Од Меркур се азалеата и драцената, азалеата беше на 50% попуст (пошто малце поџгољава нели), драцената немаше попуст, ама некаде 220 денари беше. Останатото го купив од Happy Plant
Козле е, малце така нагоре доаѓа Најди ги на фејсбук, најубаво ќе видиш што има. Лани од нив што земав расад, навистина преубав беше. А јас тазе цвеќарка
Јас на пазар немам одено, вака купив обични 25 денари една, висечки 80. Ако некој знае за пазар и мене ме интересира.
Дома не ги чувам, на балкон, сакаат ладно тие, верувам дома ќе им е топло. На сончева позиција ги чувам, сега два пати неделно вода, кога баш ќе залади еднаш неделно, еднаш месечно прихрана им ставам. Цветаат до крај на мај, па и јуни, нормално како ќе се затоплува и почесто вода ќе сакаат. Еве слика од ланската, а подоле од оваа година, уште се бебиња а веќе почнаа плус нови цветчиња да вадат Ланска Од годинава бебињата
Сте саделе ли семе од љубичици?Ми донесоа, ама којзнае дали ќе го биде.На која температура, смее ли внатре да не е многу топло?И за лолку време никнува отприлика, да не испаднат за на пролет
Дечки, кај можам да најдам онлајн убај саксии? Имам еден куп цвеќина и сукуленти и сакам да си ги пресадам во поубај саксии. Барав нешто на инстаграм и фејсбук ама не најдов, ако некој знај продавница за такви работи онлајн многу ќе ми поможи оти мрза сум да шетам низ град за да барам
Цвеќево кротон како да го чувам? Го добив на подарок, ич не се разбирам. Колку вода, на светло или не? Еве слика од интернет, и моето е вакво само помало:
Драцена, сансиверија и кинески долар. Која од овие можам да ја тргнам од прозор да ја ставам во минимално осветлен дел?
Сансеверијата не бара светлина, отпорна е можеш и неа во потемно место. Мене 3 години ми стои во минимално осветлено коше само лето ја вадам на тераса 2 месеци
Кои други можат на минимална светлина? Не само од овие 3 туку воопшто? Имам мерак ама сум ограничена со место ради тодлер, фаќа се живо.
Кај мене и замијата е добра со минимална светлина, си пушта нови гранчиња често само во висина побавно расте. За други не знам, сансеверија и замија кај мене супер успеваат без светлина
Имам нова Монстера. Знам дека не и треба многу светлина, не знам во колкава саксија да ја пресадам. Ваква иста? Минимално поголема? Баш поголема? Знам дека Монстерата тера во ширина. Овде големите стебла и се врзани за стапчиња, дали ќе и смета ако ја оставам така или да ги одврзам и да ги пуштам слободно? Друго, дали ако го пресечам листов на пола ќе го биде или да го сечам цело гранче?