Незнам зошто, ама многу почнаа да се сушат лисјата, ставам вода еднаш неделно, незнам дали постапувам правилно? До прозорецот ми стои.
За почеток, јас би ги извадила камчињата. Тие држат влага во земјата, може тоа му смета. Нека "дише" земјата, а ливчињата можеш да ги прскаш со вода одвреме-навреме. Позицијата до прозор е супер, еднаш неделно вода е во ред. Ако земјата е многу влажна, остави прво да се просуши убаво.
Никогаш не ставам вода доколку земјата не е исушена, сега баш ја чистев и падна цела исушена гранка Иако имам ставено вода, може да ги прскам лисјата со вода? Фала многу, ќе ги тргнам каменчињата
Дали знаете каде може да се најде џуџеста маслинка? Онлајн по страниве никако да начекам, дали моежеби сте сретанле во некоја продавница?
Нова љубов , ги земав денес од Кам. Дали се брзо растечки да знам какви саксии да барам и на каква светлина да ги поставам ?
Денес решив да го пресадам спатифилиумот ама беше дехидриран,со паднати листови викам ај нема везе да не ми е влажна земјата ќе го средам па ќе ставам вода, го пресади кај 14 часот уште не му се вратени во нормала листовите ќе се вратат ?
Јас сум тотален почетник исто имам орхидеја на која и падна цветот, прашав во цвеќара ми рекоа дека е нормален процес да падне цветот и дека колку време стои цветот дупло повеќе и треба да процвета пак, ако листот е свеж, зелен нема потреба да ја фрлаш биди упорна може ќе процвета
Една помош... Во почвата, субстрактот, на орхидејата забележав ситни, брзи бубачина како сиви, бели. Шо се и како да се ослободам од нив? Дали да купам нов и да ја пресадам, расцветана е.
Зошто есенските, хризантемите ми се згужваа како да се сушат веќе? Не ми се садени во почва, во саксиите ги чувам во кои се купени. Ама нели е рано да се сушат, што гледам на слики кај некои баш убаво си тераат, и прихрана и ставам, редовно вода и ставам и не знам зошто вака. Скоро секоја година мака мачам со нив. Оваа година како ги фати дожд и почнаа да се расипуваат.
Здраво, Не се брзо растечки, ама сепак растат, ако им се погоди местото како луди. Најмногу сакаат полусенка, на прозор, ама и да не се до прозор нема да имаат проблем, баш се кул. Вода сакаат да на 7-10 дена, доза една чаша од 250мл им е доволна. Пресадување се врши во зависност од тоа колку пораснало цвеќето. Ако сакаш сега да го пресадиш, земи за нијанса поголема саксија, и тоа е тоа. Добра дренажа исто така е пожелна.
Zdravo feminki ,kako mozham da go oblikuvam isusoviot trn shto go imam ,sakam da bide nisko i zhbunesto a ne kako stap so stranichni granchinja
Дали има некој искуство со чување на бамбус, веќе неколку години го чувам ама не во вазна туку во стаклено шише од вода сега сакам конечно да купам вазна и да го преместам да земам стаклена или може ќерамичка?
Дали кога се исуши цветот на спатифилумот го сечете и ако да до каде (горе само цветот или скроз до долу гранчето цело)?