Шефлерата ја пресадив и живна, ама сега калатеата ми прави драма Од вчера почна преку ден да ги собира листовите и се рашири некако. Кај згрешив незнам? Ја пресадив и неа и ставив вода, ќе ја биде ли?
И јас ја имам оваа не знаев ниту како се вика. Кај мене како ја посадив не мрдна, кај тебе баш убава ми изгледа. Ај што не мрда и листовите некако како да се подзасушуваат. Што услови бара?
Замија не е за надвор да се насади. Јас и кога е топло не ја изнесувам надвор и супер си тера. На зима ако ја чуваш во ладна просторија ќе ти измрзне. Инаку се ептен лесни за чување дома, освен што не сакаат ниски температури. Таа е домашно цвеќе, и една од најлесните цвеќиња кои не бараат посебни услови.
Уште се мачам со неа и уште ја учам што и треба. Бара доста влага, флитање и вода. Ама ми е страв да не ми скапе и не и ставам доволно вода очигледно, деновиве и ми пожолтеа долните ливчиња. На почетокот многу убаво ми напредуваше и пушти и нови листови. Ако ја средам и ако и фатам ред ќе објавам. Сега без ред и ставам вода.
Дечки дали знаете кај нас кај има спагнум мов? Или сфагнум, како и да е. На англиски е sphagnum moss.
Сака сончева позиција неколку часа дневно, летно време нека биде надвор, или на тераса, зимно време на светло и поладно место. Кога ќе го пресадуваш, ако можеш да најдеш земја со поголема киселост, онаа за цитруси, и можеш да ја измешаш со обична купечка земја за цветници. Најинтензивно расте летно време, пред цветање, кај мене секогаш цвета јули-август. Мирисот на цветот е рајски. Зимно време стагнира. Стави некакви потпори за да се мота околу нив, бидејќи јасминот е ползавец. Летно време и некоја прихрана можеш да му ставиш.
Сега ова е мало 100 см е, има едни поголеми од скоро 3 м, се мислам дали да го купам 5000 ден е ама се плашам да не загине, џабе парите. Ова големото сакам во двор во земја да го посадам,што гледам на слики како разгранува убавини е. Мирисот му е фантазија
На ваков јасмин мислев, овој не издржува надвор зимно време. Тие што се за во двор, за нив немам искуство. Никако не давај многу пари за овој мадагаскарскиов јасмин што е за дома, ако таков сакаш, земи си помал и поефтин Ако угине, да не ти биде криво. На многумина не им успева да преживее подолго време.
Не, не е ваков мојот, мојот е за надвор. Убав е и овој, јас земав за надвор помал, се мислев многу од големиот да земам ама 5 000 ден се плашев да не се расипе не се малку пари а многу беше убав и преубаво мириса. Ваков е мојот..
Супер се и овие за надвор. Види прочитај што услови бара, сигурно не се многу комплицирани, често сум ги сретнувала по дворови, мирисаат преубаво.
Ако нема специјализирано, а најверојатно нема, затоа што бегониите се сега во цвет мислам и веројатно сакаш да цветаат повеќе и поубаво, тогаш нешто што е појако на фосфор и калиум, со релативно малку азот.
Здраво. Дали можеби некој знае дали на зелен пазар се продава цвеќе, садници, саксии и останато? Пример винки, петунии ? Покрај овие предлог за цвеќиња во саксии во двор кои би биле постојано на сонце, кои би издржале највеќе?
Сансеверија во саксија ми искарала 3 одделни перца со повеќе на трите места. Дали смеам да расадам едно во друга саксија? Се плашам да не ја расипам а баш е голема и густа.
Од што ми се вакви листовите, редовно вадена, во доволно голема саксија, не е под клима, не знам што да и правам вака почнаа листовите на краевите да се прават.