1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Мене ми делува како да било без ич вода. Ај пробај вака, стави му убаво вода, една цела чаша отприлика, па види дали ќе има промена. Во принцип кога на некое цвеќе му ставаме вода на 2-3 недели, треба малку пообилно да се залие кога ќе му дојде редот, после чекаме убаво да се засуши земјата пред следното залевање. И нека биде на собна температура, не на ладно. И секогаш е важно саксијата да соодветствува со големината на цвеќето, да не биде преголема.
    .... Сега поубаво го загледав, може да е и скапано ако земјата била постојано влажна. Треба помала саксија за сукулентче со оваа големина. Пикни прст во земјата и процени како ти изгледа.
     
    Последна измена: 11 март 2023
  2. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.576
    Пол:
    Женски
    Земјата е сува, никогаш не ја остадов влажна. Еве сега го извадов да видам состојба на корен. 20230312_102402.jpg 20230312_102345.jpg
     
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Ништо, стави го во помала саксија, таа претходно како преголема изгледаше, и стави му убаво вода.
     
    На SelenaGomez му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    88.566
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа како скроз да е дехидрирано.
    Стави го во чаша со вода до утре и види како ќе реагира.Мислам дрка листовите ќе му се стврднат и ќе изгледа по свежо.
    После оваа засади го во мала саксија со дренажа и понехранлива земја,сукулент е изгуглај ќе видиш повеќе совети за земјата во која треба да се садат.
     
    На SelenaGomez и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Цвеќарки, што се однесува до дилемата за количеството вода за полевање на цвеќето, моето искуство вели вака: ако гледате дека на саксиското цвеќе му се смежуравени листовите, или здрави листови одненадеж масовно му отпаѓаат, тоа значи дека или цвеќето е удавено со вода, или умира од жед. За да дознаете која причина е во прашање, само пикнете прст подлабоко во земјата. Ако земјата е многу сува и во подолните слоеви, значи цвеќето е жедно, ставете му веднаш вода. Колку вода? Доволно за да истече малку вишок во тацната под саксија.
    Ако земјата е превлажна на допир, значи сте претерале со вода, или земјата е претешка и неадекватна за тој вид на цвеќе. Во тој случај пресадете го цвеќето во некоја попропусна, поквалитетна земја која содржи перлит ( регулатор на влажноста) . Во долниот дел од саксијата може да ставите покрупни камчиња за подобра дренажа.
    Исто така, водете сметка за големината на саксијата, таа мора да биде во склад со големината на цвеќето и неговиот корен.
    Моето искуство вели дека на мрежата не секогаш ќе најдете меродавни совети за одгледување на цвеќето. Кога ќе прочитам дека за сукулент се препорачува 2-3 пати ставање вода во една седмица, ми се крева коса. Па и лето да е, тоа е рецепт за пропаст.
    Ниедно саксиско цвеќе не сака толку често да биде давено со вода во толку краток период, но исто така не сака "подмочување" со неколку капки вода еднаш или два пати во месецот. Кога ставате вода, ставете убаво, па после можете и да го подзаборавивте некој период.
    Кога човек ќе стекне рутина и "зелени прсти", ќе успее да ја слушне потребата на нашите цветни миленици.
     
    На Doktor F, Merten, Lizi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    5.349
    Пол:
    Женски
    Дали може препорака за добри саксии за собни цвеќиња во однос на задршката на вода. Моите се затворени немаат тацна доле сигурно тоа има лошо влијание врз цвеќенцата.
     
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    16.880
    Пол:
    Женски
    Никако од тие препорачливо е со тацна.Си влече колку што му е потребно вода.
     
  8. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    5.349
    Пол:
    Женски
    Може некоја слика како препорака. Нигде не сум сретнала за собни цвеќиња саксии со тацна.Јас имам вакви
    A595D902-5150-47A9-8934-ACC5DE02443C.jpeg
     
  9. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.576
    Пол:
    Женски
    И јас имам вакви, сукулентите ми се во вакви и иако имаат внатре капаче пак им ставам камчиња за подобра дренажа. Од овие инаку истиве имам и со тацна која се вади кога ги вадиш и си ја враќаш назад. Во базаро има повеќе големини
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Smurff

    Smurff Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj ima iskustvo so navodnuvanje na orhidei?
    Citav na internet 1mesecno bilo dobro da se navodnat so aspirin i voda, ima nekoj probano
     
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Мене сите ми се во вакви и супер се мака немаат
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Ја имам калава 2 недели, ама цвртов почна да стува зелен и да се затвара.
    Ви ред е, или се суши? IMG_20230320_194434.jpg
     
  13. kloki

    kloki Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    141
    Здраво на сите
    Купив 2 орхидеи пред неколку дена и за прв пат одгледувам цвеќе. Стојат на даска од прозор југо-источно. Во прилог ви праќам слики, но орхидеите како да ми се сушат... Кога ѓи купив ги ставив во подлабок сад со стојана вода 24 часа, бидејќи ѓи купив од маркет и таму не биле наводнувани.
    Дали имате некој совет што да правам?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2710.jpeg
      IMG_2710.jpeg
      Големина на фајлот:
      249,9 KB
      Прегледи:
      24
    • IMG_2709.jpeg
      IMG_2709.jpeg
      Големина на фајлот:
      178,1 KB
      Прегледи:
      24
    • IMG_2708.jpeg
      IMG_2708.jpeg
      Големина на фајлот:
      243,8 KB
      Прегледи:
      23
    • IMG_2714.jpeg
      IMG_2714.jpeg
      Големина на фајлот:
      224 KB
      Прегледи:
      23
    • IMG_2713.jpeg
      IMG_2713.jpeg
      Големина на фајлот:
      158,7 KB
      Прегледи:
      23
    • IMG_2711.jpeg
      IMG_2711.jpeg
      Големина на фајлот:
      221,3 KB
      Прегледи:
      23
  14. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Имам палма средна големина и во земјата има бубачки кои летаат и се качуваат на листовите. Како да ги исчистам?
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    17.981
    Пресади ја.
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.561
    Пол:
    Машки
    Бубакил. Најдобро и најефикасно средство.
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    7.045
    Пол:
    Женски
    Кое од овие цвеќиња може да се чува на јужна страна на тераса?
     

    Прикачени фајлови:

  18. Smurff

    Smurff Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Navodni gi so dozdovnica ili pak voda i aspirin zaedno
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Купив Замија. Расте како луда :D Може ли да ја врзам на стапче за да не паѓа надолу?
    Каде наоѓате перлит за цвеќиња?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    https://eco-habitat.mk/
    Од сајтов купувам перлит, ѓубрива и сваштарии за цвеќињата.

    Имам една мала драцена, нешто почна да ми жолтее на врвот од листовите. Ќе внимавам како, кога, колку ја наводнувам периодов, но си мислам да не треба да ја преместам некаде кај што има подиректно светло. Не ми е ептен на изволте пред прозор, да не ми е тоа грешката?
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.