Тешко, обично само од нецветни стебленца се прави расад, ако ти е драг подарок, мој совет е да го средиш фино и да го исушиш како суво цвеќе.
Сакам жардињери на балкон, но сум на североисток. Какви цвеќиња би успеале? На лето сонце има до кај 12, 12:30 часот, а сакам некои со цвет.. не знам дали сарделите сакаат многу сонце
Дали почнавте со садење на цвеќе во двор и кои? Некако времето ми е сеуште никакво и не знам што би посадила а да не ми се расипе. Или сеуште е рано? Гледам по продавници веќе има, јас лани од април почнав со садење. Кои цвеќиња се издржливи на сонце сега да ги посадам па да тераат до доцна есен?
Порано било нормално да се даваат, поточно подаруваат гранчиња од цвеќиња. Ќе поминел некој, ако види некој во дворот ќе го праша, ќе се замуабетат и ем цвеќе, ем муабет, ем некогаш и ново пријателство. Сега многу пооттуѓени станаа луѓето и оваа пракса не само што ја нема туку луѓето се срамат заради тоа што пак овие можат да кажат „види ја оваа, наместо да купи....“ што е тотално погрешно зошто така опстојувале со години некои видови растенија. Затоа, многу ме радува кога ќе видам вака некој кога ќе пише и мораше да го споделам и овде и во сдк
Ајде помагајте. Совет кое цвеќе ќе истрпи на сонце цел ден. Значи терасата е на сонце и на најтоплото глава не се вади надвор. А сакам некое цвеќе убаво да си засадам.
Старска сардела (од хибридите тешко), бандерки (петунии) од старските, пркоси (лазибубиња), џунџулиња... Ова би бил мојот избор. Појдете сега во земјоделска аптека и купете си семе да си посеете. Најчесто едногодишните цвеќиња се најиздржливи.
Што и е на шефлерата, многу, малку вода, дали и треба повеќе светлина, незнам? Еднаш неделно и ставам вода и ја прскам неколу пати во тој период.
Изретчи ја водата, еднаш во две недели ставај. Јас и поретко и ставам, еднаш во три недели. Флитање со вода сака, еднаш неделно е доволно. И на светла позиција.
Pelargonium peltatum е уствари тип на сардела што трпи да е засенчена, исто можеш и водениче (Impatiens Balsamina).
Почни да се спремаш од годинава за наредната, мене ми се интересни Дигиталисот, како двогодишна, ако имаш сончеви места можеш да експериментираш со што сакаш. Ние до пред некоја година редовно садевме Дигиталис, Делфиниум, Антуринум, со нешто луковици есенски, момина солза е исто интерсна опција, ама рачунај дека дигиталисот и момината солза се отровни.(дигиталисот треба и со ракавици да го работиш, оти сокот може преку кожа да ти се апсорбира). Џунџуле, Градинарска ружа и останати ти се исто интересни опции, најдолго ти цветаат овие покрупните како дигиталис, антуриумот и најдолго цвета градинарската ружа (треба многу одржување). Невен исто можеш, фино изгледа а нема многу заебавање.
Здраво кактусов ми падна,и тие како "боцки" што се неколку се искршиле. Прашањето ми беше дали може да ми се исуши?