На хризантемите почнаа како да се собираат листовите, како да се суши. Како да ги спасам? Имаше црни бубачки и ставив прашок ама сеуште не се опоравува. Што всушност бара услови? Ги наводнувам преку еден ден, или треба секој ден?
Од многу вода е тоа, појди до земјоделска аптека земи некој препарат за прскање, и стави ги на посончево место убаво да се засуши почвата.
Не знам каде би можела да пишам, па да Ве прашам девојки, кое цвеќе е најсоодветно да се подари во знак на извинување?
шо цвеќе е ова? не можам да видам убаво? и колку шо забележав ти е исушено на врвовите од листот, тоа значи дека треба да го наводнуваш со флаширана вода или стоена вода минимум 24h.....и друга работа е да не го наводнуваш премногу често, подобро ден, два плус без вода, отколку многу често вода
Многу вода затоа е такво, ова цвеке кога има повеќе вода му се сушат листовите, а кога бара вода листовите надолу му спласнуваат.
Не ми се суши земјава дечки. А за цвеќе купена, таква. Зборувам за дома растенија, ги чувам во оние обичните саксии за расад оти највеќе дупки нели имаат па потоа во украсна.
Изгледа е лоша земјата, земи од друга фирма, пресади ги, вака има ризик да им скапе коренот ако тешко се суши земјата. Обично за салонските земав од Хубо, таа беше така попосна, па ја мешав со хумус. Некои се фалат дека купувале убава микс земја за цвеќиња на пазарче Буњаковец, ама не сум ја пробала.
Мене до сега најдобро ми се покажа еден најобичен тресет од локално дуќанче. А ова е на Валентин и уште една фирма друга земја, од Меркур/Алфи купувана.
Вид на драцена е. Им одговара потопла просторија. Залевање зимно време еднаш на 2 недели. Светлина да има, ама да не ја фаќа директно сонце.
Од што се појавува мувла врз земјата во саксија со цвеќе? Влажен воздух ? Не се наводнуваат често,првпат годинава забележав вака во неколку саксии,зборувам за собни растенија