Јас ги бапнав на сонце. А гледам не им чини некако. Ама пишува "фул сан". Ако ги ставам на сенка со многу светлина (без директно сонце) ќе растат?
Да, да, за балкон зборам. На југозапад гледа, и тоа сонце што го има од 14-19 е баш јако. Баш ќе ги преместам кај што нема директно сонце, фала ти
Дали можам да пресадам од него? Не се разбирам многу во цвекиња Алое имам ама или споро расте или треба да сменам нешто, не е исушено ама некако како да не расте...
Ова колку што гледам е сукулент, со ножици исечи му гранче, очисти го малце од ливчиња да ти остане како стапче еден дел, брцни со прстот во земјата па стави го стапчето и стегни ја земјата околу него. Најдобро некоја песоклива земја, оти нејќат да се киснат во вода овие. Е сега за вакво густо, веројатно повеќе од едно стапче ќе треба. Ако не е сукулент, немам поима што да правиш, ама во суштина скоро сите несукуленти може да се раздели коренче за да се размножат
Имам спатифилиум веќе 8 месеци и досега беше супер на местото каде што седи , но сега кога почнаа жештините забележав дека почнува да се суши и ливчињата да му паѓаат надолу. Може помош како да го спасам, што да променам ?
Не сака многу вода и не директно на сонце. Можеш кога е за наводнување да му ги тушираш и листовите, јас кај мене како порасна да не го носам, листовите му ги поминувам со влажна крпа и супер е.
Дајте ми идеја за растенија што нема да ми замрзнат (повеќегодишни)? Во суштина сонце има само попладне баш, после 14 часот, до кај 18-19. Зимски љубичици ќе си посадам секако, ама тие до крај на мај си цветаат, а сакам и плус нешто повеќегодишно, може и џбунесто Ама за во саксија, да напоменам.
@orevokrsacka @Aztec @ALISA0000 и кој сака друг дечки, каде да најдам монстера? Или слично нешто, собно, фикусно такво, големо да расте (разгрането, не знам да објаснам) и да не сака баш директно сонце (светлина можам да му обезбедам, сонце да го пече не можам) Единствено ми е важно да не е отровно, ако решат мачориве да го вкусат
Незнам кај да те пратам по Скопјето да ја најдеш ич не сум загледала Да видам кај мене ако има ке ти пишам
Монстера ти е прав избор, и јас сум заљубена во такви џунглести растенија. Ама не знам каде има, кој прв види нека пише.
За сите љубители на цвеќе-од се по нешто имаа од 650 ден. и поскапи. Токсична е за миленици за жал. Можеш да разгледаш нолина, папрат, маранта, палма (Chamaedorea elegans)...не се баш како монстера ама не се отровни. Мачорите имаат навика да си каснуваат од другите растенија што ги имаш по дома?
Немаат, ама на пример љубичицата зимска едниот ја душкаше мислиш опојно мириса, а другиот сакаше да си касне по некој цвет И од кактусите си ги тријат брковите. А иначе не чепкаат, а цел балкон е со растенија. Ама шубе ми е.
Девојки ве молам совет за Алое. Го купив пред месец дена. Кога да го пресадам? Вода му ставам еднаш во неделата...