Стави слика од корењата. Ако ја чуваш орхидејата во украсна саксија каде што не добиваат светлина корењата, тогаш стануваат бледо жолти но на допир се цврсти. А ако се потемно жолти и меки значи скапуваат. Во тој случај треба внимателно да ја извадиш орхидејата од супстрат и со исчистени ножици да ги исечеш сите меки корени. Потоа со 3% хидроген да напрскаш каде што си ги исекла корењата, да оставиш да се исуши и да ја повторуваш оваа постапка додека има реакција на хидрогенот. Во зависност од тоа колку корења ќе останат може ќе треба да ја вратиш во супстрат, да ја чуваш со корен во вода или пак со лист во вода. @Eli23 како е твојата орхидеја?
Многу и омекнаа листовите во водата како што ја чував, па ја исушив и ја ставив во нов супстрат. Два три дена ја набљудувам, листовите ми се чинат поцврсти. Паднаа цветовоте од цветната гранка вчера, се мислам кога да ја пресечам и каде. Валгда силата ќе отиде во листовите и корењата сега и ќе се спаси. Другата орхидеа што ја ставив во нов супстрат, гледам има доста џепови бидејќи супстратот го одвоив само најкрупниот, а корења има премногу. Па сега таму се мислам како да ја дополнам со супстрат а да не ги нагмечам корењата. Приметив дека брзо се сушат корењата на тие две места кај што има поголем ,,џеб".
Мислам дека е Forsythia suspensa. Исечи ја цветната гранка најниско што можеш и нароси цимет. Делчето од гранката што ќе остане ќе се исуши и ќе си падне. За да не ја вадиш пак орхидејата од супстрат, на местата каде што има џебови стави малку поситен супстрат. И со една рака држи ја круната да биде стабила, а со другата протресувај ја саксијата за да може убаво да пропаднат парчињата супстрат. Или со долго стапче внимателно да чепкаш низ саксијата и да ги преуредиш парчињата супстрат.
На мене ми личи како да е некој подвид на Dracaena fragrans (deremensis). Можеби е Dracaena fragrans warneckii.
Постои ли некое растение, цвеќе што трпи дирекно сонце? Значи зимно време сонце многу немаме, ама од пролет до есен баш свети во днивна. Постои некое такво а да не е пластично?
Шефлера. Не е многу захтевно. Мене зиме ми стои на светларник. Преку лето на тераса на запад, но не го фаќа директно сонце. Вода стандард како и другите.
Кактуси, сукуленти (donkey's tail, haworthia, echeveria, чувар куќа, string of pearls), сардела, вербена, сончоглед, лаванда, рузмарин, стрелиција, банана, кана, јука... Зависи што ќе ти се допадне и колку простор имаш. Нормално е да падне по одреден период.
И на дврте ми личи малце ама не скроз.... Може е некој вид, важно ми е зашто почнаа да се сушат листовите се мислев да го преместам на друго место....
Ако има стебло тогаш е драцена, ако расте повеќе како трева тогаш е spider plant. Штом му се сушат листовите значи дека нема доволно влага во воздухот. Прскај ги листовите со вода или туширај го целото растение кога треба да му ставаш вода.
Кога ќе се исуши поголемиот дел од земјата. Сеедно дали е драцена или spider plant внимавај да не претераш со вода. Двете не поднесуваат премногу вода. Драцената може подолго да издржи без вода.