@anggell врвовите од ливчињата да не допираат до прозор? Инан читано за шољичка млеко да се стави но, не пробав. Мојата умаше чвркнати листови вака од допир со прозор. Ја, преместив и сега нема гајле, па затоа претпоставувам од тоа дека е.
Не, не е до прозор, има светлина ама не на директна. Вака почна па велам местото да не и одговара и го сменив и пак иста песна. Многу ќе ми биде криво ако се расипе, голема и убава беше.
Zdravoo mi treba pomos. Imam. Zamija zasadena pred 5-6 meseci. E sega sakam da ja presadam vo pogolem crep i da si tera ako bog da haha. Segasniot crep momentalno e okej ne e mn mal no ne i kako ovoj so sakam da presadam. Ima mesto seusetw bo ovoj no sakam da sadam i novi cvekinja pa toj crep kade sto e sega da fo oslobodam. Dali moze da presadam sega vo drug crep ?
Што да им ставам на есенските хортензии, само што ги купам веднаш во листовите се гужват, и почнуваат со некои црни бубачки и така секоја есен. А многу ги сакам, нема година да не полнам тараса со нив ама ми се расипуваат.
Здраво, Бидејќи не можам да се снајдам, ќе побарам совет овде од вас. Цвеќињава ми се многу убави , ама не можам некако да им најдам чаре како да не ги "умрам". Се изначитав на интернет, ако ги погодив точните називи на истите. Дали може да ми кажете каква нега и услови бараат? 1.Јука 2. Кала 3.Две јатрви
Хризантемите каде ви стојат? Се мислам местото да не им одговара, кај мене се во полусенка. Значи ептен ми е мака што ми се никакви, не знам како успевам да ги расипам само што стигнат дома, со другите цвеќиња сум ок. А баш сите велат овие дека се многу лесни за чување.
@flower30 Второто не е кала, мислам дека е рајска прица - стрелиција. По ливчињата на него ми личи, или едно што воопшто не пушта цвет туку зелени листови само тера. Ако е стрелиција тогаш сака индиректна светлина и вода кога е сува земјата. Ако е ова другово и да го заборавиш нема гајле. Трите јатрви ми е омилено од тие што цветаат. Имам и бело и црвено и розево Зимно време во просторија каде што не греам ги чувам т.е. по скали (во куќа дека сум). Имаат лукчиња и така се множат. Вода кога ќе им е сува земјата ставам. На пролет на балкон на југо-исток ги вадам. Имав негде постирано слики во темиве расцветани кога беа. @anggell Хризантеми имам и во двор и во саксии. На сонце се и си сакаат вода. Сега спремни се за цветање.
Леле ја ептен сум утнала значи Ми ги даваше вујна ми, јас и реков кала она вика еве и така За трите јатрви и тоа ми е "соберено" од вујна ми го чувам во дневна. Ама имам внатрешни скали и таму ќе го ставам. Фала ти премногу