цело лето и е со густ цвет. Знам дека е рано ама ако начекам да знам што да земам.
За на сонце сардела, газанија, вербена, биденс, медарче. Последново многу убаво мириса, а може да успее и на шарена сенка. Спојлер За под сенка impatiens, lobelia, fuchsia. Спојлер Ќе треба постојано да им ставаш прихрана за да цветаат вака.
Саксии за орхидеи, меки да се дупнат каде наоѓате? Ја пресадував вчера ,,здравата"орхидеа во нов супстрат, средено како со ми ги дадовте советите. Ама едвај ги напикав корењата во саксија, премногу има. Пречник и е 12 см, да земев малце поголемка, лабава ми стои орхидеата некако. Најдов само дебела пластика со поткренато дно, но без дупки.