Може и некое проѕирно канче од маслинки да искористиш. Направи дупки, смести ја орхидејата и после стави ја во декоративна саксија. Исто може и од алиекспрес да си нарачаш за во иднина.
Оваа што ја видов убава беше, ама ептен дебела пластика. Мислам дека ќе пукне или мн работа ќе има. Ќе видам деновиве низ други продавници.
Имаше пред 3-4 дена во Базаро. Колку се добри, не знам. Инаку, дали некоја има засадено сончоглед во саксија?
обично купувам од Bricolage ,ама во средата имаше орхидеи на акција во Електометал па од таму си купив и цвеќе и саксија.
Совет - одма стави му вода, и не штеди, дехидрирано е. Штом се листовите така смежурени, значи дека е прежедно. Не оди по тоа правило еднаш месечно вода, туку кога ќе приметиш дека површинскиот слој земја е убаво засушена.
Кај мене доаѓа под клима и ставам еднаш неделно. Ми е страв да не скапе, ама се случува да најдам сув лист на најдолните гранки. Тоа значи не му е многу вода?
Нормално е да паѓаат суви ливчиња од најдолните гранки. Кај мене стојат на ладно, и си паѓаа најстарите исушени листови зимово. За да бидеш сигурна дали им треба вода, прочачкај со прст во земјата неколку см., ако е убаво сув цел тој слој земја, тогаш стави вода. Инаку, ако красулата е пренатопена со вода, најчесто паѓаат здрави и млади листови. Ако е жедна, тогаш ливчињата се смежуруваат и паѓаат. Отприлика вакви индикации дава при вакви проблеми.
Имам спатифилум повеќе од една година, до сега само еднаш расцветал и тоа само со една пупка, а гледам овие шо се продаваат по продавниците се полни цветови. Совет за некое ѓубриво, прихрана и сл.?
Да. Јас на балкон си чував сончогледи во саксија. Сакаат многу сонце. Вода по потреба. Балконот ми беше само на утро под сенка, а потоа цел ден сонце го печеше и супер успеваа.
Чувај го на прозорец. Вода ставај му кога убаво ќе се исуши земјата ако го чуваш на собна температура. Ставај вода додека не почне да истекува од долниот дел на саксијата. Остави да се исцеди водата убаво и врати го на местото каде што стои. Јас имам користено течно ѓубриво од Plantella наменето за цветни растенија. Супер се погоди.
Сончоглед непечен се чува во пластичен сад над памук и го пропрскуваш со вода шат пат. Дур изрти. Потоа ќе го засееш во саксија. Гледав видеа на јутјуб. Или за поедноставно едно лето нарачав семки од интернет и директно сеев. Е сега, мене ниеднаш не ми успеаа повеќе сончогледи во една саксија. На пример ќе засеев 3, ама секогаш само еден успеваше нормално да се развие во една саксија, другите што ќе никнеа остануваа мали. Затоа сеев во повеќе саксии.
Што цвеќе е ова? И како се одгледува? Кај да го ставам? Моментално го ставив во ходник има добра светлина.
Здраво,на мојата орхидеја почнаа да и пожолтуваат корените одгоре надолу.Во што е проблемот и како да ја спасам??