Јас како лукчиња ги купив, со мерак ги гледав како растат https://www.instagram.com/reel/Cbu4owXA4Ns/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Колку е тоа плитко? Инаку во поплитки саксии (околу 15 цм) може оригано, мајчина душица и власец. Ваљда може да се најде власец кај нас. Во малку подлабоки саксии (околу 20 цм) може босилек, нане и магдонос. Жалфијата и рузмаринот зависи колку се големи. За почеток може и поплитка саксија. Ама ако сакаш да пораснат како дрвца, ќе им треба поголема саксија по некое време. Во принцип во подлабока земја (саксија) билките имаат повеќе простор за развој на кореновиот систем што значи дека можат да пораснат поголеми.
Мала мислев мини, ама најверојатно сталажа ќе си купам Балконче мало, а го напикав со растенија, ова темново десно се' се саксии плус алоето и чувар куќа на ограда ги врзав оти немаше каде веќе сончево Камилицата белким ќе пркне во импровизиранава "саксија"
Купи си сталажа. Многу попрактично ќе ти биде. Или ваква рамка за на ѕид и да ги закачуваш саксиите на неа: Камилцата може ќе никне. Треба да пазиш да не претераш со вода ако садот нема дупки на дното. Во делот кај што нема сонце можеш да насадиш воденчиња. Цело лето цветаат.
Јас направив дупка една во средина Воденчиња кои се? Нарачав сталажа, нешто вака, белким ќе ја направат А инаку цел балкон е со конструкција мрежа и дрво заграден, да не ми падне некоја мачка па по мрежата можам полесни да закачувам, метална е
Виоли. Лесни се за одржување, ги има насадено и низ парковите значи добро издржуваат. Не знам кога се садат ама можеш да си земеш во саксија па да си ги пресадиш. По 30-50 ден по саксија се, зависи каде ќе ги начекаш. Нарциси, лалиња и зумбули исто ама за нив па ич не знам како се садат. Може во расадници/низ пазарче/цвеќара ќе ти помогнат околу тоа.
Убаво изгледа сталажава. Првите (обични воденчиња) растат помали, вторите (Нова Гвинеја) поголеми и со покрупни цветови: Спојлер: Воденчиња (Impatiens) Има доста голем избор на бои. Мачките не ти ги раскопуваат саксиите?
Мачките само во мое присуство се на балкон До сега можам да пријавам еден џвакнат цвет од љубичица и пола изџвакана украсна зелка Барам да посадам трева за мачки, па нека пасат Фала за идејата за цвеќенцата
Некој совет за сардели? Ги ставив во предниот двор каде што има сонце поголем дел од денот. Во однос на вода? Друго нешто што треба да знам?
Сарделата е едно од најблагодарните и најиздржливите сезонски цвеќиња. Сака сонце, вода умерено, можеш некоја прихрана одвреме-навреме. Отприлика тоа би било.
Во групата ... ДВОРЧЕТО ... на фб имаа објавено за продажба во неколку бои. @Bananki023 @Emotional123 папрати и сансеверија има на Бит пазар. Се брзав, за цени не прашав.
здраво. имам едно прашање во врска со сурфиниите.ставив пет саксии на цела тераса но однадвор на железни држачи.од пусти страв да не ги уништи дожд вчера ги слегов внатре во терасата. дали ги прибирате, дали е можна штета ако ги оставам од дождот? и друго, ги воденам двапати на ден и прскам против вошки, што ставате плус?
Ако не е премногу јак дожд и не мораш да ги прибираш, самите си се ,,освежуваат” после тоа. Сурфиниите сакаат и прихрана. Ти препорачувам да побараш во аптека Бест 16-8-24. Се раствора по 1 лажица на 10л вода. Ова време на почетокот се става по еднаш до двапати неделно, а понатаму како почнуваат да растат повеќе се става на секој втор ден. И исто така може да ги испрскаш против пајак. Тогаш на листовите има како бел прашок, така ќе познаеш.
Не знам темава дали е соодветна за прашањето, ако има друга ќе се префрлам таму. Оваа орхидеја ја имам една година, поклон е, јас не би се дрзнала да си купам сама оти фала богу ќе заврши вака... Спојлер Спојлер Спојлер Цветовите и паднаа многу брзо. Ја пресадив во проѕирна саксија, стои до прозор на директна светлина и ѝ ставам дестилирана вода. Надежно ми изгледаат листовите, сеуште се зелени (додуша со месеци се, без промена), ама цвет никако нема. Ни полошо ни подобро. Стагнира. Чаре има за неа, или?
Дали е ова дрво на животот? Саксијата е многу голема, што ќе бидне ако го пресадам во малку помала ( бојата и обликот на саксијата не ми одговара)