1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
     
    На orevokrsacka и Frosty! им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    кажете некои цвеќенца шо се садат сеа, за у двор во леа.Ништо немаме, некое кокиче имаше и то..и тоа не ни знаеме како никна, ако не треба семе за нив.
    Некое со семе може, може и такво саксиско, како се викаат, од саксија у земја,
    Не ме бива за цвеќиња толку, ама сакам да си ги имам и да си ги пазам.
     
  3. IvTeo

    IvTeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo, da li znaete kade vo Skopje mozam da kupam supstrat za orhideja i za sukulenti. Blagodaram :)
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.224
    Здраво!

    После успешно садење, растење и живеење на зумбули, хризантема и љубичица, сакам да засадам сега некои летни цвеќенца.

    Значи на балкон во саксија ќе бидат, сонце 4-5 часа на ден.

    Многу ми се допаѓа ова sweet alysum - каде можам да купам и дали е за овој период?
    SmartSelect_20220415-115504_Chrome.jpg SmartSelect_20220415-115444_Chrome.jpg


    Исто други кои ми фаќаат око се мини ружички.
    Дајте предлог за уште нешто, а може и herbs :)
     
    На Nikolina35, ALISA0000 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.434
    Пол:
    Женски
    Како можам да пресадам Јука (дрво на животот) од старите листови? Читав дека треба да ги оставам една недела на темно место па после во саксија со земја. Дали некој пробал вака и најбитно, дали успеал?
     
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Баш вчера купив меденчиња, на пазарче Тафталиџе, три за сто денари.
    Ќе им одговара местото, сакаат сонце. Белите ми се најомилени, мирисаат на мед.
    Друго можеш сардели, винки, вербена, џунџулиња, сурфинии..
     
    На Aztec и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Bananki023

    Bananki023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Здраво. Каде можам да најдам во Скопје папрати? И дали е океј да се чуваат дома?
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.224
    Алое и чувар куќа садев денес, дали има потреба да им ставам одма водичка или да ги оставам да си дојдат прво на себе малце?

    Знам дека се сукуленти и ретко вода им се става, земјата во која ги садев беше малку влажна (купечка земја обична).

    Ги наместив на најсончевото место што го имам, белким ќе ми се фатат.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Алое кога пресадував ставив вода и беше ок. Чуваркуќа 2 пати не ми успева, пробав и така и така
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Од медарчето белите најбујни растат од тоа што имам гледано. :?:
    На алое и чувар куќа не им ставај вода некое време.
    Чувар куќа не го погледнувај одреден период. Остави го на милост и немилост. Само така ќе успее. :D
    Од зачински билки може мајчина душица, оригано, нане, босилек, магдонос, жалфија, маточина...
    @Feminka22 сите овие може и директно во земја во двор да се садат. Може да ги најдеш на пазарите. :)
    Слободно можеш папрати да чуваш дома. Ќе треба да го оросуваш постојано бидејќи му е потребна поголема влажност на воздухот. Одлично растение е за во бања ако има природна светлина.
    Не ми текнува каде гледав папрати. Ќе ти пишам ако најдам. :)
     
    На CameliaMiller, orevokrsacka и Bananki023 им се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Ако ти текне пиши тука, ги барам и јас.
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Спатифилумот конечно пушти цвет после неколку години,ама листовите почнаа да жолтеат. Знаете ли од што може да е?
    IMG_20220419_112321.jpg
     
  13. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Премногу или премалку вода или едноставно се стари листови. Прочепкај ја земјата најдлабоко што можеш со прст да видиш колку е мокра.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.224
    Е за билкиве, пример магдонос, треба ли длабока саксија?
    Или што можам тревасто во баш плитко?
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Женски, нели се продава семе во ќесички за цвеќиња за во двор, е сега, прашањето ми е, дали се продава семе во ќесички за саксиски цвеќиња? Пример сакам да си посеам Азалеа, Бегонија, и слично, дали се продаваат во земјоделска аптека? Никогаш не сум забележала ќесички со саксиски цвеќиња:$:D
     
  16. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    @CameliaMiller буквално на секој пазар ,во секој расадник имаш , прекрасно миризливо цвеќе ,цело лето цвета
    http://kitka.mk/index.php?route=product/product&path=59&product_id=325
    види и во групата ,,дворчето"
    @Rama бегонија обично има компирче , семе не сум видела ,азалеа исто ,може има ,ама до сега не сум видела , можеби на алиекспрес ама што ќе никне тоа е друга работа
    @forumce му треба малку прихрана , и саксијата како да му е мала , и не претерувај со вода
     
    На Rama, CameliaMiller и forumce им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.224
    Фала :f:

    Ич не знам со цвеќиња, прва година ми е воопшто, а со мајка ми скроз различен "вкус" имаме :wasntme: :D

    Јас повеќе сакам ситни "конкретни" цвеќенца (како алисум, вербена, дури камилица) а не знам ни едно како се вика :D за одгледува, па, сакав лавандата во своја саксија да биде, на крај заборавив кое е кое па лавандата дели живеалиште со босилек и темјан, а рузмаринот доби своја саксија :bug:

    Ајде, учам по малце :D
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.224
    Тоа не знам, ама во Меркур има еден куп семиња за саксии, јас конкретно од семе пробувам да изникнам ова
    SmartSelect_20220419-210219_Gallery.jpg

    не сум сигурна што е, ама шаренко и убавко ми делува, следев упатства па ќе видиме што ќе никне, ако никне :)

    Едит: пробал некој да чува лукчиња од зумбули?

    Јас моите ги купив од Меркур и супер пораснаа, е сега ги ставив во хартиена кеса да се исушат па после до есен планирам во хартија на темно да ги чувам.

    Еден дедо ми даде куп лукчиња така, ги засадивме во двор кај моите, сите никнаа. А и ден денес пример кај нив растат зумбули дедо ми што ги засадил пред 40 години.

    Сакам јас да пробам така да ги "прелетам" моиве, па кој знае дали ќе ми преживеат за на есен пак да ги садам.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Не сум пробала така да ги чувам зумбулите јас такви купени ги засадив во двор и секој пролет си никнуваат не ги вадам од земња таму си стојат.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Има компирчиња од бегонии во земјоделски аптеки, јас купив 3 и сите еве ми никнаа. Земав и семе од циклама ќе видиме што ќе изникне некако не сум оптимист дека успешно ќе е. Комплицирани ми се цикламите откако умрев неколку веќе не ги купувам, ќе пробам од семево.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.