Da ne znaete kade mozhe da se kupi ova? Bonsai cvekje vo saksija shto lebdi magnetski, priklucheno vo struja. Ne go najdov vo online prodavnici
Ако на фикус листовите паѓаат надолу, што е проблемот? Со години го имам и опстана, не сакам да го упропастам...
Во тие долгнавестите боцнав 3 чепчиња висечки сардели, ама помали. Ако се поголеми коренчињата (претпоставувам од пазар купени се веќе поразгранети) тогаш 2 ,да имаат простор меѓу себе.
Имам замија од 8ми март,не ми е пресадена во купечката саксија стои ама веќе е изобличена од корењата а има и ново стебленце пуштено.Да ја пресадам ли? Ми е страв да не ја расипам. Најлесните растенија ми се најкомплицирани две замии имам расипано до сега
Имам каланхое веќе повеќе од година и кога го купив имаше многу убави розеви цветови, но кога се исушија ги скинав сите Е сега е уште убаво, ама нема трага од цветови/пупки, само лисјата се. Можно е ли да потераат?
Женски какви цвеќиња држите на балкони? Сакам да го средам. Нешто пто е лесно за одржување, немам премногу време. И дали имате некои висечки, на оградите на пример, да висат надоле? Кои ввеќиња би одговарале за јако сонце, а по можност и преку зима?
Јас годинава земав Сардели. Се мислев за петунии, ама сарделиве се некако поиздржливи. Инаку сакаат сонце и моиве се лозливи.