Те цитирам овде оти таму сме офф Мислам, мислам Купив некоја земја Валентин за балконско цвеќе, белким ќе ја биде и за сите?
Пробај ја и кажи како ќе биде. Знам дека супстратот за орхидеи од Валентин е многу лош. Затоа и ги избегнувам нивните производи. Ѓубриво на кактусите и сукулентите не им ставам јас. Може ако ми остане малку од растворот да го доразредам и со тоа да ги полеам. Онака специјално за нив да растворам, не. Што помалку се замараш за нив, подобро ќе растат. Ако одлучиш да им ставаш ѓубриво, еве нешто повеќе околу тоа: https://plantcaretoday.com/cactus-fertilizer.html
вошки.мојата беше таква прскај со БУБА КИЛ секој трет ден,не и менувај местоположба и да не се дави во вода
Да го истрошам овој па би пробала и друг секако Кој конкретно би го препорачала? Значи да биде сè-во-едно, во смисла сè што ќе ми текне да посадам сега и алое и кромид во иста земја растат
Оваа земја е супер за било какви растенија: Спојлер: Florabella Пиши дали ќе ти се погоди земјата од Валентин.
Каде може да најдам обични пластични висечки саксии (кафени, бели какви било) а да се со нормална црна. Ми требаат 30 парчиња а не ми се исплаќа да ги нарачам на кило како со земаат по цвеќарите.
Пред неколку месеци купив гербер. Го пресадив и за кратко време цветовите овенаа но излегоа многу нови ливчиња. Го извадив денес на балкон... Читав информации во врска со условите кои му се потребни, притоа пишуваше дека цвета од мај до септември. Може ќе расцвета месецов или... ?
@Orchidea и @Antolinaa , еве. Спојлер: Корења Има ли спас? Некои коренчиња се цврсти, некои ептен видно скапани. Да ги отсечам скапаните, би останале 2, 3, 4... Едит: Во дестилирана вода да ги чувам корените или може обична?
Оди во групата за цвеќе на фб, има,, професионални,, одгледувачи за орхидеи ќе те упатат што како. Јас не знам колку орхидеи прекарав, се трудам ама пак труп сум, последните две ги дадов мајка да ги оправи, си ги зедов оправени, сега гледам пак некако жални, врска немам со нив, ептен си бараат нега. За нив има и посебна земја. Плус има губриво, прихрана што се боцка во земјата.
Да си прашам и овде, можеби некој има.. Каде можам да најдам вакви висечки саксии со нормална цена? По можност да вршат достава? Сликата ми е од интернет
@CameliaMiller, детелинката е во земја насадена, на јужна страна, мислам отсекогаш била тука . Секоја пролет приметувам дека завзема поголема површина, се шири. Од нега добива само вода. Слободно можеш детелинка во саксија, во тој случај одбери и позасенчено место. Едноставна е за чување, а многу е украсна, посебно кога цвета
Една бабичка ми даде гранчиња Зокум. Свеки вели отровен бил,да не се фаќа а со деца мали сум? Некој што знае повеќе од неа и мене?
И јас имам слушнато дека е отровен зокумот, ама растев со многу зокуми и еве ме здрава и жива, и сега имам два, а дома ми растат внуци и ги учевме да не ги чепкаат и внимавме додека беа надвор, сега веќе не ги ни погледнуваат и плус се поголеми и знаат дека не смеат. Прво се рти во стаклено шише пред да се насади, и правилно име му е Олеандер, ама јас те разбрав дека по комшиска линија
Подобро не ризикувај тогаш, и мирна ти глава. Моите беа поголемки и се разбираа, сега одат и на школо веќе, твоите мислам се помалечки, така да, насади си други цвеќиња
Дечки, алоево некако ми пожолтува, можно е да му смета уште сега сонцево? Му скубнав кафеав лист, жив, полн вода беше. Не е како скапано, напротив, расте, само некако таа страна од кај сонцето му потемнува. Сега го преместив кај што ќе го фаќа сонце ама пократко време.