Ајде искуства, на колку време да ги наводнувам? Сакаат мн вода или малку? Дали превентивно користите прашок против вошки?
многу вода си ставала, заборави го ,не му ставај многу вода ,и не на долго на сонце,или од сабајле да го фаќа или попладне @matilda258 во земјоделска аптека кажи им,или однеси им ливче од цвеќето ќе ти дадат соодветно средство
Можно е да потемни од премногу сонце. Ќе си ја врати бојата за кратко време штом си го тргнала од местото што не му одговара. П.С. Детелинката со виолетови ливчиња не сум ја сретнала за продажба. Ќе ти пишам ако видам некаде. Јас овие ги чувам на шарена сенка. Земјата треба постојано да биде мааалку влажна. Проверувај ја со прст пред да ставиш вода. Внимавај да не претераш. Редовно отстранувај ги исушените цветчиња и по потреба сечи ги гранчињата што штрчат.
Како се вика ова цвеќе и каде да ги засадам во земја или во саксии. Маже ми ги купил... Мене некако не ми се допаѓа во лисјата ми е како трева...
Ве молам препорачате ми сака иако цвеќе во за дома, кое цвета секоја година, односно да не е сезонски и потоа да обрне целосно.
Како се одгледува Кала? Колку пати де наводнува и каде треба да стои? И дали цвета секоја година или е само за една година? Колку време живее?
Здраво,јас сум љубител на кактуси,имам доста,можеби околу 50 видови различни,би сакала да размениме искуство и начин на одгледување,доколку има некој љубител како мене,чекам мислење.
Кај мајка ми во двор има лаванда, па ме интересира како можам да си засадам, треба ли корен да вадам или па? Некои цвеќиња само од скршено гранче успеваат за лаванда не сум сигурна.
ќе пушта постојано цвет, и шири многу, не засадувај блузу него друго цвеќе, вода сака на 5, 6 дена односно кога ќе се исуши земјата, не сака дирекно сонце, ќе овене цветот
не ставам јас ништо, цело лето цветаа лани до есен и сами овенаа, па пваа пролет нови ставив на балкон
Женски кажувајте спас за Спатифилум. Зошто откако го пресадив во саксија листовите веднаш почнаа да му виснуваат надолу и да венеат?
Види дали има доволно вода, и попрскај му ги листовите. Барем еднаш неделно прскај му ги листовите со вода, бараат освежување, јас ја имам веќе трета година супер е засега. На светлина да ти биде ама не директно да ја пече сонце. Ако во просторијата нема светлина и од тоа се суши, овенува...
Не го пече директно сонце, ама е на светлина. Инаку баш почна да се опоравува, му ги скратив свенатите листови и почна да живнува. Фала ти на советот за освежување, ќе ги попрскувам листовите отсега.