Здраво, цвеќево се вика рута на руски, како се вика кај нас? Многу убаво ми изгледа, повеќе е ко трева ама тамам ми е за во двор.
од алиекспрес имам порачано,т.е му кажав на другар на мм и он ми прача,стасаа за неполн месец.А јас сакав да прашам дали знаете каде можам да најдам божикен кактус,многу ми е убав,поготово што цвета во зима.
Кaжете некoе цвеќе зa вo двoр штo не смрзнувa? Имaм петунии oд двете стрaни нa врaтaтa,oд дoждoв веќе се рaсипaa,пa кaкo прaзнo чуднo местoтo сегa. Имa тaкви некoи,или сите смрзнувaaт?
Oбожавам цвеќиња Цела фамилија сме љубители на цвеќиња посебно мајка ми таа премногу ги сака, а и ги има многу. Сите можни цвеќиња ги има и со љубов ги одгледува. Кога ќе се омажам би сакала и јас така да имам многу цвеќиња ме исполнуваат со позитивна енергија.
Мислам дека не, мајка ми едно време редовно садеше,ама ќе прашам пак па ќе ти пишам да не излезе дека лажам
Ја примаат одозгора повеќе се колку за украс колку што знам. @mariatim нема да издржале на така отворено место мразот ќе ги покоси и ќе станат лигави таква информација добив. Побарај некое друго цвеќе што издржува во зима
Кажете ми каде да најдам вакво цвеќе? Вештачко е,имам од икеа купено.И по можност на некоја онлајн страна
Дали знаете за каков сукулент станува збор?Го купив од бриколаж а немаше име само сукулент пишуваше на црепот,па сакам да знам како се вика за да најдам на интернет што бара за идгледување.
Кој да го знае како се вика, има многу видови сукуленти! Ама во принцип, сите сукуленти имаат слични барања: зимно време ладна и светла просторија, водичка малку само кога ќе биде барут сува земјата,(некои и воопшто не им ставаат вода зимно време ако им стојат на темп. од околу 5 - 6 степени) а летно време сакаат и сонце барем неколку часа во денот, и вода умерено. Ако ја чуваш во затоплена просторија (парно и сл.) веројатно ќе го загуби компактниот и убав облик, стеблото ќе расте побрзо од листовите, па затоа гледај да стои во што поладно и посветло. Сукулентите се супер. и уште една битна работа: гледам дека имаш повеќе растенија во една голема саксија. Подобро е сите да ги распоредиш во помали саксии сразмерно на нивната големина, така ја намалуваш веројатноста цвеќињата да ти скапат од премногу вода, зошто вака не се во состојба да ја апсорбираат цела вода од толкава саксија, дотолку повеќе што сукулентите имаат слабо развиен коренов систем зошто не им ни треба многу вода, па цело време ќе имаат „мокри нозе“, т.е. ќе седат на влага. А тоа нема да му годи. Ете тоа е во кратки црти! Среќно со сукулентчето, како и да се вика.
Па ги купив специјално за да си направам украсна чинија ,ама сватив дека не им годи,две скапав од вода .Ги ставив на светло и не ги задевам до пролет па после ке ги пресадам,а ке ставам само кактуси во чинијата и една чуваркука,тие вајда нема проблем да имаат,со слична големина ке бидат и сите исто бараат.
Идејата за украсна чинија ти е супер! Сите овие што ги наброја бараат горе-доле исти услови, само чинијата да биде плитка, добро да го пропушта вишокот вода од доле, погусто насади ги да немаат многу простор помеѓу себе, и и биди скржава со вода. Некои ги ставаат во стаклени полутопки, и тоа одлично изгледа. Ама како што рече, тоа најубаво на пролет. Со среќа, па да се пофалиш догодина со убаво сликче.