Даа, покрупен е како парчиња кора е. Има воздух низ него па корењата имаст воздух да дишат. Побарај баш во темава или уште една имаше за цвеќиња имаме пишувано баш доста за орхидеи. Вака корењата се "угушени" и постојано имаат влага, па може и да скапат побрзо. Види на првата слика моја колкави се парчињата. Во оваа тема имаме бааѓи пишувано. Спојлер
@Antolinaa листовите се добар знак, нели? Се надевам не е доцна оти бааги време поминала во лоша земја. Кога ќе ја пресадам ќе сликнам и ќе те тагнам да ми кажеш како ти стојат корењата. А јас во меѓувреме фалонепсис, кеики, дендрибиуми ќе ги побарам во лексикон
Изгледа дека е дрво на животот. Слободно можеш да го пресадиш во помала саксија. Ништо нема да му биде. Овие растат големи дури и кога се засадени во релативно мала саксија.
Некогаш може да погоди род, па да барам вид на гугл. А има погодено за посекојдневни растенија што реално знам како да најдам кој вид се без да имам потреба од апликацијата. @Antolinaa имаш чувано орхидеја во водена култура?
Јас според сликиве мислам и дека корените се веќе скапани. Извади ја и провери ги, ако има бар еден здрав корен можеш да ја чуваш во вода додека да пушти други.
Сега видов дека си ме тагнала. Да не едитирам постот погоре. Сликни кога ќе ја пресадиш. Можеш уште одма да ја извадиш од земја. Да ги измиеш корењата и испрскаш со хидроген. Сликни па, ќе ти кажеме што да сечеш, што да оставиш.
Здраво, дали знаете зошто може да и пожолтуваат и паѓаат лисјата на драцената...има и како бели точки на нив на долниот дел на самиот лист?
- Може од неправилно наводнување - многу/малку вода. - Може од недоволно/премногу светлина. Најдобро сликни да видиме.
Бубакил за вошки. И мојата пред 2 месеци така се "разлигави". Два пати ја испрскав и ги исчистив тие што ги гледав. Испрскај ја убаво и испрскај ја и земјата. Стави вода. После 1 недела повтори постапка.
Прашање бр 1: 1. Каква земја за сукулентиве да купувам? Може оваа најобичнава од локална цвеќара што си е? Шумски сепариран тресет (поима немам што значи)? 2. Каде купувате семиња освен Меркур?
Иста е и мојата леплива ама не се вошки има едни ситни исполепени на листовите не знам како да ги објаснам. Втор пат имам шефлера и исто ми се прави и ме нервира.
Не нет прочитав дека се викаат вошки. А да, како црвени нешта исполепени на листовите оздоле има, како болна ми изгледа шефлерата.
Ќе пробам со оваа бубакил што го предложо Антолина може ќе се оправи. Мојата онака си е супер и си напредува само што ги има тие на долната страна се на листовите и се лепи. Ја туширам цела ама па се лепи.
@Resana & @referentka Во земјоделска аптека побарајте го овој препарат Спојлер: препарат за лисна вошка https://agrohemija.com.mk/product/confident-20-sl/ најмалото пакување, ќе растворите во обична пумпица и 2 пати неделно ќе ги испрскате СИТЕ цвеќиња. Јас само со ова се спасив, ми беше жал да ги гледам. Тоа што лепи е лисна вошка, а бубакил е за обични вошки, не за лисни. Кај мене сите цвеќа беа со лисна вошка, имам Диплоденија од неа фатија сите
Јас чувам само чувар-куќа, го засадувам во црница земја мешана со хумус и обична песок. имам 20 саксии ко луд се размножува. Семиња во СК може и на битпазар да најдеш и во секоја земјоделска аптека.
Купив од Меркур денес неколку нови и да, по име ги бирав - ГоруЌа љубав - НоЧна фрајла И оригано, виолетов босилек и секако, кромид И земја за балконско цвеќе. На сукулентиве ќе им измешам само песок на есен, а не знам дали им треба на нив такво, да ме утепаш не ми текнува на името? Мајка ми купува од земјоделска аптека, за поубав цвет, им ставам на другиве 1 неделно. Течност, се раствора во вода.